Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » На тема

Податоци за катастрофалниот земјотрес во Петриња – Хрватска

Податоци за катастрофалниот земјотрес во Петриња – Хрватска

02.01.2021 Како што веќе ни е познато, земјотресите се природна појава која што е резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на Земјата. Секој од земјотресите се карактеризира со параметри: време на настанувањето, хипоцентар, епицентар, длабочина на хипоцентарот, епицентрално растојание и сила на енергија. Хрватската провинција Банија беше сериозно погодена на 28 декември 2020 година во 6 часот и 28 минути по локално … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Кавах Ијен – синиот вулкан

Кавах Ијен – синиот вулкан

01.02.2020 Кога замислувате како еден вулкан еруптира, боите што ви паѓаат на ум се мешавина од стопена  портокалово-црвено-жолта боја, но, во никој случај не сино, нели? Островската држава Индонезија, во која доминираат активни вулкани, има морничаво интересен вулкан кој испушта син оган. Тој е еден од најневообичаените вулкани во светот, бидејќи наместо да произведува вообичаена црвена лава и црн чад, неговите подземни активности резултираат со светло сини пламени јазици што се издигнуваат во воздухот. Некои луѓе … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Најголемиот активен вулкан во Европа – Етна повторно „се разбуди“

Најголемиот активен вулкан во Европа – Етна повторно „се разбуди“

30.01.2021 Вулканите се отвор или пукнатина во Земјината кора низ кои магмата избива на површината како лава. Вулканите можат да бидат класифицирани според јачината и честотата на нивните ерупции. Еден од најфасцинантните активни вулкани на Земјата е Етна. Етна е стромболски вулкан на источниот брег на Сицилија. Името Етна доаѓа од Грчки Aitne, од aithō  што во превод значи „Јас горам”. Грците создадоа легенди за вулканот, велејќи дека тоа е работилницата на Хефест и Киклопи или … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Фасцинантните гејзери во Националниот парк „Јелоустон“

Фасцинантните гејзери во Националниот парк „Јелоустон“

22.01.2021 Гејзери се извори на жешка вода која повремено и во вид на водоскок се исфрла над Земјината површина. Кај некои гејзери ова исфрлање на топлата вода се појавува ритмички, при што водениот столб може да достигне височина и до десетина метри. Гејзерите имаат кратер, канал во кој се собира водата (во горниот дел) и водената пареа (кон длабочината). Температурата на водата на површината на каналот изнесува околу 75-80°C, додека кон длабочината се зголемува до преку … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Што е присојна а што осојна страна?

Што е присојна а што осојна страна?

20.01.2021 Сонцето претставува главен извор на светлина и загревање на Земјата. Сончевите зраци што достигнуваат до Земјината површина најпрво го загреваат копното и водите. Степенот на загреаност на Земјината површина зависи од повеќе фактори и тоа: Од аголот под кој паѓаат сончевите зраци во текот на денот и годината, надморската височина на земјиштето, наклонот, експозицијата на теренот, облачноста и др. Сепак, најголемо значење претставува експозицијата на теренот, односно која страна од земјиштето е насочено кон Сонцето. … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Национален парк „Бели песоци“

Национален парк „Бели песоци“

18.01.2021 Националниот парк „Бели песоци“ е лоциран во сојузната држава Ново Мексико во САД, 24 km југозападно од градот Аламогордо. Пејзажот на оваа пустина е назначен како строга државна заштита во 1933 година, од страна на претседателот Херберт Хувер. Паркот се наоѓа на просечна надморска височина од околу 1219 m во сливот на Тулароса и го сочинува јужниот дел на гипсното поле од 710 km2. Белите песоци се импресивно природно чудо. Дините се настанати од гипс кристали, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Пронајдена една од најстарите планети до сега!

Пронајдена една од најстарите планети до сега!

