УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“-СКОПЈЕ
 
ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИ ФАКУЛТЕТ
 
 ИНСТИТУТ ЗА ГЕОГРАФИЈА
Датум: 10/19/2014   English
Loading
Географијата го движи Светот - биди и ти Географ!!!...веб страница на Институтот за географија-една од најстарите високообразовни институции во Република Македонија...www.igeografija.mk

Почетна

За Институтот

       Општо

       Студии

       Стручен кадар 

Насоки

       Наставна 

       ГИС 

       Физичка географија 

       Демографија 

       Туризам 

Втор циклус

Трет циклус

Известувања

Изданија

Галерија

Линкови

 

ИГЕО-ПОРТАЛ

  КОНТАКТ:
  Гази Баба бб

  П. Фах 162
  1000 Скопје
  Република Македонија
  тел. 389 2 3249716
ПОСЕТИТЕЛИ
 
 


    ОПШТО ЗА ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА

Кратка историја

Организациона поставеност

Наставен кадар

Студиуми и студенти

Научна и апликативна дејност

Просторни услови

Техничка опременост

Библиотека

 

КРАТКА ИСТОРИЈА

 

Појавата и развојот на наставниот процес и научно истра-жувачката работа од областа на географијата на територијата на Република Македонија датираат уште од периодот на дваесеттите години на дваесеттиот век кога во Скопје постоел истурен оддел за географија, а наставата ја изведувале еминентни  професори од универзитетите во Белград, Загреб, и други.

Во повоениот период, на 16.12.1946 година започна наставата на обновената Катредрата по географија со етнологија во рамките на тогаш формираниот Филозофски факултет во Скопје. Во 1955 година Катредрата  по географија прераснува во Институт по географија. Со формирањето на Приридно математичкиот факултет во 1958 година, Институтот за географија се одвојува од Филозофскиот факултет и продолжува да работи во составот на Приридно-математичкиот факултет.

Во периодот од 1977 до 1984 година, во рамките на реформ-ските зафати на Универзитетот, Институтот по географија организационо е одвоен од Приридно-математичкиот факултет и функционира како самостојна работна организација-Географски факултет, во состав на Центарот за општествени науки при Универзитетот “ Св. Кирил и Методиј “ во Скопје.

Во 1985 година, со интеграција на петте постоечки факултети, беше обновен Приридно-математичкиот факултет и во рамките на него  Географскиот факултет е трансформиран во Институт за географија кој како таков егзистира и денес. Во рамките на него во 1985 година беа возобновени студиите по етнологија кои во ранг на завод за етнологија на Институтот за географија егзистираа до 2005 година кога на задоволство на истиот прераснаа во ранг на Институт за етнологија и антропологија. ѕ

 

 ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

 

    Организационата поставеност на Институтот за географија била таква што во почетокот од своето постоење во него немало оддели, меѓутоа по 1958 година веќе се формирани три заводи и тоа:

Завод за географија;

Завод за геологија и

Завод за етнологија.

    Во годините кога Институтот прераснува во факултет, овие заводи се укинуваат , за да при крајот на 1984 година повторно се формираат со нешто поинакви имиња. Целокупната работа на Институтот за географија денес се одвива преку три заводи:

Завод за физичка географија;

Завод за социоекономска географија; 

Завод за картографија и

Од областа на географијата денес е активна  само  наставна насока, а во осумдесеттите години егзистираше применета насока која во моментот е во мирување. Во 1986 година во рамките на Институтот по географија се отворени  четири годишни студии по етнологија.

Ваквата организациона поставеност овозможува Институтот нормално да функционира и со успех да ја извршува својата наставна, научна и апликативна дејност. Изведувањето на наставата на Институтот се врши преку предавања и вежби, кои во најголем дел се изведуваат во зградата на Приридно-математичкиот факултет. Во текот на студиите се изведува и теренска настава по повеќе предмети, согласно студиските програми, а заради подобрување на квалитетот на студирањето. ѕ

 

 НАСТАВЕН КАДАР

 

Што се однесува до наставниот кадар, тој постојано се зголемувал и надоградувал. Во 1946 година наставата ја изведувале четири наставници и тоа: д-р Атанасие Урошевиќ-вонреден професор, Јован Трифуноски-предавач, Бранислав Русиќ -предавач и Александар Малахов-предавач. Во учебната 1948/49 година бројот е зголемен за еден предавач - Часлав Стојадиновиќ, а во 1951 година бил примен и првиот асистент Гиго Милески. Во периодот 1956-1960 година кадарот се зголемил на 9 лица, подоцна на 14, а во првата половина на осумдесеттите години на 16 од кои 5 редовни професори, 1 вонреден, 4 доценти, 1 предавач и 5 асистенти. Во меѓувреме на Институтот за географија  работеле и држеле настава и вежби уште и: проф.д-р Тодор Кондев, Милош Павловиќ, д-р Владимир Маер, проф. д-р Иван Несторовски, д-р Митко Поптрендовски, проф. д-р Јордан Пенџерковски, проф. д-р Душан Манаковиќ, проф. д-р Митко Панов, проф. Јаким Синадиновски, проф. д-р Станко Станкоски, проф. д-р. Миливој Гашевски, проф. д-р Милорад Стојановиќ,  проф. д-р Љубе Миленковски, проф. д-р  Милош Константинов, проф. д-р Нијази Лиманоски, проф. д-р Васил Граматниковски, проф. д-р Васа Даскаловски, проф. д-р Мирјана Ѓоргиева, проф. д-р Томе Андоновски, проф. д-р Александар Стојмилов, проф. д-р Ѓорѓи Здравев, проф. д-р Крсте Богоевски,  проф. д-р Анета Светиева, доц. д-р Љупчо Ристески, доц. д-р Мирјана Мирчевска, доц. д-р Љупчо Неделков, м-р Даворин Трпевски, потоа како асистенти: Горица Шоптрајанова, Галаба Паликрушева, Никола Трипчев и Татјана Петковска.

Во моментот на Институтот за географија наставата ја изведуваат: проф. д-р Михајло Зиков, проф. д-р Драган Василески, проф. д-р Благоја Маркоски, проф. д-р Никола Панов, проф. д-р Ристо Мијалов, проф. д-р Драган Колчаковски, проф. д-р Мирјанка Маџевиќ, вонр. проф. д-р Олгица Димитровска, вонр. проф. д-р Ивица Милевски, доц. д-р Билјана А.-Тошевска, асис. м-р Свемир Горин, асис. м-р Милена Талевска и асис. м-р Иван Радевски за кои подетални информации се изнесени во прилогот за наставен кадар.

Во периодот на своето постоење Институтот постојано настојувал наставниците и соработниците да се усовршуваат со студиски престои и специјализации на разни институции во земјата и странство, како и преку постдипломски студии. ѕ

 

 

СТУДИУМИ И СТУДЕНТИ

 

    На Институтот за географија, студиите по географија стандардно ги чини една насока на која студентите се стекнуваат со титула дипломиран географ односно дипломиран профессор по географија. Во еден пократок период како посебни насоки егзистираа наставна и применета насока (која подолго време е во мирување). Така што во моментот на Институтот за географија егзистира само наставна насока како четиригодишни студии, организирана со студиски програми според европскиот кредит трансвер систем.

Институтот постојано е заинтересиран за осовременување на наставата и нејзино приближување кон европските стандарди, така да во учебната 2001/2002 година започна да се работи според нов наставен план кој завршува со учебната 2005/06 година. Така што од ученбата 2006/07 година ќе се работи според студиски програми организирани во согласност со принципите на Болоњската декларација односно според ЕКТС-Европскиот кредит трансвер систем.

На Институтот за географија како надградба на додипломските студии од 1976 година наваму егзистираат повеќе постдипломски студии као што се:

-постдипломски студиум по Просторно планирање,

-постдипломски студиум по Тематска картографија,

-постдипломски студии Географски основи на планирањето на туризмот и

-постдипломски студиум по Физичка географија.

 

    Првата генерација запишана во 1946 година броела 46 редовни студенти по географија, бројот на запишани студенти се зголемувал така што во средината на седумдесеттите години изнесувал околу 100 студенти. Но, подоцна заради рациона-лизација и со воведување на државната квота се запишуваат просечно по 50 до 100 студенти. Но, бидејќи има и вонредно студирање овој број може да биде и поголем.

На Институтот за географија во периодот од 1947 до 2006 година дипломирале околу 2000 студенти, магистрирале 55, а со титулата доктор на географски науки се здобиле 45 лица. ѕ

 

НАУЧНА И АПЛИКАТИВНА ДЕЈНОСТ

 

    Покрај наставно образовната дејност, се развива научно-истражувачката и апликативна дејност, при што дел од тие резултати се објавуваат во неколку научни и стручни списанија. Од членовите на Институтот се публикуваат три самостојни изданија: Годишен зборник-географија од кој досега има издадено 36 тома; Билтен за физичка географија -2 броја, Географски разгледи-40 тома и  Географски видик 6 броја.

