Институт за географија при ПМФ - Скопје

ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ


д-р Ивица Милевски:
      ПРОГРАМА ПО ПРЕДМЕТОТ ТИС НА НАСОКАТА ТУРИЗАМ


Поим и значење на туристичкиот информациски систем

 

·         Што е туристички информациски систем (ТИС)

·         Поим за е-туризам

·         е-туризмот и современата технологија

 

Основни компоненти на компјутерскиот систем

·         Хардверски компоненти (централна единица, влезни единици, излезни единици...)

·         Софтверски компоненти (оперативен систем, апликативен софтвер...)

·         Оперативни системи (DOS, Windows, Linux, Ubuntu, Android...)

·         Кориснички софтвер (канцелариски, графички, кориснички, мултимедијален, комерцијален, слободен)

 

Мрежно поврзување и интернет

·         Општо за интернетот и неговиот развој

·         Пристап на интернет (начини на поврзување, етернет, модем, кабелски интернет, безжичен интернет wi-fi)

·         Интернет браусери (Chrome, Firefox, Internet Explorer)

·         Интернет пребарувачи (Google, Yahoo, MSN)

·         Интернет содржини

 

Основни канцелариски софтверски пакети и нивно користење во туристички цели

·         Видови на канцелариски софтверски пакети (Microsoft Office, Open Office)

·         Креирање на документи, флаери, постери (Microsoft Word)

·         Работа со табели и графикони (Microsoft Excel)

·         Креирање на презентации (Microsoft Power Point)

·         Работа со бази на податоци (Microsoft Access)

 

Основен графички софтвер

·         Цртање на векторска графика (Corel Draw, IncScape)

·         Преглед и манипулација со фотографии (IrfanView)

·         Обработка на фотографии (Adobe Photoshop, GIMP)

 

Е-туризам

·         Туристички веб страници и портали

·         www.booking.com – страница за избор и букирање на сместување

·         www.tripadvisor.com – страница за избор на туристички дестинации

·         www.edreams.com – страница за букирање на авионски карти

·         www.exploringmacedonia.com макеоднски туристички веб портал

·         travel2macedonia.com.mk – македонски туристички веб портал

·         Помошни веб страници потребни во туризмот

·         Wikipedia – слободна енциклопедија

·         Wikimapia – виртуелен атлас

·         Google Maps

·         Google Earth – мултимедијална карта на Светот

·         Изработка на туристичка веб страница (избор на тип на страница, сервер, локација, изработка на страницата, поставување, ажурирање)

 

ГПС уреди во туризмот

 

·         Поим за ГПС

·         ГПС уреди (рачен ГПС, ГПС навигација)

·         Користење на ГПС во туризмот (за планинарење, трекинг, патувања, навигација...)

 

ГИС во туризмот

 

·         Општо за ГИС

·         ГИС апликации

·         Примена на ГИС во туризмот

 

ЗАДАЧИ И ПРОЕКТИ

1.       Изработка на текстуална статија-флаер за промоција на некој познат светски туристички локалитет.

2.       Изработка на презентација за некој познат туристички локалитет врз основа на претходно направената статија.

3.       Изработка на промотивен графички приказ или фотографија за туристички цели.

4.       Поставување на статија за некој познат светски туристички локалитет на интернет.

5.       Електронска резервација на сместување и транспорт во некој познат туристички локалитет

6.       Електронско креирање на оптимална 8-дневна туристичка тура врз основа на податоците од интернет.

7.       Изработка на сопствена промотивна туристичка веб-страница.

8.       Изработка на база на податоци со евиденција на сместувачки капацитети за даден локалитет.

Упатство-терк за семинарска работа

рб

Опис на содржината што треба да се внесе

опфат

1.

Општо за веб-страницата (програмскиот пакет): општи карактеристики, од каде името, која фирма е изработувач, кратка историја, колку е користена страницата или програмата, колку е успешна, на кои платформи може да работи, кои се минималните компјутерски и софтверски барања, дали е бесплатна или комерцијална изведба. Колку е значајна веб страницата за туризмот и дали е вклопена Македонија во неа или пак има можности да се вклопи. Кои би биле придобивките од користењето на веб страницата или на софтверскиот пакет за туризмот.

околу половина страница. може да се користи икона или слика како прилог

2.

За што поконкретно може да се користи страницата (програмата): (да се наведат барем неколку позначајни сегменти за кои е наменета и тоа како поддточки)

околу половина страница

3.

Како може да се дојде до веб страницата или програмата?, дали е потребна некаква регистрација, дали треба да се плати или не, каков е пристапот, треба ли посебни услови за пристап или симнување (ако е софтвер)

неколку реда

4.

Инсталација и покренување (ако станува збор за софтверски пакет): како се врши инсталирање, колкава е големината на инсталацискиот фајл, што е карактеристично, дали може без инсталација. Како се покренува веб страницата (ако е веб страница), низ кои чекори треба да се помине.

неколку реда

5.

Работна околина (ако е софтверски пакет), односно изглед на веб страницата (ако станува збор за веб страница): како се наредени лентите, работното поле, има ли посебни икони и каде се поставени, како се поставени менијата. Дали е прегледна страницата или софтверот, дали лесно се пристапува кон командите, иконите и другите составни компоненти. Во овој дел може да се стават еден или два screen-shots на работната околина или на изгледот на страницата во вид на слики (со print screen копчето од тастатурата).

околу една страница. задолжително слика на работната околина

6.

Основни операции во веб страницата или наредби во софтверскиот пакет. Поставување на дестинации, прегледување на препораки (reviews), избори на производи и услуги, начини на плаќање, начини на трансакции, сигурност, прегледност. Основни наредби во софтверскиот пакет: отворање на документ, преглед, затворање, поставување на главни параметри.

околу три до пет страници со неколку снимки на екранот

7.

Заклучни согледувања за веб страницата (порталот) или за софтверот. Дали има некакви забелешки, дали има проблеми во функционирањето, колку успешно и лесно може да се користи и др.

половина страница