Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема

Глечерот Мингјонг во Тибет се топи со огромна брзина!

Глечерот Мингјонг во Тибет се топи со огромна брзина!

14.10.2020 Глечерот Мингјонг е еден од најголемите глечери во Кина. Се наоѓа на планинскиот венец Меили, во југозападната Кинеска провинција Јунан, на 2700 m надморска височина. Тој е најнизок и најјужен глечер во Кина. Се смета дека глечерот во подножјето на планината се повлекува со невидена брзина секоја година и дека за многу брзо време ќе се стопи. Од 1970-та година загубил дури една четвртина од својот мраз. Научниците анализирале сателитски снимки, преку кои заклучиле дека … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Требенишко Езеро – едно од двете свлечишни езера во Македонија

Требенишко Езеро – едно од двете свлечишни езера во Македонија

12.10.2020 Требенишко Езеро е најмладото природно езеро во Македонија, на 754 m надморска височина. Се наоѓа источно од магистралниот пат Скопје-Кичево-Охрид, во атарот на с. Требеништа, општина Дебарца, поточно во долината на Требенишка река. Езерото е настанато во 1963 год. во пролетниот период, како последица на лизгање на земјиштето (урнис) и преградување на речната долина на Требенишка Река, лева притока на реката Сатеска. Како последица на тоа преградување, дел од долината на оваа река се исполнил … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Изработен предлог-модел на дронски мониторинг на геолокалитетот Куклица

Изработен предлог-модел на дронски мониторинг на геолокалитетот Куклица

30.09.2020 Геолокалитетот „Кукица“ кој се наоѓа во североисточниот дел на Македонија се одликува со уникатна појава на истакнати земјени пирамиди. Поради својата атрактивност, тој во минатото, а особено денес, е се почесто посетуван од љубителите на природата, односно туристите. Значењето на Куклица е очигледно ако се има во предвид дека вака добро изразени појави на земјени пирамиди во вулкански карпи, се вистинска реткост дури и во светски рамки. Од тие причини, во последните години драстично се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, Чудесна Македонија

Островите Пи Пи во Тајланд – вистинска атракција во светот!

Островите Пи Пи во Тајланд – вистинска атракција во светот!

21.09.2020 Oстровите Пи Пи (Phi Phi) се наоѓаат во југоисточна Азија. Тоа се група на острови во Тајланд кои што се сместени меѓу островот Пукет и Малачкиот Проток и се едни од најубавите острови во овој дел. Оваа островска група се состои од шест острови, од кои главни се Пи Пи Ле (Phi Phi Leh) и Пи Пи Дон (Phi Phi Don). Пи Пи Дон е единствениот населен остров кој привлекува стотици посетители кои уживаат на неговите … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Утре на северната хемисфера започнува есента!

Утре на северната хемисфера започнува есента!

21.09.2020 По доста жешкото и сушно лето, утре на 22 септември (267-иот ден во годината), во Македонија и на северната хемисфера, календарски ќе започне есента. Во Македонија, таа официјално ќе пристигне во 15.30 часот по средноевропско време. Во првиот ден на есента, денот и ноќта на целата Земјина топка ќе траат подеднакво, со тоа што на северната хемисфера ќе биде есенска рамноденица (еквиноциум), а на јужната пак пролетна рамноденица (таму почнува пролетта). Во првиот есенски ден, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Извонредна туристичка атракција во Бали – Шума на мајмуните!

Извонредна туристичка атракција во Бали – Шума на мајмуните!

15.09.2020 Последниве години сведоци сме за големиот развој на туризмот и неговите различни облици. Во некои земји низ светот туризмот претставува водечка индустрија. Денешниот турист не купува само одредени услуги и производи, туку е заинтересиран за сето она што може да му го даде туристичката дестинација која што ја избрал. Токму затоа земјите низ целиот Свет тежнеат да остварат се повеќе облици на туризам, со цел да имаат поголема заинтересираност и побарувачка, а со тоа се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Крстот на Побиен Камен (Од енигма до реалност)

Крстот на Побиен Камен (Од енигма до реалност)

11.09.2020 Почнува четвртиот месец, затворен во карантин од коронавирусот. Нема терен, нема истражување. Просторни планови веќе со години не се изработуваат. Со мислите враќајки се во детството, од Гумењата, преку Чифликот, Џабирите, Пампурите и Дуритите доаѓаме до Побиен Камен. Дали ќе ни помогне и фантастичната приказна за Цар Константин и Царица Елена да го  разрешиме обидот за исламизација на жителите од село Бели, Кочани,  сублимирано во Крстот на овој камен?! Бидејќи нема историски податоци, ќе ја … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Дубаи – градот на раскошот во Арабиската Пустина!

Дубаи – градот на раскошот во Арабиската Пустина!

11.09.2020 Дубаи е град, но воедно е и еден од седумте емирати во Обединетите Арапски Емирати. Сместен е во средишниот дел на Арабиската Пустина, во југоисточниот дел на Персискиот Залив на површина од 4114 km2. Според последните податоци за населението, во него живеат околу 2.300.000 жители, од кои само 17% се Арапи кои се автохтоно население. Најголема популациска група се Индијците со околу 40%, потоа Пакистанците 13%, Бангладежани, Филипинци, Иранци, голем број на Руси и др … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Пекинг – спој на историски и модерен град

Пекинг – спој на историски и модерен град

28.08.2020 Пекинг е главен град на Народна Република Кина и претставува политички и културен центар на државата. Покрај тоа, тој е фокусна точка на научно-технолошкиот развој, образованието, комуникациите и меѓународната размена на Кина. Оваа метропола е сместена во северозападниот дел на Северната Кинеска рамнина, на околу 150 km западно од Бохајското Море. Со население од околу 22,5 милиони жители, на површина од 16.800 km кв., Пекинг и втор по големина град во Кина после Шангај. Од … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Најстарите езера во светот!

Најстарите езера во светот!

16.08.2020 Често пати сме се запрашaле кои се најстарите езера во светот, каде се наоѓаат и колку всушност  изнесува нивната старост. Во оваа статија ќе се обидеме да дадаме одговор на овие прашања, врз основа на истражувањата на многумина геолози, истражувачи и научници. Во продолжение следува листа на 8-те најстари езера во светот. Езерото Зајсан Езерото Зајсан е најстарото езеро во светот, иако неговата точна старост не може да се утврди прецизно. Се наоѓа во источниот дел на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Мегапроект што може да го промени светот: Се гради најсложената машина во историјата на нашата цивилизација!

Мегапроект што може да го промени светот: Се гради најсложената машина во историјата на нашата цивилизација!

16.08.2020 Во јужниот дел на Франција неодамна започна изградбата на најсложената машина во историјата на нашата цивилизација – ИТЕРА, која ќе трае наредните пет години. Станува збор за огромен научен проект во кој соработуваат голем број на земји и е вреден 20 милијарди евра. Овој мегапроект, за кој се верува дека може да го промени светот има за цел да ги реплицира процесите што се случуваат во Сонцето, односно да се овозможи создавање на енергија преку … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Незаборавно доживување со кајче по езерото Козјак

Незаборавно доживување со кајче по езерото Козјак

31.07.2020 На само неколку километри од центарот на Скопје, сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и природниот резерват „Јасен“ на исток, се наоѓа едно од најголемите вештачки езера во Македонија – Козјак. Имео на езерото е дадено според највисокиот врв во близина на браната, меѓутоа локалното население смета дека многу посоодветно би било да се вика Поречко Езеро, со оглед на областа каде се наоѓа. Езерото Козјак е долго 32 km, достигнува длабочина и до … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија

Излезе новиот број (52) на списанието Географски разгледи

Излезе новиот број (52) на списанието Географски разгледи

21.07.2020 Во текот на месец јули 2020 година излезе новиот број (52) на списанието Географски разгледи (Geographical reviews). Ова реномирано списание кое го издава Македонското географско друштво, излегува непрекинато уште од 1962 година, поради што спаѓа меѓу научно-стручните списанија со најдолга традиција во Македонија. Како и претходните десет броја, изданието е електронско, а ќе биде публикувано во печатена верзија до крајот на оваа година. Овој пат во списанието се најдоа десетина трудови на вкупно 180 страници … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, Наставни

Тибет – најголемата и највисоката висорамнина во светот!

Тибет – најголемата и највисоката висорамнина во светот!

