Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » На тема

Оресундскиот мост кој ги поврзува Данска и Шведска

Оресундскиот мост кој ги поврзува Данска и Шведска

Во минатиот век, доколку некој сакал да патува со сопствено возило од главниот град на Данска-Копенхаген, до главниот град на Шведска-Малме, бил принуден да чека долго време. Но, почнувајќи од 2000-та година, со градењето на Оресундскиот мост времето на патувањето изнесува точно 15 минути. Мостот Оресунд е патна и железничка врска помеѓу Шведска и Данска. Должината на овој мост изнесува 16 km. Оваа патна и железничка инфраструктура се состои од три дела: мост, вештачки остров и … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема

Интересни факти за пописите

Интересни факти за пописите

Според дефиницијата, попис претставува сложена статистичка операција на територија на една држава во еден даден момент. Преку пописите се создава јасна слика за бројноста на населението како и сите негови белези или со други зборови, се обезбедуваат информации за квантитативните и квалитативните показатели за населението. Преку оваа статистичка операција се добива приказ на бројното движење на населението, се согледува неговата полова и старосна структура со што може да се утврди дали населението популациски старее или има … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема

Жените во високото образование

Жените во високото образование

По повод осми март, интернационалниот ден на жената, направена е анализа на учеството на жената во високото образование, поконкретно, на студентките на прв циклус на студии. Во овој кус осврт, акцентот е ставен на состојбите во Република Северна Македонија, но направена е споредба со други држави од Европа. Главната цел е да се пресмета процентуалното учество на студентките во вкупниот број на студенти, во кои стручни и научни полиња доминираат жените и сето тоа да се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема

Интересни факти за Белград

Интересни факти за Белград

01.10.2021 Белград е главен, но и најголем град во Србија, кој се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав. Овој град брои над 1,2 милиони жители, додека во рамките на неговите административни граници живеат над 1,6 милиони луѓе. Тој е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа по Истанбул, Атина и Букурешт. Белград има статус на посебна територијална единица во Србија, со посебна автономна градска … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Венеција – градот на вода!

Венеција – градот на вода!

01.10.2021 За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и „Огледало на душата“, „Кралица на Јадранот“, „Градот на вода“, „Градот на мостовите и каналите“… Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Се наоѓа на брегот на Северна Италија, отворена кон Јадранското Море. Венеција е главен град на регионот Венето, а областа помеѓу делтите на реките По и Пијав се нарекува Венецијанска лагуна. Овој туристички рај опфаќа 118 острови. Превозот помеѓу овие острови со 170 канали … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Мегалополисот Мумбај!

Мегалополисот Мумбај!

22.09.2021 Пронајден 1668 год. тогаш познат како Бомбај, а од 1995 год. преименуван во Мумбај, денес претставува главен град на Сојузната држава Махараштра во Индија. Своето име според едни податоци, го добил од божицата на локалните риболовци „Мумба Деви“, која ги штитела нивните трговски интереси. Согласно податоците од Соединетите држави, во 2018 година Мумбај е втор најнаселен град во Индија, и седми најнаселен град во светот со околу 20 милиони луѓе. Според други податоци името Бомбај било … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Мистерија на Париските Катакомби – царството на мртвите!

Мистерија на Париските Катакомби – царството на мртвите!

20.09.2021 Тунелите под Париз биле оригинално создадени во 12-тиот век, кога била изградена Богородичната црква (Нотр Дам). На жителите им овозможувале патека под метежот на градот, преку која ќе стигнат до црквата. Во текот на доцните години од 18-ти век, цела улица се срушила, и открила што се криело под неа. Градската управа решила да ги доизгради тунелите, и секој да го означи како улица која се протега над нив. За да се спречи понатамошно рушење … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Островот Родос – Медитеранската убавина!

Островот Родос – Медитеранската убавина!

07.09.2021 Најголемиот остров на Додеканезите и четвртиот по големина грчки остров Родос, поради својата стратешка позиција меѓу Крит и Турција, има големо значење и исклучително бурна историја со векови. Антички Грци, Римјани, Византијци, Османлии и Италијанци живееле на ова подрачје. Мешањето на овие народи кои ги оставиле своите траги и стапки, го прави Родос толку многу уникатен. Сепак, имајќи предвид дека срцето и најголемата атракција на Родос е Стариот град изграден од витезите болничари во текот … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Точкасто Езеро – едно од „најмистериозните“ езера во светот

Точкасто Езеро – едно од „најмистериозните“ езера во светот

06.09.2021 Сместено во градот Осојоос, Британска Колумбија (Канада), езерото Хилок (познато како Точкасто езеро) во облик на грав, има површина од 573 m2, должина на брегот од 1.7 km и широчина од 250 m. Ова езеро е уникатно чудо на природата заради својата шарена, точкаста шема, предизвикана поради испарување на водата во текот на летото, оставајќи шарени минерални наслаги што се таложат околу езерото како дамки. Иако на посетителите не им е дозволено да се капат во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Ладога – најголемото слатководно езеро во Европа

Ладога – најголемото слатководно езеро во Европа

28.07.2021 Езерото Ладога е најголемото слатководно езеро во Европа. Се наоѓа во регионот Карелија, северозападниот дел на Русија, источно од Балтичкото Море, на само 40 km источно од Санкт Петерсбург во близина на границата со Финска. Се протега помеѓу 40 и 65° северна географска ширина. Зафаќа површина од 17675 km2 (без островите) или споредбено значи дека зафаќа скоро 69% од територијата на Македонија (25713 km2). Се наоѓа на надморска височина од само 5 m. Има издолжен … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Село Богомила – оаза на недопрена природа!

Село Богомила – оаза на недопрена природа!

27.07.2021 Меѓу селските населби кои пленaт со својата местоположба, селото Богомила изобилува со вистинска природна убавина. Поставено помеѓу високите планини, од двете страни на реката Бабуна, свиена како во гнездо, Богомила е парче недопрена природа. Привлечно место за сите оние кои сакаат да избегаат од градскиот метеж, џаорот и нечистата животна средина. Поседува разновидни атракции кои можат на еден посетител да му приредат пријатен и незаборавен престој. Има содржини за сечиј вкус, за семејни луѓе, за … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Географски вести, На тема

Пред околу 10 милиони години, на просторот на денешната Скопска котлина живееле „џиновски“ слонови

Пред околу 10 милиони години, на просторот на денешната Скопска котлина живееле „џиновски“ слонови

26.07.2021 За време на своите екскурзии во 1930 година во околината на Скопје, познатиот и еминентен географ проф. Петар С. Јовановиќ, во долината на потокот Мали Мост, во близина на селото Нерези (Скопско), во песокливи неогенски наслаги, испод тогашен рудник за лигнит, нашол коски и фосилни остатоци од еден вид предок на денешен слон (Mastodon Angustidens), кој за време на геолошката епоха горен Миоцен, поточно во катот Тортон (11.608 – 7.246 милиони години), живеел на овие … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Крани и автокамп „Крани“ – бисер на Преспанското Езеро

Крани и автокамп „Крани“ – бисер на Преспанското Езеро

02.07.2021 Во Преспанска Котлина се сместени двете прекрасни Преспански езера – Големо и Мало езеро, а во околината на Преспа се наоѓаат голем број на села кои изобилуваат со своја убавина и кои се посетени од голем број на туристи. Секако, едно од тие села е малото место наречено Крани, кое под свои закрила го држи автокампот „Крани“, што крие голем потенцијал, преубави капацитети и природни убавини. Крани е вистинско место за одмор, опуштање и релаксација. Крани … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Топ 10 атрактивни домашни дестинации за ова лето

Топ 10 атрактивни домашни дестинации за ова лето

24.06.2021 Иако летото е годишно време кое асоцира на море, сепак Македонија е земја која располага со голем број туристички атракции кои изобилуваат со извонредна „летна убавина“. Далеку од градската гужва и вообичаените летни дестинации, во прилог се издвоени 10 атракции во Македонија, кои со својата уникатност пленат со својата убавина и се прикладни места за да „избегате“ од летните горештини. 1.Трпејца Трпејца е село сместено на брегот на Охридското Езеро и е старо повеќе од околу десет … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Војводата Веле Марков (1870-1902). Сеќавања на настаните од Ракитничката провала

Војводата Веле Марков (1870-1902). Сеќавања на настаните од Ракитничката провала

23.06.2021 Општи биографски податоци На 12.2.1870 г. во селото Селце, Крушевско, во семејството Марковци е роден Македонскиот социјалистички трибун и револуционер, Крушевскиот апостол, војводата Веле Марков, од сиромашните родители – Марко и Стојна Андрески кои имаа уште еден син по име Грујо и ќерка Бона. Марко го хранеше семејството со слугување кај турските чифликсајбии, особено кај неблагодарниот Осман Балабан од селото Житоше. Како десетгодишно момче, откога научил да чита и пишува кај учителот Павле, идниот војвода Веле … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема

Мистеријата за пирамидите во Гиза

Мистеријата за пирамидите во Гиза

17.06.2021 Мистеријата отсекогаш не фасцинирала и ни давала некој мотив се повеќе да ја истражуваме нашата Земја. Токму таа мистерија е карактеристична и за пирамидите во Гиза. Градот Гиза, се наоѓа во северниот регион на Египет, на западниот брег на реката Нил. Претставува трет по големина египетски град, зад Каиро и Александрија, а неговата стратешка локација во близина на некогашната, античка престолнина на Мемфис, го направи важен град низ египетската историја. Комплексот на мистериозните пирамиди во Гиза … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, Отворено..., По Светот

Извори на податоци во далечинската детекција

Извори на податоци во далечинската детекција

16.06.2021 Evelyn L. Pruitt е познат географски истражувач од Соединетите Американски Држави која се залагала за примената на далечинската детекција во географијата, но и за разни теренски истражувања на меѓународно ниво. Нејзините залагања се одвивале во период од 40-те до 70-те години на 20-от век, а воедно таа ја дава следнава дефиниција за оваа проблематика која гласи: “Далечинската детекција е наука и уметност за идентификување, набљудување и мерење на предмети и објекти без да се дојде … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Покарактеристични села во северниот дел на Италија – скриено богатство во Европа!

Покарактеристични села во северниот дел на Италија – скриено богатство во Европа!

14.06.2021 Северниот дел на Италија е еден од најразвиените делови во Европа. Од автомобилската индустрија, па се до туризмот, овој дел може да се пофали со многу атракции. Во овој дел се наоѓаат и некои од најголемите градови како што се Рим, Милано и Торино. Но, покрај големиот број на познати атракции во овој регион, селата во овој дел се сметаат за еден вид на скриено богатство. Kарактеристичната архитектура, специфичните тесни улички и преубавите пејсажи се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Видиковец кај црквата Св. Сава – еден од најубавите погледи кон Јадранското Море

Видиковец кај црквата Св. Сава – еден од најубавите погледи кон Јадранското Море

14.06.2021 Патувањето е една од најисполнителните работи за секој човек. Сите ние патуваме од различни причини. Некој патува со цел да се одмори и рекреира, некој со цел да спортува, некој патува со цел да запознае нови луѓе и култури и слично. Во овој случај, Црна Гора е мала земја, но со изобилство на природни убавини, културни знаменитости и можности за патување, уживање, одмор и туристичко разгледување. Таа е земја на море и планина, чиста природа … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

Никифорово – „гнездо“ на падините на планината Бистра

26.05.2021 Никифорово е село кое е дел од НП Маврово и се наоѓа на падините на планината Бистра, на западната магистрала помеѓу селото Леуново и селото Маврово, на надморска височина од 1250 m. Поврзано е со асфалтниот месен пат P-413 со соседните села Леуново и Маврово, пат кој го обиколува Мавровското Езеро, а од градот Гостивар е оддалечено околу 32 километри. Низ селото тече Никифорска (Петилепска) река која се влева во Мавровско Езеро. Постојат легенди и преданија … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија