Почитувани професори по географија

 

Управниот одбор на Македонското географско друштво на 20. 11. 2015 година одржа состанок на кој беа разгледувани и испланирани активностите на Друштвото во следната 2016 година. При тоа беше анализирана можноста за ажурирање на членството што е согласно Статутот за работењето на Македонското географско друштво и е чекор повеќе кон поквалитетна организација на настаните што секако е во корист на наставниците, учениците и секако географијата како наша матична наука.

За таа цел беа прифатени три вида на членарини и тоа:

Тип 1-Основно членство во износ од 500 денари

-        Членска евиденција и членска картичка

-        Пристап до информации на Македонско географско друштво

-        Присутво на собранија на Македонско географско друштво

-        Можност за учество на државни натпревари

-        Присуство на семинари на Македонско географско друштво и добивање сертификат

Тип 2-Членство плус во износ од 1000 денари

-        Сето од основно членство

-        2 броја од списанието Географски разгледи

-  Попуст од 10% за котизации за конгреси, симпозиуми и останати

стручни собири организирани од Македонско географско друштво

Тип 3-ВИП членство во износ од 1500 денари

-        Сите привилегии од основното членство

-        2 броја од списанието Географски разгледи

-  Попуст од 20% за котизации за конгреси, симпозиуми и останати стручни

Собири организирани од Македонско географско друштво

-        10% попуст на работилници во организација на Македонско географско друштво

-  Едно стручно географско издание по избор (учебник, билтен, зборник од конференција, симпозиум и др. )

-        10% попуст при организирано изведување на теренска настава

 

Членарините се на годишно ниво и исклучиво се плаќаат на жиро сметка на

Македонско географско друштво

Комерцијална Банка а.д. Скопје

Жиро сметка 300000001242218

Цел на дознака: членарина за 2016 година (да се потенцира и типот на членарина пр. Тип 1, Тип 2 или Тип 3)

напомена: уплатите се вршат од 1.01. 2016 година и би било пожелно да бидат уплатени во период од пет месеци од почетниот датум за уплата.

 

Почитувани професори и промотори на географијата, во заеднички интерес е да се поддржуваме взаемно и да ја продолжиме традицијата од скоро седумдесетгодишна соработка.

 

Со почит,

                                                               МАКЕДОНСКО ГЕОГРАФСКО ДРУШТВО

                                                                                                     ПРЕТСЕДАТЕЛ

                                                          Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска