Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Archive

120 години од издавањето на книгата „Материјали за проучување на Македонија“ од Ѓорче Петров

120 години од издавањето на книгата „Материјали за проучување на Македонија“ од Ѓорче Петров

30.03.2017 Кон крајот на минатата 2016-та година, се навршија 120 години од издавањето на книгата „Материјали за изучување на Македонија“ од Ѓорче Петров. Во нашата наука за Ѓорче Петров (1865-1921) се вели дека бил учител – професор, публицист, историчар, идеолог и револуционер, а притоа се заборава дека бил и географ. Ѓорче, се школувал во Прилеп, Битола, Солун и во Пловдив. Бил учител во Штип (1886-1887), во Скопје во Егзархиското педагошко училиште (1888-1891). Бил професор во Битола … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Посета на Барселона – Кралицата на Каталонија

Посета на Барселона – Кралицата на Каталонија

30.03.2017 Во месец декември имав можност да го посетам еден од најубавите градови во Европа, магичната Барселона. Градот се наоѓа во северисточниот дел на Пиринејскиот Полуостров, широко отворен кон Средоземното Море. Според последните податоци, Барселона има 2 милиони жители, а заедно со пошироката урбана област, околу 4 милиони. На тоа треба да се додадат уште неколку стотици илјади туристи од разните страни на светот, кои секојдневно се присутни во градот и ќе добиете бројка од речиси 5 … Read entire article »

Filed under: По Светот

Ерта Але, еден од најфасцинантните и најактивни вулкани во Светот

Ерта Але, еден од најфасцинантните и најактивни вулкани во Светот

30.03.2017 Ерта Але (или Ertale или Irta’ale) е активен базалтен вулкан во регионот Афар во североисточна Етиопија, на границата со Еритреја. “Erta Ale” е најстариот активен вулкан во Етиопија и меѓу најстарите во Светот. Познат е и како “планината што чади” и “порта кон пеколот”. Самиот вулкан е висок 613 m, со едно или понекогаш две активни вулкански езера во кратерот на врвот, кои повремено се прелеваат преку јужната страна. Фасцинантно е што вулканското езеро, односно езеро … Read entire article »

Filed under: По Светот

Излезе новиот број 49 на списанието Географски разгледи (Geographical Reviews)

Излезе новиот број 49 на списанието Географски разгледи (Geographical Reviews)

30.03.2017 Денес, на веб страницата на Институтот за географија и на Македонското географско друштво е поставена електронската верзија на новиот број (49 / 2016) на списанието Географски разгледи (Geographical Reviews). Ова реномирано списание кое го издава Македонското географско друштво, излегува непрекинато уште од 1962 година, поради што спаѓа меѓу научно-стручните списанија со најдолга традиција во Република Македонија. До сега вкупно се објавени 41 книга со околу 460 научни и стручни трудови, библиографски осврти, географски вести и … Read entire article »

Filed under: Наставни

На пазарот излезе уникатна 3Д релјефна карта на Република Македонија

На пазарот излезе уникатна 3Д релјефна карта на Република Македонија

27.03.2017 Минатата недела, во издание на Тримакс картографија од Скопје, излезе уникатна 3Д релјефна карта на Република Македонија во размер 1 : 250 000. Картата е изработена на високо професионално ниво, а на неа се прикажани најновите картографски податоци според состојбата од 2016-2017 година и тоа: релјеф (во тридимензионална техника и со хипсометриски бои), хидрографија, населени места рангирани во 8 нивоа, патна и железничка мрежа, имиња на планини, полиња, реки, езера, висински точки, хидроелектрани, рудници, гранични премини и … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Реализирана посета на меѓународниот саем за туризам во Загреб

Реализирана посета на меѓународниот саем за туризам во Загреб

24.03.2017 Институтот за географија во периодот од 15-19.03.2017 година организираше и успешно реализираше теренска настава, наменета за студентите од насоката туризам, а која првенствено се однесуваше на посета на меѓународниот саем за туризам Place2Go во Загреб, Република Хрватска. Организаторот на саемот, списанието Place2go е водечко туристичко списание во регионот кое на современите патници им нуди интересни и корисни информации за домашни и странски светски дестинации. На саемот, претставниците на Институтот имаа кратки средби со дел од учесниците … Read entire article »

Filed under: Наставни

Уникатните пештери Бату во Малезија – спој на религија и преубава природа!

Уникатните пештери Бату во Малезија – спој на религија и преубава природа!

