Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Archive

Образование на ученици со оштетен вид и географија во наставата со слепи и слабовидни лица

Образование на ученици со оштетен вид и  географија во наставата со слепи и слабовидни лица

25.03.2018 Образованието на лицата со оштетен вид (слепите) започнува да се развива кон крајот на 18 и во почетокот на 19 век, истото е инспирирано од неколку историски случки и личности. Најпрво Дени Дидро напишал есеј со наслов „Писмо за слепите за оние кои гледаат“, текстот е плод и инспирација од способноста и успехот на неколку слепи лица, како што биле математичарот Саундрес и слепата пијанистка Марија Терезија фон Парадис. Идејата на Дени Дидро за образование … Read entire article »

Filed under: На тема, Отворено...

Успешно реализиран пролетниот семинар за професорите по географиja

Успешно реализиран пролетниот семинар за професорите по географиja

24.03.2018 На 21 март 2018 година, во организација на Македонското географско друштво беше одржан пролетниот семинар за наставниците и професорите по географија. Семинарот се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Институтот за географија – матичната куќа на географијата во Македонија. Покрај воведното обраќање на претседателот на Друштвото, на присутните слушатели на семинарот поздравни зборови им упатија проф. д-р Ристо Мијалов, раководител на Институтот за географија, проф. д-р Никола Панов, продекан за финансии на Природно-математичкиот факултет и … Read entire article »

Filed under: Активности, Географски вести, Наставни

Рекордно најдоцни зимско-пролетни снежни врнежи во ниските делови на Македонија!

Рекордно најдоцни зимско-пролетни снежни врнежи во ниските делови на Македонија!

23.03.2018 Деновиве, малку невообичаено за овој период од годината, се јавија значителни снежни врнежи во повисоките, но и и во пониските делови на Македонија (под 500 метри н.в.). Така, на 21-22 март во Скопје наврнаа околу 10 cm снег, а снежни врнежи има и денес. Според метеоролошките податоци од 1951 година наваму (откако има попрецизни податоци за снежната покривка), денешните и вчерашните врнежи се најдоцните забележани зимско-пролетни снежни врнежи, проследени со создавање на снежна покривка во … Read entire article »

Filed under: Географски вести, Чудесна Македонија

Петте најголеми мориња во светот

Петте најголеми мориња во светот

21.3.2018 Mоре преставува водна повшина на Земјата, која е во меѓусебна врска со останати водни површини еднакви или слични по физичките и хемиските својства. Морињата припаѓаат на петте океани: Атлански, Индиски, Тихи, Јужен и Северен Леден Океан. Морињата можат да бидат средоземни (помеѓу континентите), внатрешни (во континентите), рабни (кои ги следат рабовите на континентите) и затворени. 1. Филипинско море Филипинското Море е маргинално море источно и североисточно од Филипините. Неговата површина изнесува 5,688,163 km2, морското дно е 5,718,199 km2, волуменот на водата е 24,785,853 km3, додека … Read entire article »

Filed under: По Светот

Регионален натпревар по географија во организација на Македонско географско друштво – Скопски регион, 2018

Регионален натпревар по географија во организација на  Македонско географско друштво – Скопски регион, 2018

20.03.2018 На 17.03.2018 год. во просториите на СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ во Скопје, за учениците од основните и средните училишта на Скопскиот регион се одржа регионалниот натпревар по географија, во организација на Македонско географско друштво. На натпреварот учествуваа 65 ученици од основните и 15 од средните училишта, кои правото на учество го обезбедија на општинските натпревари освојувајќи над 85 бода од можни 100. Идеални услови за одржување на натпреварот овозможија училиштето домаќин, главниот организатор – координатор на … Read entire article »

Filed under: Активности, Географски вести, Наставни

Барселона – бисерот на Медитеранот

Барселона – бисерот на Медитеранот

15.3.2018 Барселона, вториот по големина град во Шпанија, се наоѓа на медитеранскиот брег помеѓу реките Љобрегат и Бесос. Градот лежи во североисточниот дел на Пиринејскиот Полуостров. Плажите во градот се најдобро место за одмор и релаксација. Нова Икарија, Богател, Мар Бела и Нова Мар Бела се некои од најпосетените туристички плажи. Барселона има годишна просечна температура од околу 16⁰С. Иако летото во Барселона може да биде многу жешко и нивото на влажност може да се зголеми до … Read entire article »

Filed under: По Светот

Почина брилијантниот физичар Стивен Хокинг

Почина брилијантниот физичар Стивен Хокинг

14.3.2018 На 76 годишна возраст почина легендарниот физичар Стивен Хокинг. Стивен Вилијам Хокинг бил роден на 8-ми јануари 1942 година, во Оксфорд, Англија. Стивен Хокинг е познат по својата извонредна работа за црни дупки и релативитет. Црна Дупка претставува регион во универзумот, каде што има силна гравитација, поради која, за било која материја, невозможно е да го напушти местото. Дури ни светлината, ниту најмалиот објект не можат да излезат од нејзиниот дофат. Оваа појава е наречена „позиција … Read entire article »

Filed under: Вселена, Географски вести

Лидо ди Јесоло – Убавина на Јадранот

Лидо ди Јесоло – Убавина на Јадранот

10.3.2018 Лидо ди Јесоло е летувалиште во североисточна Италија, на Јадранското Море, во близина на Венеција. Се наоѓа во близина на северниот крај на венециската лагуна. На почетокот на дваесеттиот век, Јесоло била мала и незначајна копнена населба долга околу 500 метри во регионот Венето. Сега таа е долга 15 km, со ситен и светло кафен песок и бистра вода со температура од 16 степени. Големите песочни плажи, редови лежалки и ноќна забава привлекуваат илјадници туристи секое … Read entire article »

Filed under: По Светот

Изработен ГИС модел на подрачја подложни на појава на свлечишта во Република Македонија

Изработен ГИС модел на подрачја подложни на појава на свлечишта во Република Македонија

7.03.2018 Како резултат на повеќегодишните истражувања, деновиве е изработен првиот дигитално-растерски модел на подрачјата подложни на појава на свлечишта во Република Македонија. Истиот покажува терени, места и зони каде веќе постојат активни свлечишта или има голема веројатност од нивна појава при погодни метеоролошки услови. Моделот е добиен со посебна софистицирана постапка на ГИС-базирано преклопување на повеќе дигитално-квантификувани фактори од значење за појава на свлечишта. Меѓу нив, посебна важност е дадена на геолошкиот (литолошкиот) состав, наклоните на … Read entire article »

Filed under: На тема, Чудесна Македонија

Бањски туризам – Катлановска бања

Бањски туризам – Катлановска бања

3.3.2018 Катлановска Бања е еден од најпознатите бањски центри во Република Македонија. Бањата се наоѓа во долниот тек на реката Пчиња, над селото Катланово, на надморска височина од 230 m. Од Скопје е оддалечена околу 25 km, а околу 9 km од Меѓународен Аеродром Скопје. Оваа бања е една од најпосетуваните бањи за жителите од Скопје и скопската околина. Исто така, бањата е посетена и од туристи, а посебно во викендите кога доаѓаат да ја посетат и воедно да … Read entire article »

Filed under: Чудесна Македонија

Просечните глобални температури веќе ја надминаа горната граница поставена со договорот од Париз

Просечните глобални температури веќе ја надминаа горната граница поставена со договорот од Париз

1.03.2018 Според најновите податоци, просечните глобални температури за периодот 2018 – 2022 година се очекува да бидат за 1,5°С повисоки од прединдустрискиот период (1850 – 1900). Ова драстично ги надминува сите предвидувања, па и горната граница поставена со Парискиот договор за климатски промени. Самиот договор ги обврзува државите да придонесат растот на глобалната температура да се одржува значително под 2°С, во однос на прединдустрискиот период. Предвидената максимална рамка на пораст, по истиот договор е 1,5°С, но … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Advertisment ad adsense adlogger