Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Наставни

Изведена теренска настава до Катлановска Бања

Изведена теренска настава до Катлановска Бања

На 22 ноември 2021 година беше реализирана теренска настава на просторот на Катлановска Бања со студентите од Институтот за географија. Теренската настава беше организирана согласно наставната програма по предметите општа геологија со петрографија (за студентите на студии ои географија), бањски туризам и претприемништво (за студентите на насока туризам).Во рамките на теренската настава проф. д-р Ивица Милевски имаше предавање за геолошките карактеристики на просторот, за потеклото и особеностите на термалните води. Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Натпревари по географија во време на пандемија

Натпревари по географија во време на пандемија

28.07.2021 Македонското географско друштво оваа година во невообичаени услови за работа и ограничувања кои ги наметна пандемијата со Covid 19, ги реализираше натпреварите по географија за средните училишта на општинско (19 март 2021), регионално (17 април 2021) и државно ниво (7 мај 2021 година). Натпреварите се спроведоа on line на три платформи: Microsoft Teams, Zoom и Webex, истите оние на кои учениците натпреварувачи ја следеа наставата. Од вкупно 138 ученици кои учествуваа на општинскиот натпревар во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, Наставни

РГД „Геосфера“ од Битола изработи web-страна со наставни содржини по географија

РГД „Геосфера“ од Битола изработи web-страна со наставни содржини по географија

22.05.2020 Во текот на месец март, откако беше прекинат редовниот воспитно-образовен процес, просветните работници беа приморани да бараат алтернативни начини за пренесување на своите знаења и поврзување со учениците. Паралелно со изведувањето на online наставата, група наставници, членови на Регионалното географско друштво „Геосфера“-Битола дојде до идеја да изработи web-страна со наставни содржини по географија за часовите во сите одделенија во основното и средното гимназиско образование. Истите треба да се реализираат до крајот на учебната година, а … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, На тема, Наставни

Теренска настава во околината на Кожуф и Кавадарци

Теренска настава во околината на Кожуф и Кавадарци

15.05.2020 Учениците од Oсновното училиште „Стојан Бурчевски Буридан“ Иванковци-Велес и оваа учебна година реализираа теренска настава од рекреативно-едукативен карактер. Овој пат целта што си ја поставивме беше планината Кожуф и областа околу Кавадарци, со посета на повеќе географски објекти. Се разбира, за да ја реализираме успешно планираната теренска настава, клучна улога имаше и времето, каде што чекавме убав сончев викенд. На почетокот на oктомври тргнавме на нашето патување од с.Иванковци, Велешко и се упативме кон Кавадарци. … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности, На тема, Наставни

Ноември – месец на наука, 2019

Ноември – месец на наука, 2019

16.12.2019 Во текот на месец ноември, по четврти пат Македонското географско друштво, Македонското биолошко друштво, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштвото на физичарите на Република Македонија, Сојузот на математичари на Македонија, Македонското астрономско друштво, Скопското астроном¬ско друштво, Македонското еколошко друштво, Истражувачко друштво на студенти географи „Природник“, Истражувачкото друштво на студенти биолози и Природно-математичкиот факултет ја организираа манифестацијата Ноември месец на наука, 2019. Оваа година реализацијата на настанот ја спроведе Македонското географско друштво. Главна замисла на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Теренски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

Теренски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

14.10.2017 На 6 октомври 2017 година, од страна на Македонско географско друштво беше организиран теренски семинар за професорите по географија на просторот на Кочанската Котлина. Освен главното предавање од проф. д-р Александар Стојмилов посветено на ДЕМОГРАФСКИОТ И ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ РАЗВОЈ НА ГРАДОТ КОЧАНИ, попатно професорот Стојмилов говореше за природно-географските и социо-економските карактеристики на просторот низ кој се одвиваше патувањето, со што беше збогатена едукативната содржина на семинарот. На просторот на градот Кочани учесниците на семинарот имаа можност да … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Реализирана посета со студенти на географските факултети во Софија и во Ниш

Реализирана посета со студенти на географските факултети во Софија и во Ниш

4.05.2017 Во периодот од 25 до 27 април (вторник до четврток), група студенти од насоката ГИС и од наставната насока на Институтот за географија при ПМФ во Скопје, заедно со 5 члена од наставниот кадар, реализираа посета на Геолого-географскиот факултет при СУ во Софија и на департманот за географија при ПМФ во Ниш. Првиот ден, групата пристигна во Софија, продолжувајќи со автобусот до зимско-спортскиот центар Алеко на планината Витоша. Од овој центар кој се наоѓа на 1850 … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, Наставни

