Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Вселена

Овој викенд не очекува убава ноќна глетка кон метеорскиот рој Лириди!

Овој викенд не очекува убава ноќна глетка кон метеорскиот рој Лириди!

17.04.2018 Во текот на следните неколку денови, поточно од утре до 25-ти април, на ноќното небо ќе може да се видат чести метеори кои припаѓаат на метеорскиот рој Лириди. Лиридите името го добиле според квадрантот на небото каде се појавуваат – соѕвездието Лира во близина на ѕвездата Вега. Причина за овој метеорски рој се остатоците од кометата Татчер (C/1861 G1) која поминала блиску до Земјата и со себе оставила огромен број ситни честички на кои Земјата … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести

Почина брилијантниот физичар Стивен Хокинг

Почина брилијантниот физичар Стивен Хокинг

14.3.2018 На 76 годишна возраст почина легендарниот физичар Стивен Хокинг. Стивен Вилијам Хокинг бил роден на 8-ми јануари 1942 година, во Оксфорд, Англија. Стивен Хокинг е познат по својата извонредна работа за црни дупки и релативитет. Црна Дупка претставува регион во универзумот, каде што има силна гравитација, поради која, за било која материја, невозможно е да го напушти местото. Дури ни светлината, ниту најмалиот објект не можат да излезат од нејзиниот дофат. Оваа појава е наречена „позиција … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести

Десетте најчудни планети во Вселената

Десетте најчудни планети во Вселената

15.2.2018 Во 1994 година е откриена првата планета надвор од нашиот сончев систем. Александар Волцџан забележал невообичаени варијации во сигналот на пулсарот познат како Бета Пикторис, докажувајќи постоење на три планети во орбитата. Од ова откритие, откриени се најмалку 1.888 екстрасоларни планети, што доведе до револуција во начинот на кој научниците ја разбираат планетарната формација – па дури и еволуцијата на универзумот уште пред 13 милијарди години. Истражувањата за ѕвезди, планети и вонземски живот доведе до … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена

Што претставува феноменот „Крвава супермесечина“ кој ќе се случи во средата?

Што претставува феноменот „Крвава супермесечина“ кој ќе се случи во средата?

28.01.2018 Во среда на 31 јануари, околу полноќ, ќе може да ја набљудуваме веќе втората супермесечина за 2018-та година, заедно со т.н. „Сина“ и „Крвава“ Месечина. Супермесечина (научно: перигејна сизигија) ќе биде заради малата оддалеченост од Земјата (перигеум) од само 359.000 km (наспроти просечните 385.000 km), поради што ќе изгледа околу 13% визуелно поголема и 20-30% посјајна од вообичаеното. Реално, тие неколку проценти големина или сјајност во однос на претходните слични појави се едвај забележливи (поточно … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести

Што претставува терминот „Црна Дупка“?

Што претставува терминот „Црна Дупка“?

19.1.2018 Црна Дупка претставува регион во универзумот, каде што има силна гравитација, поради која, за било која материја, невозможно е да го напушти местото. Дури ни светлината, ниту најмалиот објект не можат да излезат од нејзиниот дофат. Оваа појава е наречена „позиција од која нема враќање“ (анг. “position of no return”). Црните Дупки се карактеризираат со можноста да ги притиснат материите во границите на многу мал простор. Тие не може да се видат, затоа што истите … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести

Зошто имаме годишни времиња?

Зошто имаме годишни времиња?

20.12.2017 Како што објавивме во претходната статија, утре (21 декември 2017 година), на северната полутопка и во Република Македонија започнува зимата. Точно во тој момент, на оваа полутопка сончевите зраци ќе паѓаат најниско над хоризонтот, а највисоко ќе бидат на јужната полутопка, односно над јужниот пов­ратник, на 23°27’ јужна географска широчина. Затоа, утре на северната полутопка ќе биде најкраток ден (или најдолга ноќ) во годината, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден. Поради сферната … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, На тема

Големата тајна на Сончевиот систем – Сатурновите прстени

Големата тајна на Сончевиот систем – Сатурновите прстени

19.11.2017 Сатурн е шестата планета во Сончевиот систем. Таа орбитира околу 10 астрономски eдиници од Сонцето и е втора по големина планета во Сончевиот систем после Јупитер. Сатурн е изграден претежно од разни гасови и е наречен гасен џин. Познат е по својот систем на прстени, кои главно се состојат од честички мраз со помала количина на остатоци и прав. Од Сонцето просечно е оддалечен 1.427 милиони km. Ексцентричноста на неговата патека е нешто поголема од таа … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести, На тема

Google maps со опција за прошетка по небесните тела во нашиот Сончев систем!