23.03.2017 Пештерите Бату се една од најзначајните туристички атракции во Малезија, импресивно чудо на природата. И не само атракција, туку претставуваат најпознат Хинду храм надвор од Индија. Се наоѓаат на околу 13 km северно од главниот град на Малезија, Куала Лумпур, и цената на билетот со воз е околу 26 денари. Toa e место што мора да се види при посета на Малезија. Внатре во пештерата, како и наоколу се изградени храмови кои изобилуваат со статуи на … Read entire article »

Filed under: По Светот

Пролетен семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

Пролетен семинар за професорите по географија во организација на Македонско географско друштво

22.03.2017 Македонското географско друштво како научно и стручно здружение на граѓани што го сочинуваат наставниците и професорите по географија, научните работници од областа на географијата како и други лица кои се занимаваат со географската проблематика во Република Македонија има за цел збогатување, негување, популаризација и унапредување на географската наука и нејзина примена. Во рамките на скоро 70 години постоење, Друштвото реализира бројни активности, меѓу кои и семинари за перманентна едукација на наставниот кадар по географија. Според традицијата, секоја … Read entire article »

Filed under: Географски вести

7 години од почетокот на ерупцијата на исландскиот вулкан кој предизвика големи проблеми во Европа

7 години од почетокот на ерупцијата на исландскиот вулкан кој предизвика големи проблеми во Европа

20.03.2017 Денес се навршуваат точно 7 години од ерупцијата на исландскиот вулкан Ејафјатлајокутл (Eyjafjallajökull), кој предизвика големи проблеми и штети во авиосообраќајот низ цела Европа. Вулканот се наѓа во југозападниот дел на Исланд. Купата има височина од 1651 m, а калдера е широка 2.5 km. Последната силна ерупција на овој вулкан е онаа во 2010 година, што е всушност прва по 200 години, односно од 1823 година. Иако вулканската ерупција во 2010 година не беше претерано … Read entire article »

Filed under: На тема

Утре ни пристигнува пролетта

Утре ни пристигнува пролетта

19.03.2017 По релативно студената и снежна зима (во повеќето делови на Македонија), утре (понеделник), 20.03.2017 година, на северната хемисфера започнува пролетта. По зонското време, таа во Македонија ќе пристигне во 11 часот и 19 минути. За разлика од северната хемисфера, на јужната пак започнува есента. Инаку, утре на целата земјина топка, денот и ноќта траат подеднакво (поточно речиси подеднакво), по приближно 12 часа, во положба позната како еквиноциум. Всушност поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Долина на смртта – пустина која нуди несекојдневни глетки

Долина на смртта – пустина која нуди несекојдневни глетки

19.03.2017 Долина на смртта е депресија која се наоѓа во САД, на подрачјето на државите Калифорнија и Невада. Таа е долга околу 225 km, широка помеѓу 8 и 24 km и е најсушното, најниското и најжешкото место во Северна Америка. “Мртовечкиот премин”, “Кањонот на сувите коски”, “Погребалните планини” – се имињата на некои од местата во Долината на смртта. Овде може да помине и цела година без да падне капка дожд, а температурата може да достигне и над … Read entire article »

Filed under: По Светот

Интересни карпести (денудациони) форми на планината Беласица

Интересни карпести (денудациони) форми на планината Беласица

Планината Беласица е позната по бројните водопади (Колешинскиот, Смоларскиот, Габровскиот, Ѓаволскиот, Разиграениот итн.), но оваа планина е богата и со бројни карпести (денудациони) форми во вид на чашки, корита, остенци, прозорци итн. Таквите интересни форми се среќаваат во најголем дел источно од Валандово на западната падинска страна од 500 м.н.в., па се до највисокото планинско било.  Настанати се како резултат на физичките и хемиските влијанија врз гнајсните карпи, како и селективната ерозија на овие карпести … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Мариово – Девствена убавина на југот на Македонија

Мариово – Девствена убавина на југот на Македонија

9.03.2017 Областа Мариово зафаќа вкупна површина од 1038 km² или 4% од вкупната територија на Република Македонија, со надморска височина која се движи помеѓу 700 и 2362 m, или во просек некаде околу 1090 m. Областа Мариово се наоѓа во крајниот јужен дел на Република Македонија. Морфолошки Мариово е составено од два дела: планински и котлински дел. Планинскиот дел го сочинуваат околните планини што ја оградуваат областа. Тие се изградени од гнајсеви, шкрилци и варовници, а поретко и … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог

Најсмртоносените и најсилните земјотреси во човековата историја

Најсмртоносените и најсилните земјотреси во човековата историја

6.03.2017 Земјината кора се состои од тектонски плочи со различни големини, кои се движат една према друга или се оддалечуваат една од друга. Приближувањето и судирањето условува појава на силни земјотреси, кои можат да бидат со катастрофален карактер и да предизвикаат големи човечки загуби. Се смета дека 90 проценти од земјотресите се случаваат покрај тектонските фрактури кои се наоѓаат во границите на самите тектонски плочи. Иако ретко, сепак постојат земјотреси кои се јавуваат во рамките на плочите, а понекогаш … Read entire article »

Filed under: По Светот

Advertisment ad adsense adlogger