Посета и предавање на професори од Географскиот факултет на Универзитетот во Белград

Посета и предавање на професори од Географскиот факултет на Универзитетот во Белград

10.04.2017 Во периодот од 5-7 април, во посета на Институтот за географија беа проф. д-р Предраг Манојловиќ и доц. д-р Сања Манојловиќ од Географскиот факултет при Универзитетот во Белград. Во рамките на посетата, на 6 април (четврток), од 10-12 часот, гостите одржаа две предавања од областа геоморфологија, под наслов: Хемиска ерозија како геоморфолошки процес (од д-р Предраг Манојловиќ) и Рецентни промени на транспортот на суспендираниот нанос во реките во Србија (од д-р Сања Манојловиќ).   Двете предавања беа проследени со … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Реализирана посета на меѓународниот саем за туризам во Загреб

Реализирана посета на меѓународниот саем за туризам во Загреб

24.03.2017 Институтот за географија во периодот од 15-19.03.2017 година организираше и успешно реализираше теренска настава, наменета за студентите од насоката туризам, а која првенствено се однесуваше на посета на меѓународниот саем за туризам Place2Go во Загреб, Република Хрватска. Организаторот на саемот, списанието Place2go е водечко туристичко списание во регионот кое на современите патници им нуди интересни и корисни информации за домашни и странски светски дестинации. На саемот, претставниците на Институтот имаа кратки средби со дел од учесниците … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Успешно реализирана традиционалната теренска настава низ Демиркаписката Клисура

Успешно реализирана традиционалната теренска настава низ Демиркаписката Клисура

29.11.2016 Tрадиционалната теренска настава низ Демиркаписката Клисура која се одржа на 16.11.2016 година уште еднаш беше успешно реализирана. На оваа теренска настава присутни беа студентите од I и II година од наставната насока при Иститутот за Географија и студентите од еколошката насока при Иститутот за Биологија. Првата попатна станица на групата од студенти и професори беше Катлановско Блато каде што проф. д-р Драган Колчаковски објаснуваше кое е значењето на овој предел. Катлановското Блато во 1965 година, согласно … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Успешно реализирано стручно предавање на Географскиот факултет во Белград!

Успешно реализирано стручно предавање на Географскиот факултет во Белград!

10.11.2016 По покана на Географскиот факултет при Универзитетот во Белград, на 7 ноември од страна на д-р Ивица Милевски од Институтот за географија при ПМФ во Скопје, беше изведено стручно предавање за студентите, наставниците и соработниците од овој факултет. Темата на предавањето беше „Природните непогоди во Република Македонија“, со посебен осврт на скопската поплава и земјотресот во август и септември оваа година. Во предавањето беше укажано на досегашните поголеми забележани природни непогоди и катастрофи, природните и антропогени фактори за … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Реализирана теренска настава на територијата на Република Бугарија

Реализирана теренска настава на територијата на Република Бугарија

8.11.2016 Институтот за географија во периодот од 19-21.10.2016 година, организираше и успешно реализираше теренска настава, наменета за студентите од насоката туризам, а која првенствено се однесуваше на посета на туристичкиот центар во Банско – Република Бугарија. На теренската настава студентите имаа можност да видат како изгледа една туристичка дестинација во која туризмот бележи експанзивен раст, како во бројот на туристи, така и во бројот на реализирани ноќевања, но и во зголемувањето на бројот на сместувачки капацитети. Теренската настава … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Есенски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво!

Есенски семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво!

19.10.2016 На 15.10.2016 година во организација на Македонското географско друштво беше одржан втор семинар оваа година посветен на стручна едукација за професорите по географија од основните и средните училишта во Република Македонија. На овој т.н. есенски семинар присуствуваа 153 учесници од сите делови на Република Македонија кои за своето учество на семинарот добија сертификат. Изборот на темите за предавање и овој пат беше направен според резултатите од предходно спроведената анкета кај одреден број професори по географија. Според … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Одлично реализирана теренска настава низ Република Бугарија!

Одлично реализирана теренска настава низ Република Бугарија!

19.05.2016 Во рамките на студиските програми ГИС (Географски информациски системи) и Наставна географија на Институтот за географија при ПМФ во Скопје, во периодот од 11 до 13 мај 2016 година, се изведе тридневна теренска настава низ Република Бугарија. При тоа беа посетени навистина интересни места, како по своите природни, така и по социо-економски и историски карактеристики. Теренската започна на 11 мај (среда) во 7.30 часот наутро со тргнување од Скопје, преку Куманово, Крива Паланка, Ќустендил, Радомир, Перник, Софија, преку голем превал низ планината … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Предавање на д-р Сем Вакнин на Иститутот за географија

Предавање на д-р Сем Вакнин на Иститутот за географија

22.04.2015 Во просториите на Природно-математичкиот факултет, а на покана на Институтот за географија на 21.04.2016 година се одржа предавање со наслов Безбедноста во туризмот. Предавањето го изведоа г-дин Златко Николоски, вработен во Министерството за внатрешни работи, но и доктор на науки од областа на безбедноста и почесниот гостин, господинот Сем Вакнин, експерт од областа на економијата, финансиски аналитичар, но и признат аналитичар на прашања поврзани со геополитиката, политичката географија, но и туризмот. Гостите беа пречекани од највисокото … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Географски вести, Наставни

Теренска настава за студентите на Институтот за географија до „Тимјаничка цуцка“

Теренска настава за студентите на Институтот за географија до „Тимјаничка цуцка“

15.04.2016 На 06.04.2016 година се реализираше еднодневна теренска настава наменета за студентите од насоките: Наставна географија, Географски информациски системи и Демографија од прва година и студентите од четврта година на насоката Туризам. Наставата беше во рамки на предметите Картографија и Туристичка картографија. Целта беше непосредно на терен да се обработи проблемот ориентација во географскиот простор. Во контекст на темата беа обработени видовите ориентација, начините на ориентација, ориентацијата на земјиштето со помош на разни предмети и знаци … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Регионален натпревар по географија во Скопје

Регионален натпревар по географија во Скопје

10.04.2016 Деветти април 2016 година беше ден посветен на младите географи. Тогаш низ целата држава се спроведоа регионалните натпревари по географија за основно и средно училиште. Во секој град младите луѓе, иднината на географската наука, си ја покажаа „силата“ по географија. Таква позитивна, натпреварувачка атмосфера имаше и во најголемиот регион од државата-Скопскиот регион. Оваа година, во градот Скопје, 80 ученици од 35 основни училишта и 46 ученици од 11 средни училишта земаа учество на регионалниот натпревар по … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Активности, Наставни

Институтот за географија на саемот за туризам во Прага

Институтот за географија на саемот за туризам во Прага

25.02.2016 Институтот за географија во периодот од 17-22.02.2016 година организираше и успешно реализираше теренска настава, наменета за студентите од насоката туризам, а која првенствено се однесуваше на посета на интернационалниот саем за туризам во Прага, Република Чешка. На саемот групата имаше можност да види како изгледа еден ваков настан, организиран во една од најбрзо растечките туристички дестинации во Европа, и водечка дестинација за урбан туризам во регионот. На саемот, претставниците на Институтот имаа кратки средби со дел од … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Потпишан меморандум за соработка помеѓу град Скопје и Македонско географско друштво!

Потпишан меморандум за соработка помеѓу град Скопје и Македонско географско друштво!

30.12.2015 Деновиве, Македонското географско друштво потпиша Меморандум за соработка со Град Скопје во врска со реализација на активностите и поддршка на натпреварите по географија во средните училишта на Град Скопје во учебната 2015/2016 година. Тоа е навистина голем успех и придобивка, бидејќи според меморандумот, градот Скопје ја презема обврската за: Медиумска промоција на натпреварите кои се одржат на ниво на Скопскиот регион; Обезбедување поддршка за поттикнување и мотивација на учениците од средните училишта на Град Скопје за поголемо … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни

Посета на музеите во Скопје со студенти од Институтот за географија

Посета на музеите во Скопје со студенти од Институтот за географија

27.12.2015 Како дел од наставната програма и реализација на вежбите по предметот Социо-економска географија на Република Македонија, студентите од IV година, наставна насока, под раководство на предметниот наставник, проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска и м-р Марија Љакоска беа во посета на три музеи на територијата на град Скопје. Посетата на Музејот на Македонската борба за државност и самостојност беше реализирана на 03.12.2015 година. Во 90 минутната обиколка на Музејот, студентите имаа можност детално да се запознаат со … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Наставни