28.06.2020 Кога зборуваме за Тибет, многумина мислат дека се однесува на Тибетскиот Автономен Регион – ТАР, со главен град Ласа. Всушност, тоа е пространа висорамнина во Централна Азија, на просечна надморска висина од 4.900 m, од која најголем дел е во состав на Народна Република Кина. Тибет е еден од најзначајните региони во светот и се нарекува „покрив на светот“ или „третиот пол во светот“, затоа што тука се заробени 15% од светскиот мраз, односно огромна … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Кои се најголемите полуострови на континентите? Седми дел – Австралија со Океанија

Кои се најголемите полуострови на континентите? Седми дел – Австралија со Океанија

02.06.2020 Австралија заедно со регионот Океанија претставува најмалиот континент на Земјата кој зафаќа површина од околу 8,5 милиони km2. Најголемиот дел од континентот е претставен со копното Австралија, а помал дел го зафаќаат островите од Океанија кои се наоѓаат во Тихиот океан. Регионот Океанија е составен од неколку големи острови како што се Нова Гвинеја и Нов Зеланд, како и огромен број на мали острови. Океанија се дели на три пространи области: Меланезија, Полинезија и Микронезија. … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Кои се најголемите полуострови на континентите? Шести дел – Европа

Кои се најголемите полуострови на континентите? Шести дел – Европа

30.05.2020 Европа е дел од големото Евроазиско копно кое се протега од Атлантскиот океан на запад до Тихиот океан на исток и го зафаќа помалиот западен дел, претставувајќи голем полуостров. Сепак Европа заради општествената, културната и политичката улога која ја имала во светската историја се смета за посебен континент. Тој е вториот најмал континент на Земјата, со површина од околу 10 милиони km2 или 1/15 од светското копно. На исток овој континент има природна граница со … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Кои се најголемите полуострови на континентите? Петти дел – Антарктик

Кои се најголемите полуострови на континентите? Петти дел – Антарктик

29.05.2020 Континентот Антарктик претставува големо студено копно кое се наоѓа јужно од континентите Јужна Америка, Африка и Австралија, околу јужниот пол. Овој континент е обиколен со водите на Веделово Море, Амундсеново Море, Белингхаузеново Море и Росово Море или со водите на Тихи, Атлантски и Индиски Океан, кои на некои географски карти и извори се именуваат под едно име како Јужен Океан (просторот околу Антарктик). Всушност терминот “Јужен Океан” во светската географска литература официјално не е класифициран … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Кои се најголемите полуострови на континентите? Четврти дел – Јужна Америка

Кои се најголемите полуострови на континентите? Четврти дел – Јужна Америка

28.05.2020 Континетот Јужна Америка го завзема јужниот дел од големото Американско копно, а од  Северна Америка е одделен со Панамскиот канал. На исток  и север излегува на Атлантскиот океан и Карипското море, а  на југ се доближува до континентот Антарктик. На запад излегува на водите на најголемиот океан на Земјата т.е. на Тихи Океан. Јужна Америка е четвртиот најголем континент на Земјата и зафаќа површина од околу 18 милиони km2. Низ Јужна Америка поминува екваторот (почетниот … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Кои се најголемите полуострови на континентите? Трет дел – Северна Америка

Кои се најголемите полуострови на континентите? Трет дел – Северна Америка

27.05.2020 Северна Америка е дел од големото Американско копно, кое се наоѓа на западната хемисфера. Северна Америка започнува од Панама и Панамскиот канал на југ и се протега до Северно Ледениот океан на север. На исток широко излегува на водите на Атлантскиот океан, а на запад е заграден со Тихи Океан. Северна Америка е третиот најголем континент на Земјата, има површина од околу 24 милиони km2 или околу 16 % од копнената површина. Континентот се одликува … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Кои се најголемите полуострови на континентите? Втор дел – Африка

Кои се најголемите полуострови на континентите? Втор дел – Африка

26.05.2020 Вториот најголем континент во светот е континентот Африка. Зафаќа површина од околу 30 милиони km2 и заедно со островите тој покрива 6% од  површината на Земјата или околу 20% од копнената површина на Земјата. Африка е единствениот континент низ кој поминуваат и екваторот и двата повратници. Овој континент е еден од најслабо разгранетите и на него се наоѓаат мал број на заливи, протоци, острови,  а само три полуострови можат да се издвојат како позабележителни и … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема

Advertisment ad adsense adlogger