Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Викенд предлог

Поречки Манастир – Боженствена убавина и мир на падините на планината Добра Вода

Поречки Манастир – Боженствена убавина и мир на падините на планината Добра Вода

21.09.2021 Секогаш кога ќе се спомне областа Порече, меѓу првите асоцијации се мир, спокој, таинствена, недопрена и живописна природа. Природата во Порече била особено дарежлива и на областа и подарила мноштво од раскошна убавина (повеќе за природата на Порече). Покрај широко познатите убавини, во областа Порече се среќаваат повеќе уникатни културно – историски објекти и старини. Старините или археолошките локалитети се претставени со стари градови, калиња, кули и цркви. Во Порече се среќаваат неколку впечатливи стари … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Село Богомила – оаза на недопрена природа!

Село Богомила – оаза на недопрена природа!

27.07.2021 Меѓу селските населби кои пленaт со својата местоположба, селото Богомила изобилува со вистинска природна убавина. Поставено помеѓу високите планини, од двете страни на реката Бабуна, свиена како во гнездо, Богомила е парче недопрена природа. Привлечно место за сите оние кои сакаат да избегаат од градскиот метеж, џаорот и нечистата животна средина. Поседува разновидни атракции кои можат на еден посетител да му приредат пријатен и незаборавен престој. Има содржини за сечиј вкус, за семејни луѓе, за … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Географски вести, На тема

Крани и автокамп „Крани“ – бисер на Преспанското Езеро

Крани и автокамп „Крани“ – бисер на Преспанското Езеро

02.07.2021 Во Преспанска Котлина се сместени двете прекрасни Преспански езера – Големо и Мало езеро, а во околината на Преспа се наоѓаат голем број на села кои изобилуваат со своја убавина и кои се посетени од голем број на туристи. Секако, едно од тие села е малото место наречено Крани, кое под свои закрила го држи автокампот „Крани“, што крие голем потенцијал, преубави капацитети и природни убавини. Крани е вистинско место за одмор, опуштање и релаксација. Крани … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Топ 10 атрактивни домашни дестинации за ова лето

Топ 10 атрактивни домашни дестинации за ова лето

24.06.2021 Иако летото е годишно време кое асоцира на море, сепак Македонија е земја која располага со голем број туристички атракции кои изобилуваат со извонредна „летна убавина“. Далеку од градската гужва и вообичаените летни дестинации, во прилог се издвоени 10 атракции во Македонија, кои со својата уникатност пленат со својата убавина и се прикладни места за да „избегате“ од летните горештини. 1.Трпејца Трпејца е село сместено на брегот на Охридското Езеро и е старо повеќе од околу десет … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

26.05.2021 Никифорово е село кое е дел од НП Маврово и се наоѓа на падините на планината Бистра, на западната магистрала помеѓу селото Леуново и селото Маврово, на надморска височина од 1250 m. Поврзано е со асфалтниот месен пат P-413 со соседните села Леуново и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро, а од градот Гостивар е оддалечено околу 32 километри. Низ селото тече Никифорска (Петилепска) река која се влева во Мавровско Езеро. Постојат легенди и преданија … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Берово – Македонската Швајцарија!

Берово – Македонската Швајцарија!

25.05.2021 Ако сакате да дознаете од каде „изгрева сонцето“ во Македонија, упатете се на исток кон малото планинско гратче Берово, кое е сместено под падините на Малешевските планини, обиколено со борова, букова и дабова шума. Низ крошните и височините на дрвјата, ѕирка Беровското езеро кое ви дава чувство на недопрена убавина, која вреди да се види и доживее. Берово е град кој се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, кој е сместен под падините на Малешевските … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Езерото Водоча – синото око на Струмица

Езерото Водоча – синото око на Струмица

14.05.2021 Езерото Водоча се наоѓа во непосредна близина на градот Струмица, со координати 41°25’1″N, 22°33’23″E, на околу 7 km западно од градот. Претставува акумулационо езеро кое е изградено во 1966 година со цел да снабдува со вода дел од Струмичката котлина. Се наоѓа на сливот на реката Водочница. Со површина од 1,9 km² и длабочина од 42 метри, езерото Водоча претставува едно од поголемите акумулации во источниот дел на Македонија, заедно со езерата Гратче и Мантово. Подрачјето … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Лубничките Слапови (водопади) во заборавената Лакавичка Област

Лубничките Слапови (водопади) во заборавената Лакавичка Област

05.02.2019 Областа Лакавица е една од малку познатите и ретко посетените краеви во Република Македонија. Областа се наоѓа по долината на реката Крива Лакавица, па оттаму доаѓа и нејзиното име. Лакавичката Област од три страни е заградена со неколку ниски и средно – високи планини како што се  планината Смрдеш (Еленица 971 m) на североисток и исток, Конечка Планина (Волчјак 1159 m) на запад и Градешка Планина (Вршник 1031 m) на југ. На север областа Лакавица … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Слатински Водопад – интересна појава во областа Порече

Слатински Водопад – интересна појава во областа Порече

07.10.2018 Селото Слатина се наоѓа во недопреното и таинственото Порече. Слатина е наделеку позната по нејзините прекрасни пештери, особено по пештерата Слатински Извор – најдолгата пештера во Република Македонија. Исто така, селото Слатина е познато и по солениот извор, еден извонреден раритет кој ретко се среќава во нашата држава. Покрај овие природни реткости, не толку познат за Слатина е Слатинскиот Водопад. Водопадот се наоѓа јужно од маалото Марковци на Марковска Река, па оттаму може да се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Централните Шарпланински езера – Боженствена убавина која треба да се посети!

Централните Шарпланински езера – Боженствена убавина која треба да се посети!

04.11.2017 Во Република Македонија се среќаваат околу 50 – тина глацијални езера. Најмногу глацијални езера има на Шар Планина. Во делот на територијата на Р. Македонија,  Шар Планина има 27 глацијални езера, од нив 19 се постојани, а 8 се повремени езера. Во оваа прилика ќе се запознаеме со големите глацијални езера кои егзистираат во централниот дел на Шар Планина, околу врвот Бристовец или Бориславец (2675 m). Боговинското Езеро се наоѓа помеѓу врвовите Бристовец (2675 m) и врвот … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Викенд предлог: Бигорски Манастир и „Куќата на Мијаците“

Викенд предлог: Бигорски Манастир и „Куќата на Мијаците“

04.11.2017 Во Националниот парк Маврово, на падините на планината Бистра, веднаш над реката Радика, во близина на селото Ростуше, на патот помеѓу градовите Гостивар и Дебар, се наоѓа манастирот „Свети Јован Бигорски” кој е посветен на светиот Јован Крстител. Манастирот е изграден од обработени блокови бигор. Подигнат бил во XI-тиот век, но оттогаш неколкупати бил опустошуван, пален и разрушуван до темел. Единствено иконата на Св. Јован Крстител останала неуништена и сeуште е зачувана. Сегашниот манастирски храм датира од крајот … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Бања Банско, азотна терма и воздушно лекувалиште

Бања Банско, азотна терма и воздушно лекувалиште

16.10.2017 Струмичка бања или уште позната под името Бања Банско се наоѓа 12,5 километри југоисточно од Струмица, на источниот крај од селото Банско. Термоминералните извори се во самото подножје на планината Беласица, помеѓу реката Дерман од запад, планинската коса Манастир од исток и рамното Струмичко Поле – месноста Кокошинка од север. Бањските објекти се изградени на речната тераса создадена од Дерманска Река, на надморска височина од 270 m. Од овде се протега прекрасна глетка кон поголемиот … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Западна туристичка магистрала

Западна туристичка магистрала

14.06.2017 За нашата држава, Република Македонија, може слободно да се каже дека претставува простор каде речиси секој дел од нејзината природа содржи или има посебна впечатливост и привлечност. Па така, во оваа статија ќе се обидеме да опишеме еден дел од тоа, односно во продолжение ќе стане збор за една сообраќајница која се вбројува во категоријата на една од најинтересните од туристичка гледна точка, а тоа е сообраќајницата или патниот правец Скопје-Маврово-Струга (долг 205 km), односно … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Интересни карпести (денудациони) форми на планината Беласица

