Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести

Настап на студенти на Институтот за географија при ПМФ во Скопје, на престижна работилница на НАСА и ЕСА

Настап на студенти на Институтот за географија при ПМФ во Скопје, на престижна работилница на НАСА и ЕСА

Во периодот од 5 до 9 септември 2022 година, во кампусот на Карловиот Универзитет во Прага, Република Чешка се одржа голема меѓународна работилница за новите технологии во далечинска детекција (RS-Remote Sensing), TAT-2022 (TAT-9). ТАТ (Trans-Atlantic-Training) претставува серија годишни работилници и курсеви за набљудување на Земјата (EO), организирани од 2013 година од страна на Националната аеронаутичка и вселенска агенција (NASA), Европската вселенска агенција (ESA) и Карловиот Универзитет во Прага, Чешка. Оваа година тренинг-курсот на ТАТ 2022 … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести

Неоткриена пештера во атарот на с. Лешани

Неоткриена пештера во атарот на с. Лешани

Пештерата позната под името Змија Дупка се наоѓа во котлината Дебрца, во атарот на с. Лешани или поточно на околу 2.5 km источно од Лешани пред месноста викана Бозоец. Пештерата се наоѓа на околу 930 м.н.в со координати 41°16’31’’ северна географска широчина и 20°53’30” источна географска должина. Оваа пештера е позната само меѓу локалните жители на с. Лешани и не е позната во јавноста, а крие голем број убавини како од геолошко-геоморфолошки, така и од туристички … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести

За пештерата Рамниште кај Прилеп

За пештерата Рамниште кај Прилеп

За време на спелеолошките истражувања од 2005 до 2007 година, во близина на Прилеп, истражувани биле пет пештери, од кои особено е интересна пештерата Рамниште. Оваа пештера е првиот примерок на пештери во Македонија која не се формирала врз компактна карпа (варовник), односно е кластокарстна пештера. Рамниште се наоѓа помеѓу селата Крстец и Оревоец, на западната страна на планината Козјак (1745 m), дел од масивот Бабуна. Иако пештерата на локалното население му била одамна позната, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести

Успешно реализирана online работилница на светскиот бренд HERE Technologies  на Институтот за географија

Успешно реализирана online работилница на светскиот бренд HERE Technologies  на Институтот за географија

Во текот на вчерашниот ден, 31.03.2022 година, успешно се реализираше уште една работилница  помеѓу Институтот за географија при ПМФ и  познатиот светски бренд HERE Technologies. Работилницата се реализираше во рамките на предметот Глобален Позиционен Систем за студентите 3-та година, каде се вклучија и студентите од 4-та година, на студиите по насоката Географски Информациски Системи. Студентите се стекнаа со нови знаења за просторните податоци како и проучување и совладување на програмите Map Creator и , кои … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности, Географски вести

Краток осврт на земјотресот во Лерин-Битола од 9-ти јануари 2022

Краток осврт на земјотресот во Лерин-Битола од 9-ти јануари 2022

Земјотрес или потрес на земјата е природна појава која настанува како резултат од поместувањето на тектонските плочи. Всушност, тектонските плочи постојано се движат и акумулираат енергија која наеднаш ја испуштаат и тогаш се појавува земјотрес. За да ги претставиме јачината и интензитетот на земјотресите се користат поимите хипоцентар, епицентар и скали за јачина и интензитет. Хипоцентар претставува точка на одредена длабочина во Земјата каде започнал земјотресот, додека епицентар претставува точка на површината на Земјата која … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести

Мегалополисот Мумбај!

Мегалополисот Мумбај!

22.09.2021 Пронајден 1668 год. тогаш познат како Бомбај, а од 1995 год. преименуван во Мумбај, денес претставува главен град на Сојузната држава Махараштра во Индија. Своето име според едни податоци, го добил од божицата на локалните риболовци „Мумба Деви“, која ги штитела нивните трговски интереси. Согласно податоците од Соединетите држави, во 2018 година Мумбај е втор најнаселен град во Индија, и седми најнаселен град во светот со околу 20 милиони луѓе. Според други податоци името Бомбај било … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Натпревари по географија во време на пандемија

Натпревари по географија во време на пандемија

28.07.2021 Македонското географско друштво оваа година во невообичаени услови за работа и ограничувања кои ги наметна пандемијата со Covid 19, ги реализираше натпреварите по географија за средните училишта на општинско (19 март 2021), регионално (17 април 2021) и државно ниво (7 мај 2021 година). Натпреварите се спроведоа on line на три платформи: Microsoft Teams, Zoom и Webex, истите оние на кои учениците натпреварувачи ја следеа наставата. Од вкупно 138 ученици кои учествуваа на општинскиот натпревар во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, Наставни

Село Богомила – оаза на недопрена природа!