16.01.2021 Кон крајот на минатата (2020) година, од страна на астрономите на НАСА беше откриена нова планета, во близина на една од најстарите sвезди во галаксијата. Планетата, наречена „супер Земја“ именувана и како TOI-561b е приближно 50% поголема од Земјата и мошне брзо кружи околу својата ѕвезда, односно за еден Земјин ден, прави две револуции. И покрај тоа што планетата има маса скоро три пати поголема од Земјата, нејзината густина е приближно иста – факт што ги … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, На тема

Рованиеми – Вистинскиот дом на Дедо Мраз

Рованиеми – Вистинскиот дом на Дедо Мраз

26.12.2020 Доколку сакате да го запознаете Дедо Мраз, треба да го посетите неговиот дом во Santa Claus Village, лоциран во градот Рованиеми, центарот на Лапонија. Рованиеми е најголемиот населен град во близина на Арктичкиот круг. Финците уште го нарекуваат и „Врата на Лапонија“. Се наоѓа на околу 6 km јужно од Арктичкиот круг, на самата поларна граница, на вливот на реката Кемијоки и нејзината притока Оунасјоки. Северен Поларен Круг (или Арктички Круг) е еден од петте главни … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, Отворено..., По Светот

Лагос – градот на можностите

Лагос – градот на можностите

22.12.2020 Лагос е најнаселениот град во Нигерија и воопшто на Африканскиот континент. Тој е сместен на западните брегови на Африканското копно и претставува единствениот град во Африка, кој се наоѓа на листата на топ 10 најнаселени градови во светот. Поволната географска положба, како главно пристаниште и големите резерви на нафта, овозможиле Лагос да стане главен финансиски, индустриски и културен центар во Нигерија, а и на Африканскиот континент. Поради богатството,  луксузот, модерната архитектура и можностите што ги нуди … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Утре не очекува вистински астрономски феномен кој не смеете да го пропуштите!

Утре не очекува вистински астрономски феномен кој не смеете да го пропуштите!

20.12.2020 На 21 декември (утре) 2020 година, после точно 794 години, Јупитер и Сатурн погледнати од Земјата, ќе се приближат толку блиску што ќе изгледаат како „двојна планета“, или како една ѕвезда на небото. Овој феномен, астрономите тврдат дека ќе изгледа спектакуларно. Двете најголеми планети во нашиот Сончев Систем ќе бидат поблиску од било кога, за создавање на т.н. „Божиќната Ѕвезда“. Имено, последниот ваков феномен е забележан на 4 март, 1226 година. Според тоа, вакво приближување … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, На тема

Езеро Комо-Огледало на луксузот

Езеро Комо-Огледало на луксузот

19.12.2020 Леднички езера или со други имиња наречени глечерски или глацијални, претставуваат природни езера кои настанале со топење на мразот. Најчесто се наоѓаат на високите планини и повеќето од нив се со мала површина. Едно од нив е езерото Комо, кое има ледничко потекло во Ломбардија, Италија. Овој природен бисер има доста студена и бистра вода, со исклучителна убавина. Имено, ова интересно езеро претставува „магнет“ за многу туристи и посетители. Вистинското италијанско име на езерото е … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Коралните гребени и нивното значење за природата и поморскиот свет

Коралните гребени и нивното значење за природата и поморскиот свет

16.12.2020 Коралните гребени се многу значајни за поморскиот свет. Тие се една од најубавите и најколоритните појави во природата, а воедно, се многу значајни за биодервизерзитот. Од целата океанска површина, тие се дом за повеќе од 25% од животните во океаните. Всушност, коралните гребени се значајни за поморскиот свет исто како што се дрвјата и шумите за копното. Фасцинантни се и поради нивното настанување. Имено, коралните гребени настануваат кога секој индивидуален каменит корален организам или полип … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Сиромашните квартови во Манила – синоним за „преживување“

Сиромашните квартови во Манила – синоним за „преживување“

16.12.2020 Метро Манила се наоѓа во јужниот регион на Лузон, најголемиот остров на Филипините, држава архипелаг составена од повеќе од 7000 острови во Југоисточна Азија, во западниот дел на Тихиот океан. Оваа метрополитенска област е поделена на 6 административни делови, кои сочинуваат 17 области, а една од нив е градот Манила – главниот град на Филипините, кој се наоѓа на источниот брег на заливот Манила. Интересен факт за овој град е тоа што претставува најгусто населен … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Миграциите како социоекономска појава и нивните влијанија врз туризмот

Миграциите како социоекономска појава и нивните влијанија врз туризмот

15.12.2020 Како социјален елемент, миграциите постојат уште од времето на постоењето на човекот, кој како единка или во група морал да го менува своето место на живеење поради опстанок. Миграциите се јавуваат во сите општества и можат да бидат поттикнати од економски, социјални, етнички, културни или други фактори. Меѓу другото, тие исто така имаат и големо влијание за промена на истите општествени фактори од кои се поттикнати. Покрај влијанието на миграциите врз начинот на живеењето во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Последици врз животната средина предизвикани од пандемијата COVID 19

Последици врз животната средина предизвикани од пандемијата COVID 19

15.12.2020 Покрај тоа што Корона вирусот стана еден од најголемите предизвици за справување за човештвото, од здравствен, економски, социјален и психолошки аспект, исто така тој донесе и големи промени во природата и животната средина. Заради згаснувањето на туризмот, интензивното намалување на транспортот (авионски, сообраќаен итн.), како и поради честото воведување на полициски час или за метрополите целосен „lockdown“, значително се намали аерозагадувањето на светско ниво. Да потенцираме дека аерозагадувањето значително се намали гледано само глобално ниво, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: На тема, По Светот

Тирана – склоп на модерен и туристички град

Тирана – склоп на модерен и туристички град

13.12.2020 Позиционирана скоро во централниот дел на земјата, Тирана е главен град на политичкиот, економскиот и културниот живот на Албанија. Имено, овој модерен и туристички град се наоѓа на 110 m надморска височина, во западното подножје на планината Дајти (1612 m), односно 25 km од Националниот Парк Дајти. Планината Дајти, позната како Балкон на Тирана, освен што е лоцирана во близина на Јадранското Море, се издига над градот и му дава неверојатен поглед. Воедно, Тирана се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Фазан – остров со специфична административна организација

Фазан – остров со специфична административна организација

11.12.2020 Oстровот Фазан е лоциран на самата граница помеѓу Франција и Шпанија, на само неколку десетици метри од брегот на двете земји. Се наоѓа во коритото на реката Бидисоа, а неговата територија припаѓа на две одделни нации истовремено. Она што е интересно за овој мал речен остров, е тоа што го менува суверенитетот на секои шест месеци, како дел од редок, вековен договор. Можеби изгледа како ништо посебно, но ова мало парче земја е дом на вековната … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Хилиер – розевото езеро во Австралија

Хилиер – розевото езеро во Австралија

11.12.2020 Понекогаш за да добиеме одговор на прашањата за природата, треба да се потсетиме колку нашата планета е необична. Природата е позната по своите извонредни и чудесни убавини. Една од нив е соленото езеро Хилиер, кое се наоѓа на островот Мидл во западна Австралија. Имено, ова не е единственото розово езеро на светот, но секако најдолго го задржа вниманието на научниците. Блескавата светлорозова површина на езерото Хилиер, гледана од воздух, изгледа како глазура на тркалезна торта … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Најсолените езера во светот!

Најсолените езера во светот!

08.12.2020 Соленоста на езерските води варира од една до друга локација и од сезона во сезона. Иако многумина ке помислат дека Мртвото Море, како водена површина ја поседува најголемата количина на сол во светот, сепак не е така. Во продолжение ке ги наведеме 7-те најсолени езера во светот. 1. Езерото Гаетале Понд е дел од серијата мали езерца лоцирани во близина на изворот Далол во Етиопија. Сместено е во Афарската депресија воо северна Етиопија, која имено е … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Окленд – Градот на едрата!

Окленд – Градот на едрата!

30.11.2020 Окленд, не само што е најголемиот град на Северниот Остров на Нов Зеланд, туку и во земјата. Имено, лоциран е во најсеверниот дел на Северниот остров, помеѓу заливот Хаураки на Тихиот Океан на исток, ниските планински венци Хунуа на југоисток, заливот Манукау на Тасманово Море на југозапад и планинскиот венец Ваитакере на северозапад. Централниот дел од населената област го завзема теснецот помеѓу заливот Манукау на Тасмановото Море и заливот Ваитемата на Тихиот Океан. Воедно, Окленд се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот