Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Активности

Успешен настап на конференцијата SCERIN-5 со презентација на најновите достигнувања во далечинската детекција!

Успешен настап на конференцијата SCERIN-5 со презентација на најновите достигнувања во далечинската детекција!

25.06.2017 Во периодот 20-23.06.2017 година, во просторииите на Унгарската Академија на науките во Печуј се одржа голема меѓународна конференција за новите технологии во далечинска детекција (RS-Remote Sensing), SCERIN-05. SCERIN претставува регионална истражувачка група во која членуваат земјите од централна и југоисточна Европа, а од оваа година и Република Македонија. Групата е блиску поврзана со Европската вселенска агенција (ESA) и Американската NASA, а целта е развој и унапредување на нови технологии, производи и постапки за далечинска детекција, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Од учеството на Транс-Атлантскиот тренинг за далечинска детекција, ТАТ-5

Од учеството на Транс-Атлантскиот тренинг за далечинска детекција, ТАТ-5

25.06.2017 Во периодот од 16-20.06 2017 година, на Универзитетот во Печуј во Унгарија, беше одржан 5-тиот по ред Транс-атлански тренинг (TAT-5) за далечинска детекција. Целта на ТАТ e запознавање со најновите технологии во далечинската детекција, начини и постапки за нивна примена, а сето тоа преку серија на предавања, вежби и дискусии со врвни истражувачи и инженери од ESA и NASA (Francesco Holecz, Garik Gutman, Chris Stewart, Mutlu Ozdogan, Noel Gorelick и др.). ТАТ-5 беше овозможен во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Одлично организирана регионална геоморфолошка конференција во Постојна, Словенија

Одлично организирана регионална геоморфолошка конференција во Постојна, Словенија

21.09.2016 Во периодот од 13 до 18.09.2016 година, во градот Постојна во Република Словенија се одржа конференција на Карпато-Балканско-Динарската геоморфолошка комисија (CBDGC), која е дел од Меѓународната геоморфолошка унија (IAG-International Association of Geomorphologists). Конференцијата беше организирана со помош на Словенечкото геоморфолошко друштво, Институтот за карст од Постојна и одделот за географија при Филозофскиот факултет во Љубљана. На настанот беа присутни 30-тина истражувачи од повеќе држави: Словенија, Чешка, Словачка, Полска, Унгарија, Романија, Хрватска, Македонија и др. Главен акцент беше … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Регионален натпревар по географија во Скопје

Регионален натпревар по географија во Скопје

10.04.2016 Деветти април 2016 година беше ден посветен на младите географи. Тогаш низ целата држава се спроведоа регионалните натпревари по географија за основно и средно училиште. Во секој град младите луѓе, иднината на географската наука, си ја покажаа „силата“ по географија. Таква позитивна, натпреварувачка атмосфера имаше и во најголемиот регион од државата-Скопскиот регион. Оваа година, во градот Скопје, 80 ученици од 35 основни училишта и 46 ученици од 11 средни училишта земаа учество на регионалниот натпревар по … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности, Наставни

Пролетен семинар за наставниците и професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

Пролетен семинар за наставниците и професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

23.03.2016 Согласно предвидените активности во програмата за работа на Македонското географско друштво пред самиот почеток на пролетта, на 19. 03. 2016 година во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа семинар наменет за стручно усовршување на наставниците и професорите по географија од основните и средните училишта. На семинарот присуствуваа 180 учесници од сите делови на Република Македонија. Врз основа на сознанијата од спроведената анкета меѓу одреден број наставници по географија околу темите кои би сакале … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Четири години од објавување на првата статија на ИГЕО-порталот!

Четири години од објавување на првата статија на ИГЕО-порталот!

9.11.2015 Вистинска чест и задоволство ни е што во среда, на 11.11.2015 година, ИГЕО-порталот го навршува својот 4-ти роденден. Речиси 700 статии, од кои над 200 оригинални и авторизирани. Близу 200 000 уникатни посетители и преку 400 000 посети директно на порталот и уште толку преку нашите партнери, особено Факултети.мк на кој сме му посебно благодарни. Слободно може да кажеме дека ИГЕО стана географски бренд во Македонија. Читан и следен не само во нашата држава, туку и во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Успешен настап на големата меѓународна научна конференција „Geomorphometry 2015“ во Познањ

Успешен настап на големата меѓународна научна конференција „Geomorphometry 2015“ во Познањ

30.06.2015 Во периодот од 22 до 26 јуни 2015 година, во градот Познањ во Полска се одржа голема меѓународна научна конференција „Geomorphometry 2015“. Тематскиот наслов на конференцијата беше „Геоморфометријата во моделирањето на природните непогоди“ (Geomorphometry for Natural Hazards Geomodelling). На конференцијата која се изведуваше во просториите на Географскиот факултет при Универзитетот „Адам Мичкиевич“ во Познањ, присуствуваа околу стотина научници од 24 држави од сите континенти. За трите дена на конференцијата, беа прикажани 70-тина говорни и 30-тина постер презентации со … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Посета на д-р С. Бухер од Словачка на Институтот за географија во рамките на програмата CEEPUS

Посета на д-р С. Бухер од Словачка на Институтот за географија во рамките на програмата CEEPUS

5.05.2014 Институтот за географија веќе неколку години е дел од CEEPUS програмата за размена на наставници и студенти. Во рамките на програмата за работа во мрежата на GEOREGNET имавме можност наши студенти да присуствуваат на летната школа во Прешов, овој септември 2014 година одобрена е апликација на наш студент на летната школа во Краков, Полска, а во очекување се апликациите за летната школа во 2015 година во Нови Сад. Истовремено се одвиваат и активностите околу размена на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Институтот за географија започна соработка со компанијата NOKIA -HERE

Институтот за географија започна соработка со компанијата NOKIA -HERE

12.04.2014 На 2.04.2014 година, во компјутерскиот кабинет на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје беше одржана првата практична работилница од страна на регионалното претставништво на компанијата „HERE“ за ЈИ Европа, која е во состав на светскиот гигант „NOKIA„. Работилницата беше одржана под раководство на д-р Свемир Горин (ПМФ) и тимот на „HERE“ под раководство на г-дин Александар Тодоров. На работилницата студентите беа обучувани за користење на софтверскиот пакет „Map Creator„ со кој се креираат … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Во саботата одржан стручен семинар за наставниците по географија од Република Македонија!

Во саботата одржан стручен семинар за наставниците по географија од Република Македонија!

17.03.2014 Согласно планираните програмски активности, на 15 март 2014 година (сабота), Претседателството на Македонското географско друштво (МГД) организираше еднодневен стручен семинар за наставниците и професорите по географија, од основните и средните училишта во Република Македонија. Семинарот се одржа во просториите на Институтот за географија при ПМФ во Скопје, поточно во големиот амфитеатар на Институтот, во периодот од 10 до 14 часот. За време на семинарот, беа одржани следните предавања и презентации: „Резултати и сознанија од научниот симпозиум … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Во Белград одржана научна конференција за природни непогоди

Во Белград одржана научна конференција за природни непогоди

17.10.2013 Во периодот од 8-11.10.2013 година, во организација на Географскиот институт Јован Цвијиќ, во зградата на САНУ во Белград се одржа меѓународна конференција на тема: „Natural Hazards-Links Between Science and Practice” (Природни непогоди-врска помеѓу науката и практиката). Темата е навистина извонредно погодена, имајќи во предвид колкави штети па и жртви предизвикуваат природните непогоди во последно време, а сето тоа главно како последица на директното или индиректното влијание на човекот. На конференцијата учествуваа 17 држави претежно од Балканскиот … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Впечатоци од Светската геоморфолошка конференција во Париз

Впечатоци од Светската геоморфолошка конференција во Париз

17.10.2013 Во периодот од 27-31 август 2013 година, во познатиот комплекс Cite de Scienceсе во Париз се одржа 8-та светска конференција на Меѓународната геоморфолошка унија (ИАГ), тематски насловена како “Geomorphology and Sustainability” (геоморфологијата и одржливоста). Ова беше најголем научен собир на истражувачите кои се занимаваат со проучување на релјефот, а се одржува на секои 4 години. Според податоците од организаторот, конференцијата во Париз беше најпосетена до сега, со околу 1500 присутни геоморфолози од 65 држави. Заради … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Известување за регионалните натпревари по географија

Известување за регионалните натпревари по географија

21.03.2013 Согласно пропозициите во врска со одржување на натпреварите по географија, информираме дека регионалните натпревари по географија за Скопскиот регион ќе се одржат на 30. 03. 2013 година (сабота), со почеток во 10 часот во просториите на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Сите потребни процедури во врска со натпреварот ќе се спроведат во наведениов ден со екипа одредена од страна на Македонското географско друштво. За подетални информации обратете се на: biljana.apostolovska@gmail.com. Ве молиме … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Прв роденден на ИГЕО порталот!

Прв роденден на ИГЕО порталот!

12.11.2012 Денес, на 12.11.2012 година, ИГЕО порталот го прославува својот прв роденден откако пред точно една година беше поставена првата официјална статија. Во изминатата година, на порталот се објавени вкупно 340 статии или во просек по околу 28 статии месечно. Најголем број статии се објавени во ноември 2011 година – дури 48, а најмалку во октомври оваа година, 14. По категории, најголем број се „Географски вести“ 128, потоа „На тема…“ 87, „Чудесна Македонија“ 47 и др. … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Искачување до Големото Езеро и врвот Ветерница (2420 м) на планинскиот масив Баба (Пелистер)

Искачување до Големото Езеро и врвот Ветерница (2420 м) на планинскиот масив Баба (Пелистер)

Од 4-8.10.2012 во Националниот парк Пелистер се одржа Балканијадата под организација на ЕГЕА Скопје. Како една од активностите на оваа Балканијада беше експедицијата до прекрасното глацијално „Големо Езеро“ и до врвот Ветерница 2420 м. На оваа експедиција зедоа учество поголемиот дел од учесниците на Балканијадата кои беа од различни држави: Македонија, Србија, Хрватска и Словенија. Стартот за искачувањето беше предвиден во вториот ден од програмата (5.10.2012), а учесниците тргнаа во 8 часот наутро. На учесниците … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

4та Георегнет летна школа Прешов

4та Георегнет летна школа Прешов

Од 3-16ти септември се одржа 4та интернационална Георегнет летна школа во Прешов, под наслов „Geography as a Socially  Relevant Discipline“. Овогодинешната  Георегнет летна школа беше во организација на Универзитетот од Прешов, а помогната од CEEPUS програмата. Оваа година за прв пат  имаше претставници од Институтот за Географија при Природно-математичкиот факултет од Скопје,  Дарко Стојчески и Глигорије Џилвиџиев. Предавањата на летната школа, беа изведени од реномирани професори од неколку европски држави и тоа: Лудек Сикора (Чешка);Питер Пачура … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Теренска настава во источниот дел на Република Македонија

Теренска настава во источниот дел на Република Македонија

Во периодот од 22 до 24 мај се изведе тридневна теренска настава низ источна Македонија под раководство на проф. д-р. Драган Колчаковски. Теренска настава беше наменета за студенти географи кои го слушаат предметот Физичка географија на Република Македонија, а покрај географи на теренската учестуваше и мала група на биолози. Првично временските услови беа стабилни без врнежи од дожд, па така успеавме да ги посетивме базалтните плочи кај Младо Нагоричане (Куманово), додека кон Кокино временските услови … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Приматијада 2012

Приматијада 2012

Во периодот 28.04.-03.05.2012 година во Албена на бугарското приморје се одржа 39-тиот по ред собир на природно-математичките факултети од регионот – Приматијада 2012. Повторно на едно место се собраа околу 2000 студенти од просторите на поранешна Југославија за да се натпреваруваат во спорт и наука, но и да се дружат и стекнуваат нови пријателства. Овој пат организатор беше хемискиот факултет од Белград и одлично се покажа во таа улога. Од изборот на локација, хотел, исхраната, … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

ИГЕО-поратлот ја надмина бројката од 10000 посетители и 60000 посети!

ИГЕО-поратлот ја надмина бројката од 10000 посетители и 60000 посети!

27.02.2012 За неполни 4 месеци од своето појавување на 11 ноември 2011 година, првиот географски портал во Република Македонија – ИГЕО портал, постигна навистина висока посетеност. Имено, вкупната бројка на посетители надмина 10.000, додека вкупниот број на посети е речиси 60.000. Во овие стотина дена, објавени се точно 120 статии од разни области блиски со географијата, потоа со активностите на студентите географи, статии поврзани со одредени наставно-научни проблеми и слично. Големата посетеност укажува на потребата од … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Семинар во организација на Македонското географско друштво

Семинар во организација на Македонското географско друштво

Во сабота на 21 јануари, во просториите на Природно-математичкиот факултет беше одржан четвртиот Семинар за наставниците по географија во Република Македонија, во организација на Македонското географско друштво. И покрај релативно лошите временски услови, на настанот присуствуваа 50-тина наставници од различни делови на државата. Во рамките на семинарот беа презентирани 3 стручни предавања поврзани со регионалната географија, односно географските региони во Светот (проф. д-р Благоја Маркоски), потоа географијата и геополитиката (проф. д-р Ристо Мијалов и Горан … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности

Advertisment ad adsense adlogger