Село Богомила – оаза на недопрена природа!

27.07.2021 Меѓу селските населби кои пленaт со својата местоположба, селото Богомила изобилува со вистинска природна убавина. Поставено помеѓу високите планини, од двете страни на реката Бабуна, свиена како во гнездо, Богомила е парче недопрена природа. Привлечно место за сите оние кои сакаат да избегаат од градскиот метеж, џаорот и нечистата животна средина. Поседува разновидни атракции кои можат на еден посетител да му приредат пријатен и незаборавен престој. Има содржини за сечиј вкус, за семејни луѓе, за … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Викенд предлог, Географски вести, На тема

Мистеријата за пирамидите во Гиза

Мистеријата за пирамидите во Гиза

17.06.2021 Мистеријата отсекогаш не фасцинирала и ни давала некој мотив се повеќе да ја истражуваме нашата Земја. Токму таа мистерија е карактеристична и за пирамидите во Гиза. Градот Гиза, се наоѓа во северниот регион на Египет, на западниот брег на реката Нил. Претставува трет по големина египетски град, зад Каиро и Александрија, а неговата стратешка локација во близина на некогашната, античка престолнина на Мемфис, го направи важен град низ египетската историја. Комплексот на мистериозните пирамиди во Гиза … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, Отворено..., По Светот

Извори на податоци во далечинската детекција

Извори на податоци во далечинската детекција

16.06.2021 Evelyn L. Pruitt е познат географски истражувач од Соединетите Американски Држави која се залагала за примената на далечинската детекција во географијата, но и за разни теренски истражувања на меѓународно ниво. Нејзините залагања се одвивале во период од 40-те до 70-те години на 20-от век, а воедно таа ја дава следнава дефиниција за оваа проблематика која гласи: “Далечинската детекција е наука и уметност за идентификување, набљудување и мерење на предмети и објекти без да се дојде … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Покарактеристични села во северниот дел на Италија – скриено богатство во Европа!

Покарактеристични села во северниот дел на Италија – скриено богатство во Европа!

14.06.2021 Северниот дел на Италија е еден од најразвиените делови во Европа. Од автомобилската индустрија, па се до туризмот, овој дел може да се пофали со многу атракции. Во овој дел се наоѓаат и некои од најголемите градови како што се Рим, Милано и Торино. Но, покрај големиот број на познати атракции во овој регион, селата во овој дел се сметаат за еден вид на скриено богатство. Kарактеристичната архитектура, специфичните тесни улички и преубавите пејсажи се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Видиковец кај црквата Св. Сава – еден од најубавите погледи кон Јадранското Море

Видиковец кај црквата Св. Сава – еден од најубавите погледи кон Јадранското Море

14.06.2021 Патувањето е една од најисполнителните работи за секој човек. Сите ние патуваме од различни причини. Некој патува со цел да се одмори и рекреира, некој со цел да спортува, некој патува со цел да запознае нови луѓе и култури и слично. Во овој случај, Црна Гора е мала земја, но со изобилство на природни убавини, културни знаменитости и можности за патување, уживање, одмор и туристичко разгледување. Таа е земја на море и планина, чиста природа … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Историјата на пазар, географскиот простор заборавен

Историјата на пазар, географскиот простор заборавен

09.05.2021 ЗА ГЕОГРАФСКИОТ И ИСТОРИСКИОТ КОНТИНУИТЕТ НА  МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ НИЗ ИСТОРИЈАТА Мешање на политиката во науката Заради мешање на политиката во науката, неуки политичари си земаат за право да формираат разно разни комисии од кои се очекува да дадат некое мислење, кое тие политичарите/политикантите ќе можат да го користат како алиби за нивните наводни големи дипломатски достигнувања, па и ако се на штета на сопствената држава и нација. Во тој контекст се формирани и меѓудржавните комисии меѓу … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Стандардизација и стандарди од областа на туризмот во Република Македонија

