Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Archive

Што претставува феноменот „Крвава супермесечина“ кој ќе се случи во средата?

Што претставува феноменот „Крвава супермесечина“ кој ќе се случи во средата?

28.01.2018 Во среда на 31 јануари, околу полноќ, ќе може да ја набљудуваме веќе втората супермесечина за 2018-та година, заедно со т.н. „Сина“ и „Крвава“ Месечина. Супермесечина (научно: перигејна сизигија) ќе биде заради малата оддалеченост од Земјата (перигеум) од само 359.000 km (наспроти просечните 385.000 km), поради што ќе изгледа околу 13% визуелно поголема и 20-30% посјајна од вообичаеното. Реално, тие неколку проценти големина или сјајност во однос на претходните слични појави се едвај забележливи (поточно … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Можности за комерцијална примена на беспилотни летала во Република Македонија

Можности за комерцијална примена на беспилотни летала во Република Македонија

25.1.2018 Соочувајќи се со предизвиците на модерното општество човекот секојдневно се соочува и со општествени проблеми за кои е потребно време, напор, работен тим, средства и уреди. Поради тоа што беспилотните летала овозможуваат полесно и поефикасно справување со зададените проблеми, тие се моќна алатка со чија примена се добиваат ефикасни резултати. Малите беспилотни летала се моторизирани беспилотни воздушни возила. Се управуваат со помош на далечински управувач од страна на навигатор кој се наоѓа на земја на стотици … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Колку тектонски плочи постојат?

Колку тектонски плочи постојат?

25.1.2018 Тектоника на плочи е геолошка теорија која го објаснува поместувањето на Земјината кора од поголеми размери. Теоријата ја вклучува и воедно ја заменува постарата хипотеза за придвижување на континентите, која датира од првата половина на 20 век. Концептот за ширење на морското дно (спрединг) е развиен во текот на 1960-тите. Горниот дел на Земјината површина се состои од два слоја. Надворешниот слој се нарекува литосфера, а внатрешниот дел се нарекува астеносфера.Литосферата е разделена на т.н. литосферни плочи (тектонски плочи). Постојат седум главни и неколку помали плочи. Литосферните … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Разорен земјотрес ја погоди Алјаска

Разорен земјотрес ја погоди Алјаска

23.1.2018 Пред околу час и половина, Алјаска ја погоди разорен земјотрес со магнитуда од 7.9 степени по Рихтер. Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 256 km југоисточно од Чињак, на длабочина од 10 km. Досега имало 5 афтершокови, од кои еден од 7.0 и еден од 5.0 степени по Рихтер. Ситуацијата може да се следи овде. Локалните жители се предупредени дека можна е појава на цунами. Исто така, можно е цунами да ги погоди бреговите на Бритиш … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Колку аеродроми има во Република Македонија?

Колку аеродроми има во Република Македонија?

20.1.2018 Познато е дека на територијата на Република Македонија има 2 аеродроми за меѓународен воздушен сообраќај. Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Освен нив, во Р. Македонија има уште неколку аеродроми кои се со различна намена. Според Агенција за цивилно воздухопловство (АЦВ), мрежата на аеродроми во Р. Македонија е класифицирана во 3 категории, и тоа: Аеродроми за меѓународен воздушен сообраќај; Спортски аеродроми; Леталишта за авиони на стопанска авијација. Како што и претходно е споменато, во … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Што претставува терминот „Црна Дупка“?

Што претставува терминот „Црна Дупка“?

19.1.2018 Црна Дупка претставува регион во универзумот, каде што има силна гравитација, поради која, за било која материја, невозможно е да го напушти местото. Дури ни светлината, ниту најмалиот објект не можат да излезат од нејзиниот дофат. Оваа појава е наречена „позиција од која нема враќање“ (анг. “position of no return”). Црните Дупки се карактеризираат со можноста да ги притиснат материите во границите на многу мал простор. Тие не може да се видат, затоа што истите … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Младински едукативен камп “Вртешка 2018“

Младински едукативен камп “Вртешка 2018“

17.01.2018 Во периодот од 10.01.2018 до 13.01.2018 во организација на Планинарскиот клуб „Македон“ и Истражувачко здружение на студенти географи „Природник“, сe реализира едукативен камп за ученици и млади во планинарскиот дом Вртешка на прекрасните падини на мистичната планина – Плачковица. Програмата беше реализирана под водство на тројца искусни наставници и планинарски водичи: Петар Ивановски, Александар Кирковски и Дарко Стојчески . Главна цел на овој камп беше да ги однесеме младите во природа на чист воздух, но и истите … Read entire article »

Filed under: Природник...