Google maps со опција за прошетка по небесните тела во нашиот Сончев систем!

31.10.2017 Со големиот развој на технологијата сѐ повеќе информации ни се на дофат. Планетите и Вселената иако се истражувани, постојат најразлични научни трудови, книги, списанија и слично за таа тематика, сепак интересот за истите и понатаму е голем. Она што го знаеме за планетите сега има можност да се набљудува од една поинаква перспектива. Google во соработка со НАСА и Европската Вселенска Агенција (European Space Agency), со спојување на добиените милиони снимки нуди можност за истражување на … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести

Според најновите истражувања на НАСА, Месечината некогаш имала атмосфера

Според најновите истражувања на НАСА, Месечината некогаш имала атмосфера

29.10.2017 Ново истражување на НАСА, извршено од страна на научниците Debra Needham и David Kring покажува дека пред 3 до 4 милијарди години околу Месечината била создадена атмосфера, кога интензивни вулкански ерупции исфрлале гасови на површината. На Месечината, може да се забележи како темни површини од вулкански базалтен камен пополнуваат големи кратерски долини. Овие базалтни „мориња“ еруптирале кога Месечината била сè уште жешка и создавала изблици од магма кои понекогаш ја пробивале нејзината повшина и течеле … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести

Сателитските снимки од мисијата Сентинел нудат можности за огромен број геопросторни податоци!

Сателитските снимки од мисијата Сентинел нудат можности за огромен број геопросторни податоци!

25.06.2017 Европската вселенска агенција (ESA – European Space Agency), развива серија на сателитски мисии за набљудување на Земјата како последица на заедничката иницијатива на ESA/European Commission и GMES (Global Monitoring for Environment and Security). Целта на програмата е да ги замени постоечките и застарени мисии за набљудување на Земјата, како што e ERS мисијата и останатите кои се на крајот на нивната употреба. Ова ќе овозможи континуирано добивање податоци, за да нема пропусти во истражувањата кои … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, На тема

НАСА објави нови слободно достапни ноќни сателитски снимки на Земјата!

НАСА објави нови слободно достапни ноќни сателитски снимки на Земјата!

14.04.2017 На 12 Април 2017 година, научниците на НАСА (Националната администрација за аеронаутика и вселена) објавија најнова ноќна сателитска снимка на планетата Земја со висока резолуција. Сателитските снимки на Земјата кои уште се нарекуваат „ноќни светла“ имаат значајна улога во голем број на економски, општествени науки и истражувачки проекти за животната средина. Првите ноќни сателитски снимки на Земјата се направени во текот на 2012, 2013 и 2014 година од страна на Американската агенција НОАА, односно нејзиниот геофизички … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести

47 години од неуспешната „малерозна“ мисија Аполо 13

47 години од неуспешната „малерозна“ мисија Аполо 13

11.04.2017 Веројатно на сите ни е позната програмата Аполо на Американската НАСА, со која за прв пат во (нам познатата ни) историјата, човекот стапнал на друго небесно тело. По повеќе експериментални обиди, конечно, на 20 јули 1969 година, двајцата од трочлената мисија на вселенското летало Аполо 11, безбедно се спуштиле на месечевата површина. Само 4 месеци подоцна, следела уште една мисија, Аполо 12, со цел слетување на точно зададени координати на Месечината, поставување на инструменти и собирање … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести, На тема

Дали Кинескиот Ѕид е видлив од Вселената?

Дали Кинескиот Ѕид е видлив од Вселената?

23.10.2016 Уште во средината на минатиот век, се појавило тврдење дека Кинескиот ѕид, поради огромните димензии (должина од речиси 7000 km), едноставно мора да е видлив со голо око од Вселената, па и од Месечината. Сепак, по неколкуте мисии до Месечината, астронаутите потврдиле дека ниту една човечка градба не се гледа од толкава оддалеченост (околу 400 000 km). Останало неодговорено прашањето дали оваа мега-градба може да се види од Вселената? За такво нешто, до денес е тешко да се … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, На тема

Solar impulse – соларниот авион во борба за заштита на животната средина

Solar impulse – соларниот авион во борба за заштита на животната средина

26.06.2016 Со мисија да се добие битката против загадувањето на животната средина швајцарскиот инженер André Borschberg и астронаутот Bertrand Piccard, го креирале соларниот авион познат како Solar Impulse. Без користење на гориво, работејќи со помош на сончевата енергија, Solar Impulse цели кон зачувување на природните ресурси, заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на живот, промовирање на користењето чиста енергија и поттикнување на свеста за многубројните позитивни придобивки од тоа, односно намалување на штетните емисии. Соларниот … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести

10-те најголеми телескопи во Светот

10-те најголеми телескопи во Светот

30.12.2015 Кога сакате да го видите небото, големината на телескопот е навистина важна. Колку повеќе светлина еден телескоп може да собере, толку повеќе информации можат да се добијат за ѕвездите, галаксиите, квазарите или што било друго за кое што сме заинтересирани да го погледнеме. Токму сега, имаме една невидена вселенска трка што се случува во светот, но една поинаква отколку во минатото. Овој пат, тоа е трка за изградба на најголемиот телескоп во светот. Од најголемите телескопи во … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести

И Титан има свое Охридско Езеро, ама знаете ли какво?

И Титан има свое Охридско Езеро, ама знаете ли какво?

13.12.2015 Во 2010 година, на предлог на македонскиот „Планетариум“,  Меѓународната астрономска унија и НАСА решија едно од езерата на Сатурновиот сателит Титан да биде именувано како Охридско Езеро. Титан е еден од најголемите сателити (месечини) во Сончевиот систем, со пречник од 5150 km. Од 2005 година до денес, на неговата површина се утврдени 33 езера и 3 мориња, кои носат имиња на слични објекти на Земјата. Сепак, Титановото Охридско Езеро е сосема различно од „овдешното“ по многу … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, На тема

Прв пат до сега снимен планетарен систем во формирање

Прв пат до сега снимен планетарен систем во формирање

20.11.2015 За прв пат до сега, на американските и австралиски астрономи им успеа да снимат фотографии од создавање на нов планетарен систем околу млада ѕвезда, оддалечена од нас 450 светлосни години. Станува збор за снимки на гравитациска концентрација на гасови и прашина околу младата ѕвезда LkCa 15 (стара само 2-3 милиони години) од кои се формираат нови планети. Околу самата ѕвезда е утврден протопланетарен диск од гасови и честички кои заостанале при нејзиното формирање. Тие го … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести

Погледнете ја најголемата и најдетална фотографија на нашата галактика!

Погледнете ја најголемата и најдетална фотографија на нашата галактика!

01.11.2015 Група астрономи на Рурскиот универзитет во градот Бохум, Германија, ја креираа досега најголемата фотографија на нашата галактика, која содржи неверојатни 46 милијарди пиксели (46 гигапиксели или 46 000 мегапиксели). Тоа е како да споите околу 5000 поединечни фотографии од добар дигитален фотоапарат, во една голема панорамска слика. За составување на оваа мега-астрономска фотографија, на истражувачите од Бохум им биле потребни 5 години детални истражувања на илјадници поединечни фотографии од астрономскиот телескоп во Чиле. Нивната примарна цел … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, Географски вести

Како изгледа „Марсовата Македонија“?

Како изгледа „Марсовата Македонија“?

8.10.2015 Во последно време, се засилуваат напорите за детално истражување на Марс во насока на идна колонизација на оваа планета, која се чини дека е неминовна. Тоа посебно ако се има во предвид трендот на брз пораст на вкупното население на Земјата и сосема ограничените природни ресурси. Неодамнешната потврда за постоење на течна вода, заедно со големите утврдени резерви на замрзната вода, уште повеќе ги охрабруваат иницијативите за што побрзо испраќање на човечка мисија. Без оглед … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, На тема

На која височина започнува вселената?

На која височина започнува вселената?

5.10.2015 Многумина од нас, гледајќи кон дневното или ноќно небо, често пати се прашуваат на која височина почнува вселената или која е „долната граница“ на вселената. Меѓутоа, прецизен одговор на на ова прашање не постои, бидејќи нашата атмосфера со височина, постепено и речиси неприметно преминува кон вселенскиот простор. Затоа е навистина проблематично да се каже дали некој пилот кој лета многу високо во атмосферата е само пилот или „астронаут“. Заради бројните дилеми и различни толкувања, Меѓународната … Прочитај го целиот текст »

Filed under: Вселена, На тема

Advertisment ad adsense adlogger