Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Archive

Успешен настап на големата меѓународна конференција за картографија и ГИС, ICC&GIS-2018

Успешен настап на големата меѓународна конференција за картографија и ГИС, ICC&GIS-2018

26.06.2018 Во периодот од 18 до 23 јуни, во Созопол, Република Бугарија се одржа седмата меѓународна конференција за картографија и географски информациски системи ICC&GIS 2018. Главни организатори на оваа голема конференција беа Меѓународната картографска асоцијација (ICA), Бугарската картографска асоцијација (BCA) и Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија од Софија, во соработка со општина Созопол и повеќе спонзори. Целта беше да се презентираат и споделат најновите светски достигнувања во картографијата и ГИС, со посебен акцент на состојбата … Read entire article »

Filed under: Географски вести

Петте веројатно најубави маглини во нашата Галаксија

Петте веројатно најубави маглини во нашата Галаксија

25.06.2018 Луѓето, уште од дамнешни времиња, кога сеуште не бил пронајден телескопот, набљудувајќи го ноќното небото биле импресионирани од тоа што можеле да го забележат со голо око. Постојат докази дека Маите знаеле за маглините пред да биде конструиран телескопот. Ова може да се види од еден мит во кој се зборува за еден предел на небото кај соѕвездието Орион каде има „размачкана дамка околу пламенот“. Претходно, уште во вториот век од нашата ера, Птоломеј во книгите VII и VIII од неговото дело … Read entire article »

Filed under: Вселена, На тема

110 години од мистериозната Тунгуска експлозија, а причината за неа – сеуште нејасна

110 години од мистериозната Тунгуска експлозија, а причината за неа – сеуште нејасна

24.06.2018 Деновиве се навршуваат точно 110 години од познатиот „Тунгуски феномен“. Имено, на 30 јуни 1908 година, околу 7:15 часот, голема огнена топка блеснала на небото над Тунгуската област во западен Сибир во Русија, а веднаш потоа се слушнала силна експлозија. Истата предизвикала тотално уништување на живиот свет на површина од околу 3200 km2 (колку целата Пелагониска Котлина), при што изгореле околу 80 милиони дрвја, загинале стотици ирваси и др. За среќа и по малку чудно, … Read entire article »

Filed under: На тема, По Светот

За преместувањето на главните градови во светот!

За преместувањето на главните градови во светот!

9.06.2018 Преселување на главните градови се врши поради тоа да се сврти вниманието на некоја политичка цел. Макијавели во почетокот на 16 век пишувал дека владетелот, доколку сака да ја зацврсти власта во некоја провинција, треба само да ја „пренесе“ престолнината. Мадрид, Анкара, Бразилија – постанале главни градови поради својата централна положба. Основање на Бразилија во 1960 год. имало за цел да го сврти вниманието на Бразилците на кај Амазонија и да ги „дезатлантизира“. Пренесувањето на … Read entire article »

Filed under: По Светот

Од активностите на регионалното географско здружение „Проф. д-р Митко Панов“ – Прилеп

Од активностите на регионалното географско здружение „Проф. д-р Митко Панов“ – Прилеп

9.06.2018 Регионалното Географско Здружение Проф. Д-р.Митко Панов – Прилеп, во кое членуваат околу 30-тина професори и наставници по географија од Прилеп, Кривогаштани, Долнени, Крушево и Македонски Брод, веќе втора година успешно ги реализира своите предвидени програми, планови и активности. Годишно покрај неколку средби и семинари, за членовите здружението организира и научно-рекреативни теренски екскурзии низ Македонија. Претходната година беше реализирана теренска екскурзија во Прилепско Мариово, на која беа посетени повеќе природно географски локалитети: Свлечиште – лизгалиште с. Штавица Локалитет Камени … Read entire article »

Filed under: На тема

Најдолг праволиниски патен и поморски правец на Земјата!

Најдолг праволиниски патен и поморски правец на Земјата!

3.06.2018 Двајца Индиски информатичари Роан Чабукшвар и Кушал Муџреј (Rohan Chabukswar и Kushal Mukherjee) создале алгоритам преку кој компјутерски се генерираат најдолгите прави линии кои одат само по вода или само по копно. Алгоритамот е таков, што во случај линијата да оди по вода, истата не смее да пресекува позначајна копнена маса или ледена површина. Обратно е доколку оди само по копно – не смее да дојде во допир со поголем воден басен. Алгоритамот го примениле … Read entire article »

Filed under: На тема

Advertisment ad adsense adlogger