Интересни карпести (денудациони) форми на планината Беласица

Планината Беласица е позната по бројните водопади (Колешинскиот, Смоларскиот, Габровскиот, Ѓаволскиот, Разиграениот итн.), но оваа планина е богата и со бројни карпести (денудациони) форми во вид на чашки, корита, остенци, прозорци итн. Таквите интересни форми се среќаваат во најголем дел источно од Валандово на западната падинска страна од 500 м.н.в., па се до највисокото планинско било.  Настанати се како резултат на физичките и хемиските влијанија врз гнајсните карпи, како и селективната ерозија на овие карпести … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Викенд предлог: селото Вруток – изворот на Вардар и кралството на пастрмката

Викенд предлог: селото Вруток – изворот на Вардар и кралството на пастрмката

13.10.2016 На крајниот југозападен дел од Полошката котлина на само 7 километри од Гостивар и околу 80-тина минути возење од Скопје, во подножјето на прекрасната Шар Планина е расплослано селото Вруток, село каде чистата вода и рибата се дел од секојдневната исхрана на населението. Името на селото Вруток значи врело, извор (силен карстен извор), додека самото име потекнува од карсниот извор Вруток на најдолгата река во Република Македонија – реката Вардар. Самиот извор е еден од … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Викенд предлог: село Велестово

Викенд предлог: село Велестово

27.09.2016 Селoто Велестово лежи на планината Галичица (Петрино), на надморска височина од 1250 m. Оваа преубава планинска населба има изразито добра микро-клима, а надополнета со амбиенталната совршеност, претставува вистински практичен викенд избор за бегство од современиот урбан живот. Токму пејсажно-амбиенталната карактеристика е главниот адут на ова охридско село. Погледот на Охридското Езеро и градот Охрид, буди чувство на беспрекорност и неповторливост. Во селото се стигнува доста лесно: со автомобил, но може и пеш. Од градот Охрид е одалечено „само“ … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Перчулица – непозната и ретко посетена планина

Перчулица – непозната и ретко посетена планина

08.09.2016. Република Македонија иако е мала по својата територија (25.713 km2) има толку многу планини и планински ограноци што понекогаш е многу тешко да се одреди од каде започнува една, а каде завршува друга планина или планински огранок. Но, не секогаш сите планини и ограноци се претставени и презентирани, разбирливо се врши еден вид генерализација (селекција) се со цел читателот да не се доведе до забуна,  а воедно на поедноставен начин да се претстават планинските масиви. … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Викенд предлог: Долно Дупени – рајот за душата

Викенд предлог: Долно Дупени – рајот за душата

29.8.2016 Ако ме прашате за предлог туристичка дестинација во светски рамки, би размислила што да ви одговорам, меѓутоа ако ме прашате за наша домашна дестинација, тогаш без размислување ќе кажам Долно Дупени – местото кое веднаш ќе ве освои. Насокта е следна: се качувате во автомобилот, проблемите и технологијата ги оставате дома и се упатувате кон најјужното место во нашата Македонија. Во непосредна близина на тримеѓето со Република Грција и Република Албанија, на 2 km од границата со … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог

Постојнска Јама – волшебната пештера

Постојнска Јама – волшебната пештера

5.08.2016. Постојнска Јама или пештерата Постојна се наоѓа во југозападниот дел на Република Словенија, во самата близина на градот Постојна. Пештерата има поволна географско – сообраќајна положба, бидејќи е лоцирана во непосредна близина на железничката пруга и автопатот E 61, кој води од Љубљана кон Копер. Пештерата Постојна претставува сложен пештерски систем формиран од четири пештери, Постојнска Јама, Пивка Јама, Црна Јама и Магдаленска Јама. Во геолошки поглед пештерата е формирана вдолж два раседа. Од една страна … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, По Светот

Убавините на областа Порече

Убавините на областа Порече

01.05.2016 Областа Порече или просторот кој денес го зафаќа општината Македонски Брод се наоѓа во западните делови на Република Македонија. Поточно областа се протега во средниот тек на реката Треска. Долината на реката Треска е пробиена помеѓу мошне високи планини и наликува на високо распостранета котлина, односно басен. Басенот на Порече на југ е ограничен со планината Бушева, на запад е загреден со планинскиот венец составен од планините Песјак, Челоица (Добра Вода –  2.061 m) и Сува … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија