Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Archive

Црногорскиот зимски убавец Дурмитор!

Црногорскиот зимски убавец Дурмитор!

29.01.2017 Црна Гора обично ни е позната по летниот капалишен туризам, сонцето, малите градчиња и извонредните плажи долж брегот на Јадранското Море. Многу помалку е познато дека има извонреден планински и зимско-спортски туристички центар. Така, во северозападните делови на Црна Гора е распространет планинскиот масив Дурмитор, вистински бисер на балканското поднебје. Дурмитор претставува венечна планина која се создала со тектонски поместувања, набирање и навлекување на релјефот. Со должина од околу 50 km и ширина од околу 20 km, … Read entire article »

Filed under: По Светот

Како се живее во најстуденото место на светот?

Како се живее во најстуденото место на светот?

26.01.2017 Мислите дека ние имаме екстремно студена зима? Што тогаш треба да кажат луѓето кои живеат во населеното место Ојмјакон во Русија, кои деновиве се смрзнуваат на речиси -50 степени? Ојмјакон е село со околу 500 – 800 жители во Јакутската област во Русија. Се наоѓа на левиот брег на реката Индигирка. Од Јакутск е оддалечен околу 1000 km, од Владивосток околу 4 000 km, а од Москва речиси 9 000 km. Бидејќи Ојмјакон се наоѓа во близина … Read entire article »

Filed under: По Светот

Ocean city – дестинација за забава, сезонска работа и студентски живот

Ocean city – дестинација за забава, сезонска работа и студентски живот

25.01.2017 Ocean city е град во државата Maryland во Соединетите американски држави, на источниот брег на Атланскиот Океан, сместен на еден долг и тесен остров, па таква форма има и самиот град. Западниот дел на градот е со повеќе трговски центри, универзитети и гледа кон два големи заливи. Источниот дел пак, се одликува со долга и преубава песочна плажа свртена кон океанот. Инаку, гратчето има само 7000 постојани жители, меѓутоа во шпицот на летната сезона, овде … Read entire article »

Filed under: На тема

Регионална разместеност на вештачките акумулации во Република Македонија

Регионална разместеност на вештачките акумулации во Република Македонија

25.01.2017 Вештачките акумулации во Република Македонија почнале да се градат од далечната 1938 година кога е изградена првата акумулацијата Матка, западно од Скопје, пред вливот на река Треска во река Вардар, односно на излезот од кањонот Матка. Овој процес на градење на вештачки акумулации трае до денес, следејќи го трендот на потребите на човекот за менаџирање со водните ресурси како фундамент за негово опстојување, независно дали за заштита од поплави, искористување на хидроенергетскиот потенцијал, водоснабдување, наводнување, … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Пониква ве очекува да ја посетите и да уживате во снежните лудории!

Пониква ве очекува да ја посетите и да уживате во снежните лудории!

17.01.2017 Пониква е туристички центар и викенд населба во источниот дел на Македонија, 20 km северно од Кочани на Осоговските Планини. Се наоѓа на надморска височина од 1500-1600 m во предел со густа букова шума и разновидна вегетација. Зацртан е како еден од 34-те зимски туристички центри во просторниот план на Република Македонија. До туристичкиот центар Пониква се пристигнува од Кочани по асфалтен пат кој и во зима е беспрекорно исчистен и соодветно нафрлан со сол и … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Неформални „диви“ населби и нивната генеза во пост-социјалистичките градови на југоисточна Европа

Неформални „диви“ населби и нивната генеза во пост-социјалистичките градови на југоисточна Европа

17.01.2017 Поимот неформални населби се однесува на населбите кои имаат нерегулиран правен статус, како од аспект на просторно и урбанистичко планирање, така и од аспект на имотно-правна основа, без практично постоење на формална правна рамка за нивната појава. Најчесто меѓу народот се користи терминот „диви“ населби, или „сламови“ кои претставуваат крајно лоша состојба на истите. Неформалните „диви“ населби се констатирани како компонента на урбаниот пејзаж во речиси сите земји во развој, во периодот од изминативе 50 години. … Read entire article »

Filed under: На тема

По цели 25 години го пронашол својот дом користејќи Google Earth!

По цели 25 години го пронашол својот дом користејќи Google Earth!

16.01.2017 Сару Бриерлеј (Saroo Brierley) е роден во индискиот град Кандва. Во 1986 година, на само 5 годишна возраст, изгубил контакт со неговото семејство откако бил оставен на железничка станица, чекајќи го својот брат кој никогаш не се вратил. Околу 3 недели некако сам се грижел за себе, живеејќи на улиците на Калкута, а потоа бил сместен во локално сиропиталиште, до моментот кога бил посвоен од австралиско семејство. Следните 25 години ги поминал во градот Хобарт на Тасманија со … Read entire article »

Filed under: По Светот

Торе Давид – Венецуела, уникатен пример на вертикална дива населба!

Торе Давид – Венецуела, уникатен пример на вертикална дива населба!

9.01.2017 Неформалните населби или „сламовите“ се најчесто запуштени делови на градовите, вообичаено со голема густина, во кои условите за живеење и престој во нив се многу лоши. Торе Давид е суштински репрезент на неформална населба, но по својата форма се наметна како уникатен пример на вертикален „слам“ на глобално ниво. Самиот објект претставува недовршена 45-катница (трета по висoчина зграда во Венецуела), која требало да биде деловна зграда, во Каракас. Објектот се градел до 1994 година, кога поради … Read entire article »

Filed under: По Светот

На 4 јануари Земјата ќе биде најблиску до Сонцето за 2017 година!

На 4 јануари Земјата ќе биде најблиску до Сонцето за 2017 година!

2.01.2017 Задутре, на 4-ти јануари во 15.18 часот, планетата Земја ќе биде најблиску до Сонцето за 2017 година, во положба позната како перихел. Во тој момент, нивното взаемно растојание ќе изнесува 147.100.993 km, што е околу 2,5 милиони km помалку од просечната вредност, односно околу 5 милиони km помалку од максималното растојание (152 милиони km) познато како афел. Поради близината до Сонцето, во месецот јануари Земјата се движи околу 1 km/sec побрзо (30,3 km/sec) по својата патека отколку … Read entire article »

Filed under: Географски вести