Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Archive

Кратка репортажа за Томск, Сибирскиот универзитетски центар

Кратка репортажа за Томск, Сибирскиот универзитетски центар

9.11.2014 Оваа година градот Томск, административен центар на истоимената област во јужен Сибир бележи голем јубилеј, 400 години постоење. Имено, градот е основан во 1604 година во времето на Борис Годунов. На 20 јануари 1604 година гласници на кнезовите на сушитинските Татари пристигнуваат во царството на Борис Годунов со барање да бидат под старателството на Голема Русија, за да изградат град на брегот на реката Том. Така е положен првиот камен на 25 јануари истата година. Во царско … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Картата на НАСА покажува: речиси постојано сме „бомбардирани“ со помали астероиди

Картата на НАСА покажува: речиси постојано сме „бомбардирани“ со помали астероиди

18.11.2014 Според тимот на НАСА вклучен во програмата за детекција на потенцијално опасни небесни тела во близина на Земјата, во изминатите 20 години (од 1994 до 2013 година) во Земјината атмосфера влетале најмалку 556 астероиди. Повеќето „удари“ не оставиле никакви последици, што значи дека атмосферата одлично нѐ штити од помалите астероиди. Исклучок е настанот во руски Чељабинск, кога метеор повреди над 1.000 луѓе и искрши голем број прозорци. Сепак и таа штета не беше голема, ако имаме во предвид каков … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Гевгелија – македонскиот Лас Вегас!

Гевгелија – македонскиот Лас Вегас!

18.11.2014 Гевгелија се наоѓа на 3 километри од грчката граница и на само 70 километри од Солун. Со околу 16 000 жители, овој град во моментов е со највисока вработеност во Македонија – има само околу 18% невработени. Овој процент е пред се поради отворањето на повеќето казина и хотели во градот, како и малите мешовити компании со странските партнери, најчесто грчки државјани. Казината се посебен белег на Гевгелија во последните 30 години. Иако порано важеше за земјоделски … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Според реномираните центри за временски прогнози, зимата во Македонија ќе биде „само“ просечна

Според реномираните центри за временски прогнози, зимата во Македонија ќе биде „само“ просечна

5.11.2014 Деновиве, во разни медиуми се појавија шпекулации дека претстојната зима 2014-2015 ќе биде многу студена, па дури и најстудена во последните 100 години. Тоа од многумина беше сфатено сериозно, а меѓу населението се појави и одредена загриженост. Меѓутоа, колку има вистина во ваквите пишувања? Пред да дадеме еден краток осврт, да напоменеме дека во денешно време, речиси секој може да даде некаква временска „прогноза“, особено долгорочна, затоа што очекувано е нејзината точност да биде релативно мала. … Read entire article »

Filed under: На тема

Големите камени кругови во Јордан

Големите камени кругови во Јордан

4.11.2014 Неодамна, вниманието на светските медиуми беше насочено кон големите кругови изработени од човечка рака и распослани главно по централно-западните делови на Јордан. Станува збор за 12-те кругови кои претставуваат мистерија за археолозите. Познати под името Големите кругови (Big Circles), кружните структури може да се видат од сателит и од авион, а се изградени од правилно натрупани камења и блокови. Пречникот на круговите се движи од 220 до 455 м и за прв пат биле забележани уште … Read entire article »

Filed under: Географски вести