Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Archive

Најдлабоката точка на планетата Земја – Маријанскиот Ров

Најдлабоката точка на планетата Земја – Маријанскиот Ров

29.12.2017 Додека илјадници алпинисти успешно го искачиле Монт Еверест, највисоката точка на Земјата, само 3 луѓе се спуштиле до најдлабоката точка на планетата – Маријанскиот Ров. Се наоѓа на дното од Тихи Oкеан, околу 340 km југоисточно од островот Гуам, помеѓу Јапонија и Нова Гвинеја. Наречен е по островот Маријан, кој се наоѓа околу 100 km западно. Маријанскиот ров има длабочина од 10.994 m, долг е 2.542 km, а широк 69 km. Маријанскиот Ров за првпат бил истражуван во 1951 … Read entire article »

Filed under: По Светот, Природник...

Разурнувачкиот земјотрес во Валандово во 1931 година

Разурнувачкиот земјотрес во Валандово во 1931 година

26/12/2017 Неотектонски и сеизмотектонски карактеристики Сезмичноста на територијата на Македонија и околните блиски балкански региони е поврзана за вертикални и делумно хоризонтални поместувања на тлото, вдолж гравитациони (нормални) раседи. Овие раседи се формирани со неотектонските процеси на вертикални диференцијални движења, кои отпочнале пред околу 18 милиони години, a во некои предели и денес се јавуваат како современи тектонски движења. Тектонските процеси на раседнување имале променлив карактер, при што се менувале периоди на поинтензивна тектонска подвижност со периоди … Read entire article »

Filed under: Географски вести

27 години од гевгелискиот земјотрес!

27 години од гевгелискиот земјотрес!

21.12.2017 Денес е 27 годишнина од гевгелискиот земјотрес, со измерена магнитуда од 5.5 степени според Рихтер. По тој повод, во натамошниот текст накратко ќе бидат прикажани резултатите од одредените параметри (магнитуда, локација на хипоцентар), почуствуваноста, ефектите на површината на Земјата и оштетувањата врз градбите. Во утринските часови, на 21.12.1990 година подрачјето помеѓу Гевгелија (Р. Македонија) и Гуменџа (Р. Грција) го зафати висока сеизмичка активност, која се изрази со серија на земјотреси. Главниот земјотрес на оваа серија се случи … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Зошто имаме годишни времиња?

Зошто имаме годишни времиња?

20.12.2017 Како што објавивме во претходната статија, утре (21 декември 2017 година), на северната полутопка и во Република Македонија започнува зимата. Точно во тој момент, на оваа полутопка сончевите зраци ќе паѓаат најниско над хоризонтот, а највисоко ќе бидат на јужната полутопка, односно над јужниот пов­ратник, на 23°27’ јужна географска широчина. Затоа, утре на северната полутопка ќе биде најкраток ден (или најдолга ноќ) во годината, а на јужната полутопка пак, ќе биде најдолгиот ден. Поради сферната … Read entire article »

Filed under: Вселена, На тема

Утре започнува зимата!

Утре започнува зимата!

20.12.2017 Оваа година, на северната полутопка и во Република Македонија, зимата ќе пристигне утре (четврток 21 декември 2017 година), во 17 часот и 28 минути по средноевропско време. Во исто време, на јужната полутопка започнува летото. Воедно, утрешниот ден на северната полутопка ќе биде најкраток ден во годината (краткоденица или зимски солстициум), а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден (долгоденица или летен солстициум). Во Република Македонија, најкраткиот ден ќе трае само 9 часа и 7 … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Пет држави со најмногу локалитети на листата на светско наследство на УНЕСКО

Пет држави со најмногу локалитети на листата на светско наследство на УНЕСКО

14.12.2017 За еден простор да стане заштитено подрачје, односно, да се најде на листата на светско наследство на UNESCO, потребно е да исполнува најмалку 1 од 10 критериуми, и тоа: Да претставува човечко ремек-дело (i); Да изложува важна размена на човечки вредности (ii); Да претставува белег на уникатно сведоштво за културната традиција на цивилизацијата (iii); Да еисклучителен пример на архитектонска или технолошка целина низ историјата (iv); Да е исклучителен пример на традиционално човечко населување или интеракција со животната средина (v); Да е … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Што е аерозагадување и кои се најголемите причинители?

Што е аерозагадување и кои се најголемите причинители?

