Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Archive

Езерото Блед – бисерот на Словенија!

Езерото Блед – бисерот на Словенија!

10.11.2017 На само 50 km северозападно од Љубљана и на околу 25 km јужно од Австрија, се наоѓа градот Блед. Станува збор за мал град со совршена местоположба – на падините на планинскиот венец Јулиски Алпи. Во непосредна близина се наоѓа и прекрасното Бледско Езеро. Езерото Блед се наоѓа на надморска височина од 2.120 m. Езерото има широчина од 1.380 m, а максималната длабочина изнесува околу 30 m. Ова езеро има тектонско потекло, а последното ледено доба … Read entire article »

Filed under: По Светот

Гиторн – „Холандската Венеција“

Гиторн – „Холандската Венеција“

6.11.2017 Холандија е позната по своите канали, цвеќиња, воденици, како и богатата историја. Во северниот дел од Холандија се наоѓа селото Гиторн (на холандски – Giethoorn), кое е необично и нетипично за разлика од другите села. Она што го прави Гиторн необично е тоа што во селото не постојат патишта, туку канали со вода. Во селото нема изградено никаква патна инфраструктура освен канали кои се оспособени за пловење со чамци. Така, жителите на Гиторн мора да пловат … Read entire article »

Filed under: По Светот

Викенд предлог: Бигорски Манастир и „Куќата на Мијаците“

Викенд предлог: Бигорски Манастир и „Куќата на Мијаците“

04.11.2017 Во Националниот парк Маврово, на падините на планината Бистра, веднаш над реката Радика, во близина на селото Ростуше, на патот помеѓу градовите Гостивар и Дебар, се наоѓа манастирот „Свети Јован Бигорски” кој е посветен на светиот Јован Крстител. Манастирот е изграден од обработени блокови бигор. Подигнат бил во XI-тиот век, но оттогаш неколкупати бил опустошуван, пален и разрушуван до темел. Единствено иконата на Св. Јован Крстител останала неуништена и сeуште е зачувана. Сегашниот манастирски храм датира од крајот … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Според најновите истражувања на НАСА, Месечината некогаш имала атмосфера

Според најновите истражувања на НАСА, Месечината некогаш имала атмосфера

29.10.2017 Ново истражување на НАСА, извршено од страна на научниците Debra Needham и David Kring покажува дека пред 3 до 4 милијарди години околу Месечината била создадена атмосфера, кога интензивни вулкански ерупции исфрлале гасови на површината. На Месечината, може да се забележи како темни површини од вулкански базалтен камен пополнуваат големи кратерски долини. Овие базалтни „мориња“ еруптирале кога Месечината била сè уште жешка и создавала изблици од магма кои понекогаш ја пробивале нејзината повшина и течеле … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Бања Банско, азотна терма и воздушно лекувалиште

Бања Банско, азотна терма и воздушно лекувалиште

16.10.2017 Струмичка бања или уште позната под името Бања Банско се наоѓа 12,5 километри југоисточно од Струмица, на источниот крај од селото Банско. Термоминералните извори се во самото подножје на планината Беласица, помеѓу реката Дерман од запад, планинската коса Манастир од исток и рамното Струмичко Поле – месноста Кокошинка од север. Бањските објекти се изградени на речната тераса создадена од Дерманска Река, на надморска височина од 270 m. Од овде се протега прекрасна глетка кон поголемиот … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Теренски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

Теренски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

14.10.2017 На 6 октомври 2017 година, од страна на Македонско географско друштво беше организиран теренски семинар за професорите по географија на просторот на Кочанската Котлина. Освен главното предавање од проф. д-р Александар Стојмилов посветено на ДЕМОГРАФСКИОТ И ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ РАЗВОЈ НА ГРАДОТ КОЧАНИ, попатно професорот Стојмилов говореше за природно-географските и социо-економските карактеристики на просторот низ кој се одвиваше патувањето, со што беше збогатена едукативната содржина на семинарот. На просторот на градот Кочани учесниците на семинарот имаа можност да … Read entire article »

Filed under: Наставни

NovaSAR-S, нова генерација на сателити наменети за Далечинска детекција

NovaSAR-S, нова генерација на сателити наменети за Далечинска детекција

10.10.2017 Облаците и ноќта се најголемите пречки при собирање на просторни податоци со Далечинска детекција. Новата генерација на сателити ќе го надмине овој проблем. На овие сателити ќе биде инсталиран сензор кој ќе ги користи микробрановите (радарските) зраци, кои без никаков проблем стигнуваат до површината на Земјата, независно од периодот на денот, временските услови и т.н. Финансиите потребни за изградба на ваков тип на сателити не се многу големи, оттаму сателитите се вбројуваат во групата на … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Влијанието на дрвјата врз животната средина

Влијанието на дрвјата врз животната средина

8.10.2017 Најчесто садиме дрвја поради разубавување на просторот, подобрување на просторниот амбиент или за искористување на нивната сенка (како природен “чадор за сонце”). Сепак, позади садењето дрвја се кријат голем број придобивки. Од нив, најголем благодет има животната средина преку: намалување на аерозагадувањето, намалување на температурата на почвата, намалување на брзината на ветровите и т.н. Во продолжение, ќе наведеме конкретни примери, за тоа како дрвјата влијаат врз подобривање на животната средина: Тие ја намалуваат температурата на воздухот. Процесот … Read entire article »

Filed under: На тема

На Институтот за географија за прв пат одбранети две дипломски работи за користење на дронови во далечинска детекција

На Институтот за географија за прв пат одбранети две дипломски работи за користење на дронови во далечинска детекција

8.10.2017 Модерниот и динамичен начин на живот на човекот го доведува до соочување со најразлични природни и антропогени процеси за кои е потребен пристап до бројни информации и податоци. За таа цел, неопходно е истражувања на нови технологии за различни проблематики. Пред неколку години, на Институтот за географија е воведена нова насока ГИС (географски информациски системи) каде што покрај останатите стручни предмети се изучува и предметот далечинска детекција. Далечинска детекција е методологија и технологија на собирање на дигитални … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Во понеделник, Европската вселенска агенција започнува со бесплатен онлајн курс за далечинска детекција

Во понеделник, Европската вселенска агенција започнува со бесплатен онлајн курс за далечинска детекција

5.10.2017 На 9 октомври 2017 година (понеделник), Европската вселенска агенција ESA (Europe Space Agency) почнува со голем бесплатен онлајн курс наречен Echoes in Space, посветен на запознавање и практична работа со радарски сателитски снимки. Курсот не е ограничен временски, односно секој заинтересиран учесник ќе може да ги следи предавањата и вежбите согласно со неговото слободно време. Регистрацијата е веќе отворена за секој кој е заинтересиран да научи нешто повеќе за користењето на радарските снимки за мониторинг … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Како ураганите ги добиваат имињата?

Како ураганите ги добиваат имињата?

26.09.2017 Изминативе недели, ураганите беа во фокуст на вниманието. Се започна со Харви, кој зад себе остави илјадници луѓе без “кров над глава” и штета која е проценета на над 150 милијарди долари. По него следуваа ураганите: Ирма, Хозе и Катија, во моментов актуелен е ураганот Марија, додека Ли е во фаза на формирање. Доколку имињата на ураганите ги напишеме на латиница (Harvey, Irma, Jose, Katia, Lee, Maria),  и доколку ги земеме само првите букви од нивните … Read entire article »

Filed under: На тема

Сеизмичка опасност со осврт на сеизмичката активност во Охридското епицентрално подрачје во периодот јуни-јули 2017 година

Сеизмичка опасност со осврт на сеизмичката активност во Охридското епицентрално подрачје во периодот јуни-јули 2017 година

25.09.2017 Во периодот јуни-јули 2017 година, Охридското епицентрално подрачје манифестираше сеизмичка активност изразена преку серија на слаби до умерени земјотреси чие траење и повторување предизвика вознемиреност кај локалното население и туристите. Со оглед на разните изјави, толкувања, па и предвидувања кои се појавија во медиумите, сметаме дека ни е обврска, но и должност да ги споделиме релевантните и научно поткрепени сознанија со кои располагаме како експерти на ресорно задолжени институции од областа. Информациите кои ги доставуваме … Read entire article »

Filed under: На тема

Харви и Ирма – најразорни урагани кои ја погодија Америка во последниот век!

Харви и Ирма – најразорни урагани кои ја погодија Америка во последниот век!

10.09.2017 Источниот брег на САД и Карибите, секоја година се погодени од серија на силни деструктивни урагани, кои нанесуваат големи материјални штети од неколку десетици милијарди долари и голем број на човечки жртви. Ураганите Харви и Ирма се појавија во кратки временски периоди креирајќи ги најголемите тропски бури во последната деценија. Но што всушност се случува и како дејствуваат ураганите? Речиси 90% од серијата на тропски бури и урагани настануваат над Атлантскиот Океан западно од државата Сенегал … Read entire article »

Filed under: По Светот

Примена на дроновите како средство за интервенција при земјотреси

Примена на дроновите како средство за интервенција при земјотреси

6.09.2017 Дроновите се моќна технологија. Иако беспилотните летала полека навлегуваат во секојдневниот живот, во послабо развиените земји, нивното комерцијално користење сеуште е на многу ниско ниво. Луѓето обично сметаат дека станува збор за играчки кои се употребуваат за рекреација или платформи за камери кои се користат за снимање на свадби и други прослави, меѓутоа вистинските можности се далеку поголеми. Во однос на посериозните намени, до пред неколку години беспилотните летала се применуваа само за воени потреби, како … Read entire article »

Filed under: На тема

Дроновите стануваат неопходност за детекција, мониторинг и гаснење на шумските пожари!

Дроновите стануваат неопходност за детекција, мониторинг и гаснење на шумските пожари!

13.07.2017 Високите температури и слабото количество на врнежи кои се очекуваат во текот на ова лето на Балканот, па и во Република Македонија, ја зголемуваат можноста за појава на шумски пожари. Пожарите предизвикуваат огромни материјални штети и може да да настанат како резултат на намерно или ненамерно дејствување на човечкиот фактор или од природни влијанија. Најчести причини за настанување на пожарите се: отворен оган и зажарени тела, ослободување на топлина при триење, самозапалување, природни појави, хемиски … Read entire article »

Filed under: На тема

Зошто земјотресите можат да бидат толку убиствени?

Зошто земјотресите можат да бидат толку убиствени?

7.07.2017 Секоја година, приближно околу 60 000 луѓе страдаат во природни катастрофи. Само во периодот од 2000 до 2009 година, со природни катастрофи биле погодени две милијарди луѓе ширум светот. Притоа природните катастрофи го зголемиле својот интензитет и фрекфенција, што делумно се должи на климатските промени и на зголемената урбанизација. Земјотресите имаат најголем придонес во вкупниот број на жртви предизвикани од природни катастрофи. Toa најчесто е поради слабата асеизмичност на конструкциите на објектите. Според Светската банка, најголемиот број … Read entire article »

Filed under: На тема

Закинтос – островот на забавите и прекрасните плажи!

Закинтос – островот на забавите и прекрасните плажи!

2.07.2017 Закинтос е трет по големина јонски остров во Грција со должина од 40 km, широчина од 20 km и површина од 405 km кв. Бреговата линија на овој остров има должина од 123 km, а највисоката точка е врвот Врахионас со 758 m. Од главното копно е оддалечен близу 20 km, односно може да се стигне само со траект или друг вид на пловно средство. Климата на Закинтос е многу пријатна, со топли зими (со просечни … Read entire article »

Filed under: По Светот

Холандија – земја на полдери!

Холандија – земја на полдери!

11.06.2017 Полдер е Холандско име за исушените делови на плиткото море кои се претворени во плодно обработливо земјиште за производство на земјоделски култури. Полдери всушност претставуваат парцели нa „ново земјиште“ кои се наоѓаат под морското ниво, а се заградени со насипи. Холандија е класична земја за полдери, земја која во текот на целата своја историја се борела со морето. Поради силните бури и страшните поплави, жителите многу често морале да ги напуштаат подрачјата околу брегот и да се преселуваат кон внатрешноста. … Read entire article »

Filed under: По Светот

10 интересни факти за Прага, еден од најубавите градови во Европа!

10 интересни факти за Прага, еден од најубавите градови во Европа!

1.06.2017 Пред 30 години, Прага била голема мистерија за светските патници, но денес е една од најатрактивните туристички дестинации во Европа. Околу 4 милиони луѓе го посетуваат градот секоја година и тоа со причина. Магична, мистична, прекрасна се само дел од атрибутите кои Прага, главната престолнина на Република Чешка, со сигурност ги заслужува. Сместена во срцето на Европа, плени со својата специфична архитектонска традиција, а воедно претставува и значајна раскрсница на која се среќаваат уметници и … Read entire article »

Filed under: По Светот

Државен натпревар по географија во организација на Македонско географско друштво, Скопје 2017

Државен натпревар по географија во организација на Македонско географско друштво, Скопје 2017

8.05.2017 На 5 мај 2017 година во организација на Македонско географско друштво беше одржан 39–от државен натпревар по географија. Тестирањето и целокупните случувања се реализираа на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Оваа година конкуренцијата беше голема. Се натпреваруваа 323 ученика од кои 261 ученика од основните училишта и 62 од средните гимназиски и стручни училишта во Македонија. Натпреварот се одвиваше во пријатна натпреварувачка атмосфера, а победија секако најдобрите. Првите три места меѓу натпреварувачите од основните училишта ги освоија … Read entire article »

Filed under: Географски вести