Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Archive

Рејкјавик – градот кој чади, но не загадува!

Рејкјавик – градот кој чади, но не загадува!

05.11.2017 Градот Рејкјавик се наоѓа на островот Исланд и претставува еден од најинтересните, највпечатливите и најпосетените градови во “Земјата на мразот и лавата“. Градот е сместен во заливот Факсафлои, кој се наоѓа во југозападниот дел на островот. Името на градот Рејкјавик всушност е произлезено од неговата местоположба, залив во чија близина има термални извори кои испаруваат т.е. “чадат“, оттаму зборот Рејкјавик во превод значи “Залив на чадот“. Рејкјавик се наоѓа на 64° северно од екваторот и … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Централните Шарпланински езера – Боженствена убавина која треба да се посети!

Централните Шарпланински езера – Боженствена убавина која треба да се посети!

04.11.2017 Во Република Македонија се среќаваат околу 50 – тина глацијални езера. Најмногу глацијални езера има на Шар Планина. Во делот на територијата на Р. Македонија,  Шар Планина има 27 глацијални езера, од нив 19 се постојани, а 8 се повремени езера. Во оваа прилика ќе се запознаеме со големите глацијални езера кои егзистираат во централниот дел на Шар Планина, околу врвот Бристовец или Бориславец (2675 m). Боговинското Езеро се наоѓа помеѓу врвовите Бристовец (2675 m) и врвот … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Географија на танците

Географија на танците

27.06.2017 Државите ширум светот уште во минатото така и денес, освен по јазикот и писмото така и по начинот на танцување се оделуваат од другите држави и народи. Таквите танци се развивале со години најчесто како резултат на верски и племенски обреди во разни облици и утврдени движења. Така во многу држави, народот со танцување запаѓал во транс за да може да комуницира со боговите. Во Европа традиционалните танци водат потекло од верските обичаи, а играњето е во вид на … Read entire article »

Filed under: На тема

Западна туристичка магистрала

Западна туристичка магистрала

14.06.2017 За нашата држава, Република Македонија, може слободно да се каже дека претставува простор каде речиси секој дел од нејзината природа содржи или има посебна впечатливост и привлечност. Па така, во оваа статија ќе се обидеме да опишеме еден дел од тоа, односно во продолжение ќе стане збор за една сообраќајница која се вбројува во категоријата на една од најинтересните од туристичка гледна точка, а тоа е сообраќајницата или патниот правец Скопје-Маврово-Струга (долг 205 km), односно … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Интересни карпести (денудациони) форми на планината Беласица

Интересни карпести (денудациони) форми на планината Беласица

Планината Беласица е позната по бројните водопади (Колешинскиот, Смоларскиот, Габровскиот, Ѓаволскиот, Разиграениот итн.), но оваа планина е богата и со бројни карпести (денудациони) форми во вид на чашки, корита, остенци, прозорци итн. Таквите интересни форми се среќаваат во најголем дел источно од Валандово на западната падинска страна од 500 м.н.в., па се до највисокото планинско било.  Настанати се како резултат на физичките и хемиските влијанија врз гнајсните карпи, како и селективната ерозија на овие карпести … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

ИЗЛЕЗЕ НОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ЕВРОПСКАТА ГЕОГРАФСКА АСОЦИЈАЦИЈА, ЕГЕА СКОПЈЕ (ИЗСГ ПРИРОДНИК) НА РЕКОРДНО НАЈВИСОКО МЕСТО!

ИЗЛЕЗЕ НОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ЕВРОПСКАТА ГЕОГРАФСКА АСОЦИЈАЦИЈА, ЕГЕА СКОПЈЕ (ИЗСГ ПРИРОДНИК) НА РЕКОРДНО НАЈВИСОКО МЕСТО!

03.12.2016 ЕГЕА или Европската географска асоцијација на студенти и млади географи, секоја година го вреднува трудот и работата на своите ентитети (географски друштва), а за таа намена  издава своја ранг листа. Оваа ранг листа, покрај тоа што служи како еден вид на мотивација за географските друштва, да се трудат и работат многу повеќе, има за цел да ја определи распределбата на поволностите кои ги дава ЕГЕА, претежно се работи за распределба на местата за учество на … Read entire article »

Filed under: Природник...

Одржан ЕГЕА семинарот за географските друштва од Јужна Европа, на кој беше и ЕГЕА Скопје

Одржан ЕГЕА семинарот за географските друштва од Јужна Европа, на кој беше и ЕГЕА Скопје

23.11.2016 Во периодот од 11.03.2016 – 13.03.2016 во Анкаран, Словенија се одржа семинар од ЕГЕА, наменет за контакт личности од Евромедитеранскиот дел на Европа (Јужна Европа). Овој семинар беше организиран од страна на ЕГЕА Копер, односно од Географското друштво на студенти и млади географи од Копер. Главна тема на семинарот беше работата на контакт личностите и ентитетите, како истите да си ја олеснат, но и да се усовршат во работата. На овој семинар од Македонија, односно ЕГЕА … Read entire article »

Filed under: Природник...

Ел Хиеро – уникатна убавина од Канарските Острови

Ел Хиеро – уникатна убавина од Канарските Острови

14.11.2016 Островот Ел Хиеро или  познат уште како Исла дел Меридијано се наоѓа во Атланскиот Океан во близина на Африканскиот континент и претставува дел од архипелагот на Канарските Острови. Ел Хиеро е најзападниот, а воедно и најмалиот од големите Канарски Острови. Од островот Тенерифе е одалечен  110 km, а од главниот град на Канарските Острови, градот  Санта Крус де Тенерифе се наоѓа на  170 km.  Иако, Ел Хиеро е лоциран во непосредна близина на Мароко и Западна … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Перчулица – непозната и ретко посетена планина

Перчулица – непозната и ретко посетена планина

08.09.2016. Република Македонија иако е мала по својата територија (25.713 km2) има толку многу планини и планински ограноци што понекогаш е многу тешко да се одреди од каде започнува една, а каде завршува друга планина или планински огранок. Но, не секогаш сите планини и ограноци се претставени и презентирани, разбирливо се врши еден вид генерализација (селекција) се со цел читателот да не се доведе до забуна,  а воедно на поедноставен начин да се претстават планинските масиви. … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Реката во која има „се“ освен ЗЛАТО

Реката во која има „се“ освен ЗЛАТО

31.08.2016 Анска Река (во изворишниот дел Башибоска Река), настанува со спојување на реките Калдрма Дере и Чамдаш Дере, во близина на селото Башибос, па оттаму доаѓа и името на овој дел од реката. Името Анска Река доаѓа по тоа што во нејзиниот тек од XVIII и XIX век имало повеќе анови кои служеле за одмор на караваните кои патувале за Солун и Струмица. Бидејќи притоката Калдрма Дере има подолг водотек, се зема како изворно продолжение на … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Постојнска Јама – волшебната пештера

Постојнска Јама – волшебната пештера

5.08.2016. Постојнска Јама или пештерата Постојна се наоѓа во југозападниот дел на Република Словенија, во самата близина на градот Постојна. Пештерата има поволна географско – сообраќајна положба, бидејќи е лоцирана во непосредна близина на железничката пруга и автопатот E 61, кој води од Љубљана кон Копер. Пештерата Постојна претставува сложен пештерски систем формиран од четири пештери, Постојнска Јама, Пивка Јама, Црна Јама и Магдаленска Јама. Во геолошки поглед пештерата е формирана вдолж два раседа. Од една страна … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, По Светот

Убавините на областа Порече

Убавините на областа Порече

01.05.2016 Областа Порече или просторот кој денес го зафаќа општината Македонски Брод се наоѓа во западните делови на Република Македонија. Поточно областа се протега во средниот тек на реката Треска. Долината на реката Треска е пробиена помеѓу мошне високи планини и наликува на високо распостранета котлина, односно басен. Басенот на Порече на југ е ограничен со планината Бушева, на запад е загреден со планинскиот венец составен од планините Песјак, Челоица (Добра Вода –  2.061 m) и Сува … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Пештерата Су Кујусу

Пештерата Су Кујусу

25.04.2016 Во југоисточниот дел на Р. Македонија над селото Севендекли (општина Дојран) под врвот Боскија 720 м.н.в., се наоѓа пештерата Су Кујусу или во превод „Дупка со вода“. До самиот отвор на пештерата не води никаква патека, а и самиот пештерски отвор е делумно сурнат па влегувањето е отежнато. Пештерата досега не била истражувана па затоа не е евидентирана во научната литература. Во јануари оваа година од моја страна заедно со тим од планинарското друштво „Југ“ беа … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Теренска настава до Китка, предводена од ИЗСГ Природник

Теренска настава до Китка, предводена од ИЗСГ Природник

 04.04.2016 Новиот управен одбор на ИЗСГ Природник или Егеа Скопје, го организираше својот трет терен на планината Китка. Теренската настава беше реализирана во период од 25.03.2016 год. до 27.03.2016 год. Присуствуваа 12 студенти, од кои тројца дипломирани географи и тројца дипломирани туризмолози. Нашата идеја беше да ја посетиме планината Китка која се наоѓа југоисточно од Скопје. Имено, авантурата започна во претпладневните часови, каде со автобуски превоз стигнавме до населба Драчево каде не чекаше организиран превоз. Нашата … Read entire article »

Filed under: Природник...

„Прстенски Водопади“- убавина која треба да се види

„Прстенски Водопади“- убавина која треба да се види

На само 10 km од Валандово веднаш до селото Прстен се наоѓаат три прекрасни водопади. Претставуваат ерозивни водопади, а се формирани како резултат на нееднаквото вертикално всекување на Прстенска Река во филитите и песочноците. Првиот Водопад е со висина од 16,5 m, а го сочинуваат два вертикални одсека. Првиот е со висина од 5,5 m и уште еден одсек со висина од 11 m. Двата вертикални одсека се поделени со џиновски лонец, а заедно сочинуваат една … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Зошто да не се отвори рудник во Валандовско!?

Зошто да не се отвори рудник во Валандовско!?

Валандовската Општина го зафаќа југоисточниот дел на Република Македонија. Во целост е сместена во Валандовската Котлина, која иако од сите страни е заградена со планински гребени, благодарение на долината на реката Вардар и на доминантните превои кон Струмица, Дојран, таа е лесно пристапна и комуникативна, не само со соседните котлини, туку и за многу поширок географски простор. Функционалната поврзаност на општината е условена од природните услови, од една страна, а од друга од социо-економските фактори. … Read entire article »

Filed under: Отворено...

Теренска настава до селото Папрадиште, предводена од ИЗСГ Природник

Теренска настава до селото Папрадиште, предводена од ИЗСГ Природник

По подмладувањето на ИЗСГ Природник (ЕГЕА Скопје), новиот управен одбор го организираше својот прв терен во велешското село Папрадиште. Организатори на ова патување беа подпретседателот Симона Божиновска и благајникот Магдалена Димитриевска. Теренската настава се одржи од 06.04.2015год. до 08.04.2015год. Присуствуваа 14 студенти, тројца дипломирани географи, и двајца гости од Република Чешка. Новиот терен го започнавме од железничката станица во с.Богомила каде со такси се упативме кон с.Папрадиште, а таму не дочека снежна прекривка која на … Read entire article »

Filed under: Природник...

Демографска слика на Пелагонискиот Регион, со посебен осврт на природниот прираст во периодот од 2003 до 2013 година

Демографска слика на Пелагонискиот Регион, со посебен осврт на природниот прираст во периодот од 2003 до 2013 година

29.01.2015 Република Македонија за потребите на географијата, демографијата, статистиката, како и на многу други научни дисциплини, може да се диференцира на повеќе региони. Во согластност на релјефот, но и на населеноста, во Р. Македонија може да се издвојат осум региони, и тоа: Полошки, Скопски, Североисточен, Источен, Југоисточен, Вардарски, Пелагониски и Југозападен Регион. Ваквата поделба на 29.09.2009 е официјализирана со закон во Собранието на Р.Македонија. Инаку, регионите се определени се со цел да се овозможи еден полесен … Read entire article »

Filed under: На тема

Вевчанските природни планински езера

Вевчанските природни планински езера

Планината Јабланица (Црн Камен, 2257 m) се наоѓа во крајниот југозападен дел на Р.Македонија, односно северозападно од Охридскиот Басен, помеѓу Охридската и Дебарската Котлина. Во рамките на границите на нашата држава се наоѓаат источните делови на истоимената планина, а нејзините западни делови припаѓаат во границите на соседната Р.Албанија. На источната страна на оваа наша убавица, покрај многубројните природни карактеристики и реткости со кои изобилува, се наоѓа и населбата Вевчани во чиј атар се наоѓаат повеќе значајни … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

ЧИЛЕ – ЗЕМЈАТА ПОМЕЃУ АНДИТЕ И ТИХИОТ ОКЕАН

ЧИЛЕ – ЗЕМЈАТА ПОМЕЃУ АНДИТЕ И ТИХИОТ ОКЕАН

Чиле или според официјалниот назив Република Чиле, се наоѓа во југозападот дел на Јужна Америка. Чиле претставува држава која се простира во еден тесен појас помеѓу високите Анди на исток и Тихиот Океан на запад. Таа е изолирана со високите планини – Анди и се наоѓа во еден од најзапоставените делови на Јужна Америка. Ваквата положба условува Чиле да има стабилни границите и да остане во својата природна целина. Чиле се граничи со Перу на … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Advertisment ad adsense adlogger