Стандардизација и стандарди од областа на туризмот во Република Македонија

06.04.2021 За потребите на истражувањето направена е анализа, со која се оценува примената и придобивките од стандардите во областа туризам и сродните услуги, со цел на заинтересираните страни да им се обезбедат критериуми за донесување информирани одлуки кои обезбедуваат одржливост во работењето. Стандардизацијата помага во развојот на бизнисот и стратегиите на компаниите, преку воведување на стандарди внатре во самата компанија заради поквалитетни производи и поголема продуктивност. Стандардите и процесот на стандардизацијата, претставуваат алатка за економски и … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Валог – Интересна геоморфолошка форма во релјефот на Македонија

Валог – Интересна геоморфолошка форма во релјефот на Македонија

30.03.2021 Во околината на кочанското село Бели во релјефот се јавува една интересна геоморфолошка форма, кај месното население позната под името Валог. Тоа е вдлабнатина во земјата која има стрмни страни но не е суводолица, ни дол, бидејки нема ни извор ни водотек, има рамно дно но не е речна ни езерска тераса. Во географската литература до сега не е забележена. Се поставува прашањето, што претставува Валогот, кога и како е настанат, имали стопанско значење, поготово … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, Чудесна Македонија

71 годинa oд формирање на Светската метеоролошка организација и 61 година Светски метеоролошки ден

71 годинa oд формирање на Светската метеоролошка организација и 61 година Светски метеоролошки ден

24.03,2021 Секоја година на 23-ти март, Светската метеоролошка организација (СМО), заедно со метеоролошките и хидрометеоролошките организации го слават Светскиот метеоролошки ден и го одбележуваат стапувањето на сила на Конвенцијата на СМО која стапила на сила на 23-ти март 1950 година. Како основа за одбележување на овој ден претставници од 31 земја претходно, на 11-ти октомври 1947 година, едногласно го усвоиле текстот на Конвенцијата,  на конференцијата на директори на Национални метеоролошки служби одржана во Вашингтон (на која … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Реформи, реформи и само реформи во образованието во Македонија!?

Реформи, реформи и само реформи во образованието во Македонија!?

09.02.2021 Реформи!? Од пред неколку месеци се зборува за некакви реформи во образованието во Македонија. Зошто повторно, сега, кога пред околу пет-шест години истите беа направени со воведување на предметите природни и општествени науки? Тогаш во 4-то, 5-то и 6-то одделение се воведе предметот Природни науки (во кој партиципираат содржини од биологија, физика и хемија), а како поспецифични содржините поврзани со Земјата во вселената и Земјата како планета со нејзините сфери се ставија во предметот географија во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, Отворено...

Податоци за катастрофалниот земјотрес во Петриња – Хрватска

Податоци за катастрофалниот земјотрес во Петриња – Хрватска

02.01.2021 Како што веќе ни е познато, земјотресите се природна појава која што е резултат на поместувањето на тектонските плочи, движењето на земјината кора, при што се ослободува голема енергија што води до потресување на Земјата. Секој од земјотресите се карактеризира со параметри: време на настанувањето, хипоцентар, епицентар, длабочина на хипоцентарот, епицентрално растојание и сила на енергија. Хрватската провинција Банија беше сериозно погодена на 28 декември 2020 година во 6 часот и 28 минути по локално … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Што е присојна а што осојна страна?

Што е присојна а што осојна страна?

20.01.2021 Сонцето претставува главен извор на светлина и загревање на Земјата. Сончевите зраци што достигнуваат до Земјината површина најпрво го загреваат копното и водите. Степенот на загреаност на Земјината површина зависи од повеќе фактори и тоа: Од аголот под кој паѓаат сончевите зраци во текот на денот и годината, надморската височина на земјиштето, наклонот, експозицијата на теренот, облачноста и др. Сепак, најголемо значење претставува експозицијата на теренот, односно која страна од земјиштето е насочено кон Сонцето. … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема

Миграциите како социоекономска појава и нивните влијанија врз туризмот

Миграциите како социоекономска појава и нивните влијанија врз туризмот

15.12.2020 Како социјален елемент, миграциите постојат уште од времето на постоењето на човекот, кој како единка или во група морал да го менува своето место на живеење поради опстанок. Миграциите се јавуваат во сите општества и можат да бидат поттикнати од економски, социјални, етнички, културни или други фактори. Меѓу другото, тие исто така имаат и големо влијание за промена на истите општествени фактори од кои се поттикнати. Покрај влијанието на миграциите врз начинот на живеењето во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема