Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Archive

Петте најголеми мориња во светот

Петте најголеми мориња во светот

21.3.2018 Mоре преставува водна повшина на Земјата, која е во меѓусебна врска со останати водни површини еднакви или слични по физичките и хемиските својства. Морињата припаѓаат на петте океани: Атлански, Индиски, Тихи, Јужен и Северен Леден Океан. Морињата можат да бидат средоземни (помеѓу континентите), внатрешни (во континентите), рабни (кои ги следат рабовите на континентите) и затворени. 1. Филипинско море Филипинското Море е маргинално море источно и североисточно од Филипините. Неговата површина изнесува 5,688,163 km2, морското дно е 5,718,199 km2, волуменот на водата е 24,785,853 km3, додека … Read entire article »

Filed under: По Светот

Барселона – бисерот на Медитеранот

Барселона – бисерот на Медитеранот

15.3.2018 Барселона, вториот по големина град во Шпанија, се наоѓа на медитеранскиот брег помеѓу реките Љобрегат и Бесос. Градот лежи во североисточниот дел на Пиринејскиот Полуостров. Плажите во градот се најдобро место за одмор и релаксација. Нова Икарија, Богател, Мар Бела и Нова Мар Бела се некои од најпосетените туристички плажи. Барселона има годишна просечна температура од околу 16⁰С. Иако летото во Барселона може да биде многу жешко и нивото на влажност може да се зголеми до … Read entire article »

Filed under: По Светот

Почина брилијантниот физичар Стивен Хокинг

Почина брилијантниот физичар Стивен Хокинг

14.3.2018 На 76 годишна возраст почина легендарниот физичар Стивен Хокинг. Стивен Вилијам Хокинг бил роден на 8-ми јануари 1942 година, во Оксфорд, Англија. Стивен Хокинг е познат по својата извонредна работа за црни дупки и релативитет. Црна Дупка претставува регион во универзумот, каде што има силна гравитација, поради која, за било која материја, невозможно е да го напушти местото. Дури ни светлината, ниту најмалиот објект не можат да излезат од нејзиниот дофат. Оваа појава е наречена „позиција … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Лидо ди Јесоло – Убавина на Јадранот

Лидо ди Јесоло – Убавина на Јадранот

10.3.2018 Лидо ди Јесоло е летувалиште во североисточна Италија, на Јадранското Море, во близина на Венеција. Се наоѓа во близина на северниот крај на венециската лагуна. На почетокот на дваесеттиот век, Јесоло била мала и незначајна копнена населба долга околу 500 метри во регионот Венето. Сега таа е долга 15 km, со ситен и светло кафен песок и бистра вода со температура од 16 степени. Големите песочни плажи, редови лежалки и ноќна забава привлекуваат илјадници туристи секое … Read entire article »

Filed under: По Светот

Бањски туризам – Катлановска бања

Бањски туризам – Катлановска бања

3.3.2018 Катлановска Бања е еден од најпознатите бањски центри во Република Македонија. Бањата се наоѓа во долниот тек на реката Пчиња, над селото Катланово, на надморска височина од 230 m. Од Скопје е оддалечена околу 25 km, а околу 9 km од Меѓународен Аеродром Скопје. Оваа бања е една од најпосетуваните бањи за жителите од Скопје и скопската околина. Исто така, бањата е посетена и од туристи, а посебно во викендите кога доаѓаат да ја посетат и воедно да … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Кристалната Пештера во Дебар

Кристалната Пештера во Дебар

17.2.2018 На патот помеѓу бањата Косоврасти и Дебар, се наоѓа Кристалната Пештера. Ова природно богатство се наоѓа во рудникот „Кнауф”, а локалните жители го нарекуваат Кристална Пештера. Градот Дебар, како еден од ретките градови со наоѓалишта на гипс во нашата држава, го нуди ова место кое располага со убаво развиени и впечатливи кристали. Причина за формирање на чистите и цврти кристали се изворските термални води, кои истовремено се и причина за остриот мирис на сулфурот.  Повеќе илјадници години … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Десетте најчудни планети во Вселената

Десетте најчудни планети во Вселената

15.2.2018 Во 1994 година е откриена првата планета надвор од нашиот сончев систем. Александар Волцџан забележал невообичаени варијации во сигналот на пулсарот познат како Бета Пикторис, докажувајќи постоење на три планети во орбитата. Од ова откритие, откриени се најмалку 1.888 екстрасоларни планети, што доведе до револуција во начинот на кој научниците ја разбираат планетарната формација – па дури и еволуцијата на универзумот уште пред 13 милијарди години. Истражувањата за ѕвезди, планети и вонземски живот доведе до … Read entire article »