Наставниците и соработниците активно учествуваат со реферати на бројни научни собири во земјата и странство, а Институтот заедно со Македонското географско друштво се јавува и како организатор на три Конгреси на географите од Република Македонија. Исто така извршени се повеќе истражувања и изготвени се повеќе комплексни студии и научноистражувачки проекти. ѕ

 

 ПРОСТОРНИ УСЛОВИ НА ИНСТИТУТОТ  ЗА   ГЕОГРАФИЈА

              

    Институтот за географија во рамките на Природно-математичкиот факултет располага со соодветен простор кој се состои од 2 амфитеатри, 4 училници, 6 лаборатории (за картографија, за геологија, за геоморфологија, за климатологија и хидрологија, за социоекономска географија и конпјутерска лабораторија),  19 кабинети и други помошни простории со вкупна површина од над 1200м2. Во нив се изведува основната функција на работењето како во смисла на непосредното изведување на наставата така во смисла на искористување на просториите и опремата за научноистражувачка и апликативна работа.

 

 ТЕХНИЧКА ОПРЕМЕНОСТ НА ИНСТИТУТОТ ЗА ГЕОГРАФИЈА

 

    Институтот за географија согласно со својот развој поседува и соодветна техничка опременост.

Училници се опремени со нагледна опрема од типот графоскопи, телевизори, видеа и ДВД-апарати со недостаток од 3 видеобимови за кои набавката е во процедура.

Наменските лаборатории се скоро целосно опремени со современа опрема и апаратура за разни наставно вежбовни активности и научно истражувачка и апликативна работа. Во тек е дооформувањето на компјутерската лабораторија.

Сите кабинети поседуваат соодветна опрема за индивидуална работа на вработените со што се создадени услови за перманентно осовременување на наставата на институтот.

    Институтот за географија е соодветно организиран за спроведување на теренски настави од секаков вид каде студентите се во можност непосредно да на терен да видат разни објекти, појави и процеси кои се предмет на проучување во географијата.

Заради задоволубање на своите потреби и поуспешно изведување на наставниот процес Институтот има опрема која континуирано се надоградува и осовременува. Институтот за географија располага со голема збирка на карти од околу 7000 примероци, кои  служат за изведување на наставата, како и за одредени научни потреби. Застапени се неколку комплети на ѕидни карти со различна содржина и просторен опфат во кои спаѓаат и специјални тематски карти. Освен тоа, Иститутот располага со неколку збирки на топографски карти во различен размер, со кои е опфатена територијата на Република Македонија.

Во рамките на Институтот за географија исто така егзистира пообемна минералошка, петрографска и збирка на бројни фосилни наоди од разни временско-геолошки периоди.

Компјутерската опременост на Институтот е релативно солидна, особено во поглед на бројот и видот на компјутерската опрема што се користи. Со нив е овозможена секојдневната работа на вработените, прецизна техничка работа во процесот на картографската технологија на работење и во сверата на издавачката дејност. На Институтот за географија се работи и на најновите технологии познати како ГИС географско информациски системи.

Бидејќи значаен дел од наставата се изведува на терен, Институтот за географија располага со бројна поситна апаратура која е на располагаже во процесите на наставата. ѕ

 

 БИБЛИОТЕКА

 

Во рамките на Институтот за географија како матична библиотека за географија, геологија и етнологија во рамки на НУБ народната и универзитетска библиотека функционира богато опремена библиотека со вкупен број од околу 19500 примероци од кои околу 6600 се монографски публикации, а околу 13000 се списанија. Во вкупниот книжен фонд покрај домашна, застапена е и странска литература, која би требало да се збогатува со нови изданија. Воедно, се врши размена со над 110 институции во земјата и странство. 

 

 

Во рамките на библиотеката институтот со кaпацитет од триесетина места егзистира современа читална, која студентите може да ја користат во сите работни денови.

Простории за студентски активности, има обезбедено во рамките на факултетот, но за разни потреби на студентите кординирано на располагање е било која просторија на институтот.

Сервиси за студенти ( копирање и укоричување, исхрана) се обезбедени во рамките на зградата на Природно математичкиот факултет. y

Страницата е ажурирана на 14.10.2011 година. Содржините се од информативен карактер. Сите права се заштитени.

Изработка и ажурирање на страницата: Ивица Милевски. Вашите сугестии и коментари можете да ги пратите на: ivica@iunona.pmf.ukim.edu.mk