Диомидовите Острови – местото каде може да патувате низ времето

Диомидовите Острови – местото каде може да патувате низ времето

13.01.2018 Дали знаeте дека постојат два острови каде може да патувате низ времето? На средината на Беринговиот Проток помеѓу Чукотка и Алјаска, постојат два изолирани и карпести острови, Голем Диомид и Мал Диомид, острови кои меѓусебно се оддалечени околу 4 километри, но со временска разлика од околу 21 час. Оваа разлика од речиси еден ден постои поради меѓународната временска граница кој минува помеѓу двата острови но и руско-американската демаркациона линија. Големиот Диомид (или Ратмановиот остров) ѝ … Read entire article »

Filed under: По Светот

Интересни факти за нуклеарната енергија

Интересни факти за нуклеарната енергија

13.01.2018 Терминот „нуклеарна енергија” најчесто се поврзува со многу негативности кои имат штетно влијание врз животот на луѓето, како што се оружјата за масовно уништување, радиоактивноста, радиоактивниот отпад и слично. Негативностите силно ги притискаат позитивните придобивки, недозволувајќи им да испливаат на површина. Нивната озлогласеност помеѓу народот е голема – толку многу голема што преминува во страв. Нуклеарните катастрофи кои се случиле во минатото дополнително го разгоруваат тој страв. Покрај тоа, неспорно е дека нуклеарната енергија е најголем … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема, По Светот

Каде би излегле ако ископаме бунар до другиот крај на Светот?

Каде би излегле ако ископаме бунар до другиот крај на Светот?

11.01.2018 Деновиве добивме интересно прашање: каде би излегле ако ископаме извонредно длабок вертикален бунар на некое место во Македонија? Одговорот на ова прашање е релативно едноставен. Со оглед на тоа што Земјата има приближно топчеста форма, замислениот бунар би излегол на спротивниот крај на топката, односно за разлика од 180°. Бидејќи Македонија се наоѓа на околу 41° с.г.ш и 21,5° и.г.д., тоа значи дека замисленото дно на бунарот (поточно „излезот“) би било на околу 41° ј.г.ш. и … Read entire article »

Filed under: Активности, Географски вести, По Светот

Ангелски Водопад – највисокиот водопад во светот

Ангелски Водопад – највисокиот водопад во светот

11.01.2018 Ангелски Водопад (шпански: Salto del Ángel) се наоѓа во висорамнините Гвајана, еден од големите авантуристички региони во Венецуела. Водопадот се наоѓа во Националниот Парк „Канаима“. Паркот се наоѓа во југозападниот дел на Венецуела, јужно од реката Ориноко во регионот Гран Сабана од сојузната држава Боливар. „Канаима“ на 12 јуни 1962 година бил прогласен за национален парк. Паркот има 3 милиони хектари, што го прави второ по големина заштитено подрачје во Венецуела и шесто место во светот. Фасцинантниот свет … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот, Природник...

Една од најубавите европски метрополи – Виена

Една од најубавите европски метрополи – Виена

05.01.2018 Виена е главен град на Република Австрија и е една од деветте сојузни покраини на државата. Виена се наоѓа во североисточна Австрија, блиску до Словачка, Чешка и Унгарија. Градот има население од 1,753 милиони жители и моментално е најголемиот град во државата, а претставува и нејзин културен, економски и политички центар. Дури 49% од жителите се католици, 26% се атеисти, 7,8% се муслимани, 6,0% се православни христијани, 4,7% се протестанти, 0,5% се евреи, 6,3% припаѓаат на друга вероисповед или не се заведени. Градот Виена … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Што е „Огнениот Прстен“ и каде се наоѓа?

Што е „Огнениот Прстен“ и каде се наоѓа?

05.01.2018 „Огнениот Прстен“ се протега по краевите на Тихиот Океан, во должина од околу 40.000 km, во вид на потковица. Оваа „линија“ името го добила поради големиот број на вулкани кои се наоѓаат тука. Всушност, дури 450 вулкани, односно, околу 75% од активните вулкани на Земјата се наоѓаат во овој регион. Само 3 од 25те најсилни вулкански ерупции кои се случиле во последните 11.700 години, не се случиле во „Огнениот Прстен“. Некои од најпрепознатливите вуклани во … Read entire article »

Filed under: Географски вести, По Светот

Денес Земјата е најблиску до Сонцето за 2018 година!

Денес Земјата е најблиску до Сонцето за 2018 година!

3.01.2018 Денес, 3 јануари во 6 часот и 35 минути, планетата Земја беше најблиску до Сонцето за 2018 година, во положба наречена перихел. Во тој момент, нивното растојание изнесуваше 147 097 233 km. Тоа е за 2,5 милиони km помалку од просечното, односно околу 5 милиони km помалку од максималното растојание (152 милиони km) помеѓу Земјата и Сонцето, положба познато како афел (датум: 6 јули 2018 година). Поради близината до Сонцето, во месецот јануари Земјата се движи околу … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Најсилните земјотреси во светот во 2017година и краток осврт на Дојранската серија земјотреси!

Најсилните земјотреси во светот во 2017година и краток осврт на Дојранската серија земјотреси!

02/01/2018 Серија на земјотреси кои потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје се регистрирани од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија. Утринава на 02.01.2018 година се случи најсилниот земјотрес од оваа серијата во 05 часот и 24 минути (локално време). Неговиот епицентар е на 145 km југоисточно од Скопје, со Рихтерова магнитуда од 4,8, а беше најсилно почувствуван од населението во југоисточниот дел на Република Македонија, и тоа во Дојран со интензитет од VI-VII степени според Европската Макросеизмичка Скала, … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Advertisment ad adsense adlogger