Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Природник…

Младински едукативен камп “Вртешка 2018“

Младински едукативен камп “Вртешка 2018“

17.01.2018 Во периодот од 10.01.2018 до 13.01.2018 во организација на Планинарскиот клуб „Македон“ и Истражувачко здружение на студенти географи „Природник“, сe реализира едукативен камп за ученици и млади во планинарскиот дом Вртешка на прекрасните падини на мистичната планина – Плачковица. Програмата беше реализирана под водство на тројца искусни наставници и планинарски водичи: Петар Ивановски, Александар Кирковски и Дарко Стојчески . Главна цел на овој камп беше да ги однесеме младите во природа на чист воздух, но и истите … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

ИЗЛЕЗЕ НОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ЕВРОПСКАТА ГЕОГРАФСКА АСОЦИЈАЦИЈА, ЕГЕА СКОПЈЕ (ИЗСГ ПРИРОДНИК) НА РЕКОРДНО НАЈВИСОКО МЕСТО!

ИЗЛЕЗЕ НОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ЕВРОПСКАТА ГЕОГРАФСКА АСОЦИЈАЦИЈА, ЕГЕА СКОПЈЕ (ИЗСГ ПРИРОДНИК) НА РЕКОРДНО НАЈВИСОКО МЕСТО!

03.12.2016 ЕГЕА или Европската географска асоцијација на студенти и млади географи, секоја година го вреднува трудот и работата на своите ентитети (географски друштва), а за таа намена  издава своја ранг листа. Оваа ранг листа, покрај тоа што служи како еден вид на мотивација за географските друштва, да се трудат и работат многу повеќе, има за цел да ја определи распределбата на поволностите кои ги дава ЕГЕА, претежно се работи за распределба на местата за учество на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

Одржан ЕГЕА семинарот за географските друштва од Јужна Европа, на кој беше и ЕГЕА Скопје

Одржан ЕГЕА семинарот за географските друштва од Јужна Европа, на кој беше и ЕГЕА Скопје

23.11.2016 Во периодот од 11.03.2016 – 13.03.2016 во Анкаран, Словенија се одржа семинар од ЕГЕА, наменет за контакт личности од Евромедитеранскиот дел на Европа (Јужна Европа). Овој семинар беше организиран од страна на ЕГЕА Копер, односно од Географското друштво на студенти и млади географи од Копер. Главна тема на семинарот беше работата на контакт личностите и ентитетите, како истите да си ја олеснат, но и да се усовршат во работата. На овој семинар од Македонија, односно ЕГЕА … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

Теренска настава до Китка, предводена од ИЗСГ Природник

Теренска настава до Китка, предводена од ИЗСГ Природник

 04.04.2016 Новиот управен одбор на ИЗСГ Природник или Егеа Скопје, го организираше својот трет терен на планината Китка. Теренската настава беше реализирана во период од 25.03.2016 год. до 27.03.2016 год. Присуствуваа 12 студенти, од кои тројца дипломирани географи и тројца дипломирани туризмолози. Нашата идеја беше да ја посетиме планината Китка која се наоѓа југоисточно од Скопје. Имено, авантурата започна во претпладневните часови, каде со автобуски превоз стигнавме до населба Драчево каде не чекаше организиран превоз. Нашата … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

Еуромед за прв пат во Македонија!

Еуромед за прв пат во Македонија!

17.03.2016 Настанот „Еуромед“ претставува регионален конгрес кој се организира во рамки на ЕГЕА (Европска географска асоцијација на студенти и млади географи). Оваа година конгресот ќе се организира по 18 – ти пат, за прв пат во организација на ЕГЕА Скопје. Поточно  ИЗСГ Природник (Истражувачко здружение на студенти географи), оваа година ќе биде домаќин на Евромедитеранскиот географски конгрес, или повеќе познат како Еуромед кој ќе се одржи во периодот од 04.05.2016-08.05.2016 година во нашиот и балканскиот Ерусалим, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, Природник...

Теренска настава до селото Папрадиште, предводена од ИЗСГ Природник

Теренска настава до селото Папрадиште, предводена од ИЗСГ Природник

По подмладувањето на ИЗСГ Природник (ЕГЕА Скопје), новиот управен одбор го организираше својот прв терен во велешското село Папрадиште. Организатори на ова патување беа подпретседателот Симона Божиновска и благајникот Магдалена Димитриевска. Теренската настава се одржи од 06.04.2015год. до 08.04.2015год. Присуствуваа 14 студенти, тројца дипломирани географи, и двајца гости од Република Чешка. Новиот терен го започнавме од железничката станица во с.Богомила каде со такси се упативме кон с.Папрадиште, а таму не дочека снежна прекривка која на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

Одржан вториот дел од размената на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана

Одржан вториот дел од размената на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана

 Во текот на 3 – тата седмица од месец октомври (17/22.10.2013) се одржа вториот дел од размената  на студенти  помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана. За разлика од првиот дел на овој дел домаќин беше Егеа Скопје. Во текот на шесте дена од размена на студенти посетивме повеќе места од нашата мила Татковина. Размената ја започнавме со посетата на Институтот за Географија при ПМФ  – Скопје, каде следеше воведно предавање за Р. Македонија од страна … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

Одржана петтата географска Балканијада

Одржана петтата географска Балканијада

Во периодот од 30.09.2013 до 04.10.2013 се одржа петтата Балканијада,по втор пат во организација на Егеа Загреб (Клуб на студентите по географија – Загреб). Претходно географскиот семинар ,,Балканијада“ кој е дел од европската географска асоцијација – ЕГЕА се има одржано во Ластово – Хрватска (во организација на Егеа Загреб, 2009 год), Крањска Гора – Словенија (Егеа Љубљана, 2010 год), Овчар Бања – Србија (Егеа Белград, 2011 год) и на Пелистер – Македонија (Егеа Скопје, 2012 … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

Размена на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана, прв дел во Словенија

Размена на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана, прв дел во Словенија

 Од 13 до 18 април 2013 година, се одржа првиот дел од размената на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Љубљана. Станува збор за шесттатаразмена на студенти на која организатор е ,,ИЗСГ Природник‘‘ (Егеа Скопје), по втор пат во соработка со студенти од Љубљана.  Претходно,  ,,Егеа Скопје‘‘ има организирано размени со Нови Сад (2005 и 2010/11), Загреб (2005/06), Љубљана (2009) и Белград (2012).  Имено, на сегашната размена учествуваа вкупно 12 студенти, по 6 од Македонија … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

Теренска настава до Тиквешкото Езеро предводена од ИЗСГ Природник (Егеа Скопје)

Теренска настава до Тиквешкото Езеро предводена од ИЗСГ Природник (Егеа Скопје)

17.03.2013 Од 8 до 10 март, ИЗСГ Природник (Егеа Скопје) организираше теренска настава на Тиквешкото Езеро.  И овој пат со нов предизвик и ново место, а како наше ново стационарно место беше  една викендичка на западниот брег од Тиквешкото Езеро. Поточно локацијата на викендичката се наоѓа во заливот на реката Дреновица, во северниот дел од Тиквешкото Езеро. Локација која години наназад ги примамува Кавадарчани па и пошироко, па затоа од година во година се повеќе изникнуваат … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

ИЗСГ Природник за прв пат на пл. Плачковица

ИЗСГ Природник за прв пат на пл. Плачковица

13.12.2012 Од 7 декември до 9 декември ИЗСГ Природник (Егеа Скопје), организираше теренска настава односно мотивационен викенд на планината Плачковица.  Овој пат целта ни беше да пробаме и искусиме нешто ново.  Изборот беше  на планинарскиот дом Вртешка, во истоименото село,  кое од неодамна е иселено.  Инаку селото Вртешка се наоѓа на штипскиот дел од пл. Плачковица, а истото од градот Штип е одалечено 33 км. Домот се наоѓа на надморска височина од 1.080 м и има … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

8 ГОДИНИ ЕГЕА СКОПЈЕ

8 ГОДИНИ ЕГЕА СКОПЈЕ

1.12.2012 Се започна во учебната 2003/2004 година кога група на студенти од 4-та година, помогнати од професори и асистенти од Институтот за Географија, одлучија да формираат друштво на студенти географи.  На првиот состанок (15.03.2004) од страна на 9 студенти-географи (Арсова.А, Колев.М, Ангеловска С, Јовановска Е, Петров З, Петковски Т, Николиќ А, Тасков А и Јовевска Н.) одлучено е друштвото да се именува како ИЗСГ ПРИРОДНИК (истражувачко здружение на студенти географи – Природник), чие седиште ќе биде … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

Одржана четвртата Балканијада во националниот парк Пелистер, Македонија

Одржана четвртата Балканијада во националниот парк Пелистер, Македонија

ЕГЕА – Балканијада или Балканијада во рамки на ЕГЕА (Европска географска асоцијација), претставува манифестација – собир на студентите географи од западниот Балкан. Балканијада е манифестација која од година во година се повеќе се шири и со сигурност станува еден вистински семинар. Гледано во историски поглед, Балканијадата нема долга традиција, претставува нова манифестација чии почетоци датираат од пред 3 години (од октомври 2009 – тата год.), кога на хрватскиот остров Ластово за прв пат беше одржана. … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