Filed under: Вселена

Десет причини зошто да се посети градот на луксузот – Дубаи

Десет причини зошто да се посети градот на луксузот – Дубаи

12.2.2018 Дубаи е најголем град во Обединети Арапски Емирати (ОАЕ). Градот има 2.5 милиони жители (2016).  Тој се наоѓа на брегот на Персискиот залив. Дубаи е член на ОАЕ и е втор по големина од седумте Обединети Арапски Емирати. Големината е синоним за Дубаи, бидејќи продолжува да ги гради првите најголеми конструкции во светот. Динамиката на Дубаи се менува со постојана желба да изгради нешто подобро и поголемо од претходното.  Најголем дел од населението се од … Read entire article »

Filed under: По Светот

Прилепско Езеро – излетнички туристички локалитет со голем потенцијал

Прилепско Езеро – излетнички туристички локалитет со голем потенцијал

11.2.2018 Општина Прилеп се наоѓа во централниот дел од јужното подрачје на Република Македонија. Го зафаќа Прилепското поле кое го сочинува северниот дел од најголемата котлина во Македонија – Пелагонија, Тројачката Котлина и подрачјето на градот Прилеп. Според пописот на населението од 2002 година, во градот Прилеп кој е центар на oпштината, на површина од 1.916,39 hа живеат 73.351 жители, со густина на населеност од 137,1 ж/hа. Прилеп е познат како „Градот под Марковите Кули“ – локалитет … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Можности за комерцијална примена на беспилотни летала во Република Македонија

Можности за комерцијална примена на беспилотни летала во Република Македонија

25.1.2018 Соочувајќи се со предизвиците на модерното општество човекот секојдневно се соочува и со општествени проблеми за кои е потребно време, напор, работен тим, средства и уреди. Поради тоа што беспилотните летала овозможуваат полесно и поефикасно справување со зададените проблеми, тие се моќна алатка со чија примена се добиваат ефикасни резултати. Малите беспилотни летала се моторизирани беспилотни воздушни возила. Се управуваат со помош на далечински управувач од страна на навигатор кој се наоѓа на земја на стотици … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Колку тектонски плочи постојат?

Колку тектонски плочи постојат?

25.1.2018 Тектоника на плочи е геолошка теорија која го објаснува поместувањето на Земјината кора од поголеми размери. Теоријата ја вклучува и воедно ја заменува постарата хипотеза за придвижување на континентите, која датира од првата половина на 20 век. Концептот за ширење на морското дно (спрединг) е развиен во текот на 1960-тите. Горниот дел на Земјината површина се состои од два слоја. Надворешниот слој се нарекува литосфера, а внатрешниот дел се нарекува астеносфера.Литосферата е разделена на т.н. литосферни плочи (тектонски плочи). Постојат седум главни и неколку помали плочи. Литосферните … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Разорен земјотрес ја погоди Алјаска

Разорен земјотрес ја погоди Алјаска

23.1.2018 Пред околу час и половина, Алјаска ја погоди разорен земјотрес со магнитуда од 7.9 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 256 km југоисточно од Чињак, на длабочина од 10 km. Досега имало 5 афтершокови, од кои еден од 7.0 и еден од 5.0 степени по Рихтер. Ситуацијата може да се следи овде. Локалните жители се предупредени дека можна е појава на цунами. Исто така, можно е цунами да ги погоди бреговите на Бритиш … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Колку аеродроми има во Република Македонија?

Колку аеродроми има во Република Македонија?

20.1.2018 Познато е дека на територијата на Република Македонија има 2 аеродроми за меѓународен воздушен сообраќај. Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Освен нив, во Р. Македонија има уште неколку аеродроми кои се со различна намена. Според Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ), мрежата на аеродроми во Р. Македонија е класифицирана во 3 категории, и тоа: Аеродроми за меѓународен воздушен сообраќај; Спортски аеродроми; Леталишта за авиони на стопанска авијација. Како што и претходно е споменато, во … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Што претставува терминот „Црна Дупка“?

Што претставува терминот „Црна Дупка“?

19.1.2018 Црна Дупка претставува регион во универзумот, каде што има силна гравитација, поради која, за било која материја, невозможно е да го напушти местото. Дури ни светлината, ниту најмалиот објект не можат да излезат од нејзиниот дофат. Оваа појава е наречена „позиција од која нема враќање“ (анг. “position of no return”). Црните Дупки се карактеризираат со можноста да ги притиснат материите во границите на многу мал простор. Тие не може да се видат, затоа што истите … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Интересни факти за нуклеарната енергија

Интересни факти за нуклеарната енергија

13.01.2018 Терминот „нуклеарна енергија” најчесто се поврзува со многу негативности кои имат штетно влијание врз животот на луѓето, како што се оружјата за масовно уништување, радиоактивноста, радиоактивниот отпад и слично. Негативностите силно ги притискаат позитивните придобивки, недозволувајќи им да испливаат на површина. Нивната озлогласеност помеѓу народот е голема – толку многу голема што преминува во страв. Нуклеарните катастрофи кои се случиле во минатото дополнително го разгоруваат тој страв. Покрај тоа, неспорно е дека нуклеарната енергија е најголем … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Каде би излегле ако ископаме бунар до другиот крај на Светот?

Каде би излегле ако ископаме бунар до другиот крај на Светот?

11.01.2018 Деновиве добивме интересно прашање: каде би излегле ако ископаме извонредно длабок вертикален бунар на некое место во Македонија? Одговорот на ова прашање е релативно едноставен. Со оглед на тоа што Земјата има приближно топчеста форма, замислениот бунар би излегол на спротивниот крај на топката, односно за разлика од 180°. Бидејќи Македонија се наоѓа на околу 41° с.г.ш и 21,5° и.г.д., тоа значи дека замисленото дно на бунарот (поточно „излезот“) би било на околу 41° ј.г.ш. и … Read entire article »

Filed under: Активности, Географски вести, По Светот

Ангелски Водопад – највисокиот водопад во светот

Ангелски Водопад – највисокиот водопад во светот

11.01.2018 Ангелски Водопад (шпански: Salto del Ángel) се наоѓа во висорамнините Гвајана, еден од големите авантуристички региони во Венецуела. Водопадот се наоѓа во Националниот Парк „Канаима“. Паркот се наоѓа во југозападниот дел на Венецуела, јужно од реката Ориноко во регионот Гран Сабана од сојузната држава Боливар. „Канаима“ на 12 јуни 1962 година бил прогласен за национален парк. Паркот има 3 милиони хектари, што го прави второ по големина заштитено подрачје во Венецуела и шесто место во светот. Фасцинантниот свет … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот, Природник...

Една од најубавите европски метрополи – Виена

Една од најубавите европски метрополи – Виена

05.01.2018 Виена е главен град на Република Австрија и е една од деветте сојузни покраини на државата. Виена се наоѓа во североисточна Австрија, блиску до Словачка, Чешка и Унгарија. Градот има население од 1,753 милиони жители и моментално е најголемиот град во државата, а претставува и нејзин културен, економски и политички центар. Дури 49% од жителите се католици, 26% се атеисти, 7,8% се муслимани, 6,0% се православни христијани, 4,7% се протестанти, 0,5% се евреи, 6,3% припаѓаат на друга вероисповед или не се заведени. Градот Виена … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Што е „Огнениот Прстен“ и каде се наоѓа?

Што е „Огнениот Прстен“ и каде се наоѓа?

05.01.2018 „Огнениот Прстен“ се протега по краевите на Тихиот Океан, во должина од околу 40.000 km, во вид на потковица. Оваа „линија“ името го добила поради големиот број на вулкани кои се наоѓаат тука. Всушност, дури 450 вулкани, односно, околу 75% од активните вулкани на Земјата се наоѓаат во овој регион. Само 3 од 25те најсилни вулкански ерупции кои се случиле во последните 11.700 години, не се случиле во „Огнениот Прстен“. Некои од најпрепознатливите вуклани во … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Најдлабоката точка на планетата Земја – Маријанскиот Ров

Најдлабоката точка на планетата Земја – Маријанскиот Ров

29.12.2017 Додека илјадници алпинисти успешно го искачиле Монт Еверест, највисоката точка на Земјата, само 3 луѓе се спуштиле до најдлабоката точка на планетата – Маријанскиот Ров. Се наоѓа на дното од Тихи Oкеан, околу 340 km југоисточно од островот Гуам, помеѓу Јапонија и Нова Гвинеја. Наречен е по островот Маријан, кој се наоѓа околу 100 km западно. Маријанскиот ров има длабочина од 10.994 m, долг е 2.542 km, а широк 69 km. Маријанскиот Ров за првпат бил истражуван во 1951 … Read entire article »

Filed under: По Светот, Природник...

Advertisment ad adsense adlogger