17.12.2017 Денес, сѐ почесто во јавноста го сретнуваме терминот „аерозагадување”. Но не само во јавноста, туку ние секојдневно, директно, сме изложени на неговото штетно влијание. Во најголем дел од случаите тоа е антропоген процес, настанат како последица на човековите активности во животната средина, кои имаат негативен ефект врз атмосферата (преку испуштање на штетни гасови), при што атмосферата значајно ја менува својата структура. Настанува во нејзинот најнизок слој (тропосфера), кој е во непосреден контакт со површината на Земјата. … Read entire article »

Filed under: На тема

Најјужните глечери на Балканскиот Полуостров

Најјужните глечери на Балканскиот Полуостров

16.12.2017 Малку е познато дека во јужните делови на Европа, а посебно на Балканскиот Полуостров сѐ уште опстојуваат неколку мали глечери. Тие не се со големи димензии како што се алпските, меѓутоа сепак ги имаат сите глечерски карактеристики, како што се постојана (вековна) мразно-снежна маса која никогаш не се стопува, нејзино бавно движење со напрснување и деформации, формирани морени и др. Нивните димензии се мали: должината им изнесува 100-300 m, широчината 50-150 m, а површината до најмногу … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Од убавините на Балканот издвојуваме: Кањон Росомачки Лонци

Од убавините на Балканот издвојуваме: Кањон Росомачки Лонци

13.12.2017 Росомаче е кањон лоциран во Стара Планина. Стара Планина се наоѓа во источниот дел на Република Србија. Стара Планина претставува вистински остров со природно богатство. Оваа планина е прогласена за Парк на природата во 1997 година. Оваа планинска убавина е област со исклучителни вредности од аспект на разновидноста на флората и фауната и нивните заедници, како и геоморфолошки, геолошки, хидролошки и хидрогеолошки карактеристики, во кои постои традиционална форма на живот и културни добра. Росомачки Лонци е еден од … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, По Светот, Природник...

Десетте најголеми пустини во светот

Десетте најголеми пустини во светот

11.12.2017 Пустина претставува површина на која во текот на годината има многу мали количини на врнежи од дожд, односно, помалку од 250 mm. Покрај количината на врнежи, постојат и неколку други фактори според кои се класифицираат пустините, меѓу кои и просечната температура, причините за опустинување (десертификација), како и географската положба. Денес, околу 1/3 од копнената површина на Земјата се смета за сува или полу-сува. Поради неповолните услови за живот на растенија и животни, ваквите површини најчесто се … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Најјужниот глечер во Европа се наоѓа на планината Пирин!

Најјужниот глечер во Европа се наоѓа на планината Пирин!

10.12.2017 Сите знаеме дека во северните делови на Европа (на Исланд, потоа Скандинавија и северна Русија), како и на високите планини во централниот дел на Европа (особено на Алпите) има современи или рецентни глечери. Нивната големина е во зависност од географската широчина и надморската височина на која се јавуваат (колку се посеверно и/или повисоко, толку обично се поголеми), потоа од експозицијата, количеството на врнежи од снег и др. На крајниот север на Европа (Исланд, Скандинавија, северна … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

Колку реално се богати Европјаните?

Колку реално се богати Европјаните?

08.12.2017 Сте се запрашале ли некогаш колку изнесува богатството на луѓето кои живеат во различни држави? Jакуб Мариан е лингвист, математичар и уметник од Република Чешка, кој има основано едукативен блог на кој се објавени негови дела, карти и книги од областа на математиката, музиката, физиката и слично. Јакуб Мариан, исто така, изработува карти со различна тематика. Една од објавените карти е и картата која ја покажува распределбата на богатство во Европа. Податоците врз основа на кои … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Физичко-географски карактеристики на Кочанска Kотлина

Физичко-географски карактеристики на Кочанска Kотлина

06.12.2017 Кочанска Котлина се наоѓа во источниот дел на Република Македонија, односно, по течението на реката Брегалница. Заградена е со планините Плачковица на југ, Голак на исток, Осогово на север и ридовите Горица, Аргулица и Селце на запад. Котлината има површина од 1.020 km² и должина од 26 km. Средишниот рамничарски дел е познат како Кочанско Поле. Источната граница се протега во меридијански правец по билото на планината Голак со врвовите Обозна (1.181 m), Јастребец (1.273 m), Чавка (1.538 m) и Бајрамица (1.202 m) и истовремено претставува граница … Read entire article »

Filed under: На тема, Природник...

Advertisment ad adsense adlogger