Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Чудесна Македонија

За прв пат ќе се изврши прецизна реконструкција на глацијалните фази на Јакупица (Мокра)

За прв пат ќе се изврши прецизна реконструкција на глацијалните фази на Јакупица (Мокра)

13.07.2018 Во месец јули 2018 година, тим научници од Унгарија предводени од д-р Жофиа Рускицај-Рудигер, потоа д-р Золтан Керн, д-р Балаж Мадарас и д-р Марјан Темовски, заедно со д-р Ивица Милевски (од ПМФ-УКИМ, Скопје), изведоа 5-дневни детални теренски истражувања на северниот високопланински предел на Јакупица (Мокра). Истите се во рамките на проектот насловен „Геохронологија на глацијални форми и пештерски седименти во Македонија и импликации за квартерниот развој на релјефот во централниот дел на Балканскиот Полуостров“ финансиран … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, Чудесна Македонија

Убавините на селото Стровија

Убавините на селото Стровија

19.05.2018 Селото Стровија се наоѓа во крајниот северен дел на Прилепско Поле, на територијата на Општина Долнени, оддалечено 35 км од градот Прилеп. До селото води локален асфалтен пат кој кај с. Ропотово се исклучува од главниот пат (Прилеп-Кичево) и се поминува низ селата Костинци и Црнилиште. Патот иако е солиден, но наместа тесен (3-4 m), па неопходно е внимателно возење. Стровија лежи во најсеверниот дел на Пелагонија, поточно на контактот помеѓу нејзиниот рамничарски дел на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

За уникатните, но подзаборавени „Базалтни плочи“ кај Куманово!

За уникатните, но подзаборавени „Базалтни плочи“ кај Куманово!

4.04.2018 На 10-тина километри североисточно од градот Куманово, во атарот на с.Младо Нагоричане се наоѓа една од најуникатните појави на фосилен вулкански релјеф во Република Македонија – познатите „базалтни плочи“. Станува збор за 8 ридести возвишенија со релативна височина од 50 до 100 m, најчесто со купест изглед и зарамнети на врвот. Овие возвишенија се остатоци од пространа вулканска структура формирана со разлевање на базична (течна) лава на голема површина, пред околу 10 милиони години. Уште … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Колкава површина од Република Македонија припаѓа на сливот на Дунав?

Колкава површина од Република Македонија припаѓа на сливот на Дунав?

4.04.2018 Познато е дека територијата на Република Македонија, во хидрографски поглед припаѓа на 3 главни (морски) сливни подрачја и тоа: Егејски (86,9%), Јадрански (12,9%) и сосема малку на Црноморскиот слив (0,2%). Во Егејското сливно подрачје припаѓаат сливовот на реката Вардар и неговите притоки (20.535 км²), сливот на реката Струмица (1.535 км²), сливот на реката Лебница (129 км²) која пак е притока на Струма и сливот на Дојранското Езеро (120 км²). Јадранското сливно подрачје е претставено со … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Рекордно најдоцни зимско-пролетни снежни врнежи во ниските делови на Македонија!

Рекордно најдоцни зимско-пролетни снежни врнежи во ниските делови на Македонија!

23.03.2018 Деновиве, малку невообичаено за овој период од годината, се јавија значителни снежни врнежи во повисоките, но и и во пониските делови на Македонија (под 500 метри н.в.). Така, на 21-22 март во Скопје наврнаа околу 10 cm снег, а снежни врнежи има и денес. Според метеоролошките податоци од 1951 година наваму (откако има попрецизни податоци за снежната покривка), денешните и вчерашните врнежи се најдоцните забележани зимско-пролетни снежни врнежи, проследени со создавање на снежна покривка во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, Чудесна Македонија

Изработен ГИС модел на подрачја подложни на појава на свлечишта во Република Македонија

Изработен ГИС модел на подрачја подложни на појава на свлечишта во Република Македонија

7.03.2018 Како резултат на повеќегодишните истражувања, деновиве е изработен првиот дигитално-растерски модел на подрачјата подложни на појава на свлечишта во Република Македонија. Истиот покажува терени, места и зони каде веќе постојат активни свлечишта или има голема веројатност од нивна појава при погодни метеоролошки услови. Моделот е добиен со посебна софистицирана постапка на ГИС-базирано преклопување на повеќе дигитално-квантификувани фактори од значење за појава на свлечишта. Меѓу нив, посебна важност е дадена на геолошкиот (литолошкиот) состав, наклоните на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Бањски туризам – Катлановска бања

Бањски туризам – Катлановска бања

3.3.2018 Катлановска Бања е еден од најпознатите бањски центри во Република Македонија. Бањата се наоѓа во долниот тек на реката Пчиња, над селото Катланово, на надморска височина од 230 m. Од Скопје е оддалечена околу 25 km, а околу 9 km од Меѓународен Аеродром Скопје. Оваа бања е една од најпосетуваните бањи за жителите од Скопје и скопската околина. Исто така, бањата е посетена и од туристи, а посебно во викендите кога доаѓаат да ја посетат и воедно да … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Кристалната Пештера во Дебар

Кристалната Пештера во Дебар

17.2.2018 На патот помеѓу бањата Косоврасти и Дебар, се наоѓа Кристалната Пештера. Ова природно богатство се наоѓа во рудникот „Кнауф”, а локалните жители го нарекуваат Кристална Пештера. Градот Дебар, како еден од ретките градови со наоѓалишта на гипс во нашата држава, го нуди ова место кое располага со убаво развиени и впечатливи кристали. Причина за формирање на чистите и цврти кристали се изворските термални води, кои истовремено се и причина за остриот мирис на сулфурот.  Повеќе илјадници години … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Прилепско Езеро – излетнички туристички локалитет со голем потенцијал

Прилепско Езеро – излетнички туристички локалитет со голем потенцијал

11.2.2018 Општина Прилеп се наоѓа во централниот дел од јужното подрачје на Република Македонија. Го зафаќа Прилепското поле кое го сочинува северниот дел од најголемата котлина во Македонија – Пелагонија, Тројачката Котлина и подрачјето на градот Прилеп. Според пописот на населението од 2002 година, во градот Прилеп кој е центар на oпштината, на површина од 1.916,39 hа живеат 73.351 жители, со густина на населеност од 137,1 ж/hа. Прилеп е познат како „Градот под Марковите Кули“ – локалитет … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Овој јануари значително потопол од просекот во Македонија!

Овој јануари значително потопол од просекот во Македонија!

3.02.2018 Според метеоролошките податоци, овој јануари во Македонија беше значително потопол од долгогодишните просечни вредности за температурата на воздухот. Така, просечната годинешна јануарска температура во Скопје изнесуваше 3,3°С, што е за цели 3°С над просекот за периодот 1951-1980 година (0,4°С) и многу повисоко од истиот месец минатата, 2017 година (-4,0°С). Слични високи вредности за 2018 година има и мерна станица Штип (3,1°С) во однос на просечните 1,3°С за периодот 1951-1980 година. На мерниот пункт Лазарополе, разликата … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Колку високи врвови (над 2000 m) има Шар Планина?

Колку високи врвови (над 2000 m) има Шар Планина?

1.02.2018 Како што е познато, Шар Планина (Титов Врв, 2747 m) е втора по височина планинска структура во Република Македонија, по Корабскиот планински масив (Голем Кораб, 2753 m). Сепак, според површината над 2000 m (на територијата на Република Македонија), таа е убедливо најдоминантна, со речиси 180 km кв. што е половина од површината над 2000 m на сите (12) високи планини заедно. Затоа не е ни чудно што оваа планина има убедливо најголем број на високи … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Македонски портали за туризам

Македонски портали за туризам

28.11.2017 Република Македонија е сѐ повеќе посетувана од туристи во однос на изминатите години. Веб-сајтовите наменети за промоција на туризмот и туристичките атракции и локалитети имаат голем придонес за тоа. Во Република Македонија постојат голем број на портали кои се исклучиво за туристичка намена. Ние ќе издвоиме само неколку од нив. Macedonia Timeless – www.macedonia-timeless.com Овој веб-сајт содржи најразлични информации за туристичките региони и градовите во Р. Македонија. Може да се најдат податоци за природните убавини, културно – историското наследство, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, Чудесна Македонија

Пелистерски Очи – Глацијални езера на Пелистер

Пелистерски Очи – Глацијални езера на Пелистер

28.11.2017 Пелистер е името на највисокиот врв на Баба Планина, а со своите 2.601 m надморска височина, претставува трет највисок планински врв во Република Македонија. Често, името на врвот Пелистер се користи и како име за самата Баба Планина и синоним за градот Битола. Националниот парк Пелистер е оддалечен 15 km од Битола, 65 km од Охрид и 30 km од Преспанското езеро. Паркот се карактеризира со голем број врвови и возвишенија над 2.000 m, меѓу себе … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Необичната убавина на езерото Козјак

Необичната убавина на езерото Козјак

24.11.2017 Акумулацијата „Козјак” е едно од најголемите вештачки езера во Р. Македонија. Езерото Козјак се наоѓа во западниот дел од Македонија, односно во Поречкиот крај. Се наоѓа на реката Треска, во нејзината Голема Клисура, на 15 km спротивно од браната на реката Треска.Со оглед на тоа што нема никаква допирна точка со планината Козјак која се наоѓа во североисточниот дел на земјава, жителите преферираат да го нарекуваат Поречко Езеро. Езерото е долго 32 km, достигнува длабочина и до … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Географски вести, Чудесна Македонија

Викенд предлог: Манастирот Трескавец и Златоврв

Викенд предлог: Манастирот Трескавец и Златоврв

24.11.2017 Манастирот Трескавец се наоѓа на 10 km од градот Прилеп. Се наоѓа на надморска височина од 1280 m, меѓу карпите под Златоврв (1422 m). Манастирот Трескавец е еден од најубавите манастири во Македонија и значаен монашки и духовен центар на Охридската архиепископија. Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Манастирот има свои конаци и трпезарија. Издигнат високо над карпите во планината, дава прекрасна глетка на околните планини Баба, Бабуна и Кајмакчалан, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Фосилната делта на реката Вардар

Фосилната делта на реката Вардар

21.11.2017 Положба и протегање – Во западниот дел на Скопската котлина, во Свиларскиот и Љубинскиот залив, се протега фосилната делта на реката Вардар. Точно не би можело да се одреди нејзиното протегање и големина, бидејќи таа не се јавува непрекинато – туку местимично. Воглавно, таа се јавува покрај овие заливи, на вкупна површина од 4 – 5 km2. Нејзиното протегање започнува југоисточно од местото кое го носи името Кале. Најизразена е кај с. Долно Свилари (кај местото … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, Природник..., Чудесна Македонија

Централните Шарпланински езера – Боженствена убавина која треба да се посети!

Централните Шарпланински езера – Боженствена убавина која треба да се посети!

04.11.2017 Во Република Македонија се среќаваат околу 50 – тина глацијални езера. Најмногу глацијални езера има на Шар Планина. Во делот на територијата на Р. Македонија,  Шар Планина има 27 глацијални езера, од нив 19 се постојани, а 8 се повремени езера. Во оваа прилика ќе се запознаеме со големите глацијални езера кои егзистираат во централниот дел на Шар Планина, околу врвот Бристовец или Бориславец (2675 m). Боговинското Езеро се наоѓа помеѓу врвовите Бристовец (2675 m) и врвот … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Викенд предлог: Бигорски Манастир и „Куќата на Мијаците“

Викенд предлог: Бигорски Манастир и „Куќата на Мијаците“

04.11.2017 Во Националниот парк Маврово, на падините на планината Бистра, веднаш над реката Радика, во близина на селото Ростуше, на патот помеѓу градовите Гостивар и Дебар, се наоѓа манастирот „Свети Јован Бигорски” кој е посветен на светиот Јован Крстител. Манастирот е изграден од обработени блокови бигор. Подигнат бил во XI-тиот век, но оттогаш неколкупати бил опустошуван, пален и разрушуван до темел. Единствено иконата на Св. Јован Крстител останала неуништена и сeуште е зачувана. Сегашниот манастирски храм датира од крајот … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Илинска и Плакенска Планина – преубави предели за рекреативно планинарење

Илинска и Плакенска Планина – преубави предели за рекреативно планинарење

25.10.2017 Со планинската површина која покрива 80% од нејзината територија, Република Македонија е дестинација за планинарење со голем потенцијал. Меѓу поинтересните, а релативно слабо посетени планини се Илинска и Плакенска планина кои се наоѓаат во југозападниот дел на Македонија, односно, јужно од Кичево, помеѓу областа Дебарца на запад и Демир Хисар на исток. Заедно со планината Бигла го формираат Илинскиот блок, долг околу 40 кm, со правец на протегање северозапад – југоисток. Поврзаноста на планините придонесува … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Чудесна Македонија

Западна туристичка магистрала

Западна туристичка магистрала

14.06.2017 За нашата држава, Република Македонија, може слободно да се каже дека претставува простор каде речиси секој дел од нејзината природа содржи или има посебна впечатливост и привлечност. Па така, во оваа статија ќе се обидеме да опишеме еден дел од тоа, односно во продолжение ќе стане збор за една сообраќајница која се вбројува во категоријата на една од најинтересните од туристичка гледна точка, а тоа е сообраќајницата или патниот правец Скопје-Маврово-Струга (долг 205 km), односно … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Advertisment ad adsense adlogger