Евромедитерански регионален конгрес (EMRC 2012)

Евромедитерански регионален конгрес (EMRC 2012)

Во периодот од 2 до 6 мај во Западна Србија – национален парк Тара се одржа 14 – тиот по ред Евромедитерански регионален конгрес (EMRC), по 4 – ти пат во организација на ЕГЕА Белград. На конгресот учествуваа повеќе од 120 студенти од 20 – тина европски држави, а свои претставници имаа 44 ентитети или 2/3 од постојаните ентитети во ЕГЕА. Меѓу нив, секако претставена беше и ЕГЕА  Скопје (ИЗСГ Природник), инаку ова e 6 … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

ЕГЕА – Конгреси на студентите географи

ЕГЕА – Конгреси на студентите географи

Во рамки на ЕГЕА (Европска географска асоцијација на студенти) постојат 5 официјални конгреси, кои се одржуваат секоја година. Четири од нив се од регионален карактер, а еден е во рамки на цела Европа. (годишен). Асоцијацијата ЕГЕА за да може полесно да функционира и се развива е подела на 4 региони (Западен регион, Евромедитерански, Источен и Северен-Балтички регион), во секој од овие региони  годишно се одржува по еден конгрес (WRC – Западен Р.К, EMRC – Евромедитерански … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

ЕГЕА и Студентски размени

ЕГЕА и Студентски размени

Членовите на ЕГЕА (Европска Географска Асоцијација), кои се распростанети низ целата Европа имаат можност да учествуваат и уживаат во организирани теренски дејствувања од едукативен и забавен карактер, но последно наведените се организираат во преубавите села на нашата Македонија. Ова претставува прекрасна можност за забава и дружење, односно полнење на батерии за колоквиумска недела или испитна сесија. Освен ова се организираат и размени на студенти помеѓу две држави. Потоа се организираат конгреси, семинари, мотивациони викенди и … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

Размена на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Белград, втор дел во Скопје

Размена на студенти помеѓу Егеа Скопје и Егеа Белград, втор дел во Скопје

По првиот дел од размената во Белград, кој се одржа во периодот од 16.02.2012 до 19.02.2012, раководството на ИЗСГ Природник на 22.02.2012 закажа редовен состанок, целта на овој состанок беше да се замисли прелиминарна програма за вториот дел на размената во Скопје. Покрај тоа што беше предложена програма, на состанокот беше договорен нов состанок (28.02.2012), до кој си поставивме цел, предложената програма да стане реалност. Максимално ангажирани остварувањето на замислената програма стануваше реалност. Така брзо … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

Екскурзија до Охрид предводена од ИЗСГ„Природник„

Екскурзија до Охрид предводена од ИЗСГ„Природник„

На 03.03.2012 година истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“ организираше еднодневна екскурзија до Охрид. Оваа екскурзија беше во склоп со програмата за размена помеѓу ЕГЕА-Скопје и ЕГЕА- Белград. Дел од оваа екскурзија беа членовите на ИЗСГ-Природник, гостите од ЕГЕА-Белград и дел од наставниот колектив на ПМФ и тоа: д-р Дејан Илиев; д-р Милена Талевска и Анита Тодорова. Тргнувањето беше во 8.30 часот од паркингот наспроти Скопски Саем. При патувањето до Охрид се направи и мала пауза … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

Размена на студенти: Егеа Скопје/Егеа Белград, дел во Белград

Размена на студенти: Егеа Скопје/Егеа Белград, дел во Белград

23.02.2012 По точно една година ИЗСГ Природник – ЕГЕА Скопје повторно учествува во размена на студенти. Се работи за jубилејна петта размена, за прв пат со ЕГЕА Белград. Размената е замислена во два дела, прв дел во Белград (16/19.02.2012), а вториот дел во Скопје (01/04.03.2012). До сега е завршен само првиот дел во Белград, па така во оваа прилика ќе се обидеме да ве запознаеме во тој дел. Имено во размената учествуваат по 8 студенти од Македонија … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...

ИЗСГ-Природник по втор пат на Солунска Глава

ИЗСГ-Природник по втор пат на Солунска Глава

Од 2-4.12.2011 година ИЗСГ- Природник организираше мотивационен викенд во Папрадиште. Една од замислените цели на овој мотивационен викенд беше пешачење до Чеплес, но двајца студенти Боби Стојчевски, Глигорије Џилвиџиев и еден дипломиран географ Александар Кирковски, сите членови на ИЗСГ-Природник, подржани во својата идеа од останатите учесници решија по втор пат да ја искачат Солунска Глава (2540м), а воедно да бидат дел од  традиционална маршута организирана од планинарите од целата држава, со цел одавање на почит … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Природник...