Articles Comments

Насловни

Настап на студенти на Институтот за географија при ПМФ во Скопје, на престижна работилница на НАСА и ЕСА

Настап на студенти на Институтот за географија при ПМФ во Скопје, на престижна работилница на НАСА и ЕСА

Во периодот од 5 до 9 септември 2022 година, во кампусот на Карловиот Универзитет во Прага, Република Чешка се одржа голема меѓународна работилница за новите технологии во далечинска детекција (RS-Remote Sensing), TAT-2022 (TAT-9). ТАТ (Trans-Atlantic-Training) претставува серија годишни работилници и курсеви за набљудување на Земјата (EO), организирани од 2013 година од страна на Националната аеронаутичка и вселенска агенција (NASA), Европската вселенска агенција (ESA) и Карловиот Универзитет во Прага, Чешка. Оваа година тренинг-курсот на ТАТ 2022 … Прочитај го целиот текст »

Најново

Неоткриена пештера во атарот на с. Лешани

Неоткриена пештера во атарот на с. Лешани

Пештерата позната под името Змија Дупка се наоѓа во котлината Дебрца, во атарот на с. Лешани или поточно на околу 2.5 km источно од Лешани пред месноста викана Бозоец. Пештерата се наоѓа на околу 930 м.н.в со координати 41°16’31’’ северна географска широчина и 20°53’30” источна географска должина. Оваа пештера е позната само меѓу локалните жители на с. Лешани и не е … Прочитај го целиот текст »

Оресундскиот мост кој ги поврзува Данска и Шведска

Оресундскиот мост кој ги поврзува Данска и Шведска

Во минатиот век, доколку некој сакал да патува со сопствено возило од главниот град на Данска-Копенхаген, до главниот град на Шведска-Малме, бил принуден да чека долго време. Но, почнувајќи од 2000-та година, со градењето на Оресундскиот мост времето на патувањето изнесува точно 15 минути. Мостот Оресунд е патна и железничка врска помеѓу Шведска и Данска. Должината на овој мост изнесува … Прочитај го целиот текст »

За пештерата Рамниште кај Прилеп

За пештерата Рамниште кај Прилеп

За време на спелеолошките истражувања од 2005 до 2007 година, во близина на Прилеп, истражувани биле пет пештери, од кои особено е интересна пештерата Рамниште. Оваа пештера е првиот примерок на пештери во Македонија која не се формирала врз компактна карпа (варовник), односно е кластокарстна пештера. Рамниште се наоѓа помеѓу селата Крстец и Оревоец, на западната страна на планината Козјак … Прочитај го целиот текст »

Интересни факти за пописите

Интересни факти за пописите

Според дефиницијата, попис претставува сложена статистичка операција на територија на една држава во еден даден момент. Преку пописите се создава јасна слика за бројноста на населението како и сите негови белези или со други зборови, се обезбедуваат информации за квантитативните и квалитативните показатели за населението. Преку оваа статистичка операција се добива приказ на бројното движење на населението, се согледува неговата полова … Прочитај го целиот текст »

Косел – поствулканска појава или не?

Косел – поствулканска појава или не?

Непосредно до селото Косел, во близина на градот Охрид, се наоѓа геолокалитетот Дувало. Овој геолокалитет јави големи дилеми меѓу околните жители, особено по долготрајните земјотреси во јули 2017 година кога поради исплашеноста на граѓаните излегоа најразлични претпоставки за настанувањето на тогашните земјотреси. Најголем дел од претпоставките беа дека причината за земјотресите е „активирање на вулканот во Косел“ , но во … Прочитај го целиот текст »

Успешно реализирана online работилница на светскиот бренд HERE Technologies  на Институтот за географија

Успешно реализирана online работилница на светскиот бренд HERE Technologies  на Институтот за географија

Во текот на вчерашниот ден, 31.03.2022 година, успешно се реализираше уште една работилница  помеѓу Институтот за географија при ПМФ и  познатиот светски бренд HERE Technologies. Работилницата се реализираше во рамките на предметот Глобален Позиционен Систем за студентите 3-та година, каде се вклучија и студентите од 4-та година, на студиите по насоката Географски Информациски Системи. Студентите се стекнаа со нови знаења … Прочитај го целиот текст »

Жените во високото образование

Жените во високото образование

По повод осми март, интернационалниот ден на жената, направена е анализа на учеството на жената во високото образование, поконкретно, на студентките на прв циклус на студии. Во овој кус осврт, акцентот е ставен на состојбите во Република Северна Македонија, но направена е споредба со други држави од Европа. Главната цел е да се пресмета процентуалното учество на студентките во вкупниот број … Прочитај го целиот текст »

Колку раселени и историски села има во Македонија?

Колку раселени и историски села има во Македонија?

Селото се дефинира како населено место со еднофункционално значење во кое преовладува една дејност, а атарот е со аграрна физиономија и функција (Закон за територијалната организација на Локалната Самоуправа во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/2004, 12/2005, 98/2008 и 106/2008)). Големиот број на војни кои што се одвивале на територијата на Македонија во периодот на првата половина … Прочитај го целиот текст »

„Негостопримливата“ Данакилска депресија во Етиопија

„Негостопримливата“ Данакилска депресија во Етиопија

Позната како „портата кон пеколот“ и „најсуровото место на Земјата“, депресијата Данакил се наоѓа во регионот Афар во северна Етиопија на повеќе од 100 m под нивото на морето и содржи некои од најпознатите вонземски пејзажи во светот. Не само што депресијата е едно од најтоплите места на Земјата, туку е и едно од најразновидните геолошки места на планетата. Етиопската … Прочитај го целиот текст »

Интересни факти за вулканот Етна

Интересни факти за вулканот Етна

Една од главните атракции на островот Сицилија е вулканот на планината Етна (највисокиот вулкан во Европа, на речиси 3329 m надморска височина), помеѓу градовите Месина и Катанија. Неговата геолошка историја започнува уште пред 350000 години, а прв пат за неговата ерупција се спомнува во книгата на грчкиот поет Диодорус Сицилус во 425 година п.н.е. Името Етна вулканот го добил од … Прочитај го целиот текст »

Мистериозниот „крвав“ водопад на Антарктикот

Мистериозниот „крвав“ водопад на Антарктикот

На Антарктикот, серија паралелни суви долини лежат помеѓу Росово Море и мразот на источниот дел на Антарктикот. Во сувите долини застапени на Антарктикот, има збир на езера покриени со мраз, од кои секое е хемиски различно од друго. Овие разлики ги предизвикале научниците да истражаат како се формирале езерата и како се менувале низ различни периоди од историјата на Земјата. … Прочитај го целиот текст »

Краток осврт на земјотресот во Лерин-Битола од 9-ти јануари 2022

Краток осврт на земјотресот во Лерин-Битола од 9-ти јануари 2022

Земјотрес или потрес на земјата е природна појава која настанува како резултат од поместувањето на тектонските плочи. Всушност, тектонските плочи постојано се движат и акумулираат енергија која наеднаш ја испуштаат и тогаш се појавува земјотрес. За да ги претставиме јачината и интензитетот на земјотресите се користат поимите хипоцентар, епицентар и скали за јачина и интензитет. Хипоцентар претставува точка на одредена … Прочитај го целиот текст »

Праисториската густина на населеност во Прилепско Поле и Пелагониската Котлина

Праисториската густина на населеност во Прилепско Поле и Пелагониската Котлина

Население и населени места Еволуцијата на популацијата во Прилепско Поле е тесно поврзана со општествено-историските услови во регион. Разни фактори во минатото влијаеле и врз демографските промени на населението и врз демографските елементи кои ги откриваат основните промени поврзани со социјалните, економските, етничките и други одлики на населението. На опфатената територија постојат 89 населени места, од кои 2 може да … Прочитај го целиот текст »

Изведена теренска настава до Катлановска Бања

Изведена теренска настава до Катлановска Бања

На 22 ноември 2021 година беше реализирана теренска настава на просторот на Катлановска Бања со студентите од Институтот за географија. Теренската настава беше организирана согласно наставната програма по предметите општа геологија со петрографија (за студентите на студии ои географија), бањски туризам и претприемништво (за студентите на насока туризам).Во рамките на теренската настава проф. д-р Ивица Милевски имаше предавање за геолошките … Прочитај го целиот текст »

Интересни факти за Белград

Интересни факти за Белград

01.10.2021 Белград е главен, но и најголем град во Србија, кој се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав. Овој град брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,6 милиони луѓе. Тој е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа по Истанбул, Атина … Прочитај го целиот текст »

Венеција – градот на вода!

Венеција – градот на вода!

01.10.2021 За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и „Огледало на душата“, „Кралица на Јадранот“, „Градот на вода“, „Градот на мостовите и каналите“… Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Се наоѓа на брегот на Северна Италија, отворена кон Јадранското Море. Венеција е главен град на регионот Венето, а областа помеѓу делтите на реките По и Пијав се нарекува … Прочитај го целиот текст »

Мегалополисот Мумбај!

Мегалополисот Мумбај!

22.09.2021 Пронајден 1668 год. тогаш познат како Бомбај, а од 1995 год. преименуван во Мумбај, денес претставува главен град на Сојузната држава Махараштра во Индија. Своето име според едни податоци, го добил од божицата на локалните риболовци „Мумба Деви“, која ги штитела нивните трговски интереси. Согласно податоците од Соединетите држави, во 2018 година Мумбај е втор најнаселен град во Индија, и … Прочитај го целиот текст »

Поречки Манастир – Боженствена убавина и мир на падините на планината Добра Вода

Поречки Манастир – Боженствена убавина и мир на падините на планината Добра Вода

21.09.2021 Секогаш кога ќе се спомне областа Порече, меѓу првите асоцијации се мир, спокој, таинствена, недопрена и живописна природа. Природата во Порече била особено дарежлива и на областа и подарила мноштво од раскошна убавина (повеќе за природата на Порече). Покрај широко познатите убавини, во областа Порече се среќаваат повеќе уникатни културно – историски објекти и старини. Старините или археолошките локалитети се … Прочитај го целиот текст »

Мистерија на Париските Катакомби – царството на мртвите!

Мистерија на Париските Катакомби – царството на мртвите!

20.09.2021 Тунелите под Париз биле оригинално создадени во 12-тиот век, кога била изградена Богородичната црква (Нотр Дам). На жителите им овозможувале патека под метежот на градот, преку која ќе стигнат до црквата. Во текот на доцните години од 18-ти век, цела улица се срушила, и открила што се криело под неа. Градската управа решила да ги доизгради тунелите, и секој да … Прочитај го целиот текст »