Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Archive

Проф. д-р Драган Колчаковски – по повод 60 години од животот

Проф. д-р Драган Колчаковски – по повод 60 години од животот

31.10.2018 Вистинска чест и задоволство е да се пишува за проф. д-р Драган Колчаковски, редовен професор на Иститутот за географија при Природно-математички факултет во Скопје, по повод 60 години од неговиот живот и во последните децении еден од водечките геоморфолози во југоисточниот дел на Европа. Проф. д-р Драган Колчаковски е роден на 23 јуни 1958 година во Скопје. Во 1982 го­дина, со дипломската работа „Природно-географски карактеристики на Кадина Ре­ка“, под менторство на Проф. д-р Душан Манаковиќ, дипломира … Read entire article »

Filed under: Наставни

Креирање на 3Д фотореалистични модели на теренот со помош на дрон

Креирање на 3Д фотореалистични модели на теренот со помош на дрон

21.10.2018 Во последната деценија, дроновите стануваат неопходна алатка во разни сфери на живеењето: од мониторинг на природни непогоди (пожари, поплави, оштетувања при земјотреси и сл.), преку користење во земјоделството (прскање со заштитни средства, следење на раст и состојба на разни култури), до употреба во воени цели. Секако, мали, лесни дронови се користат и за спортско-рекреативни цели или како хоби. Заради падот на цената на дроновите, драстично се зголеми нивниот број, а со тоа и ризикот по … Read entire article »

Filed under: На тема

Успешно учество на меѓународната конференција за геопаркови во Белоградчик

Успешно учество на меѓународната конференција за геопаркови во Белоградчик

19.10.2018 Во периодот од 11 до 14 октомври, во градчето Белоградчик во северозападниот дел на Бугарија, се одржа меѓународна конференција на тема: Geoparks and Modern Society (геопарковите во современото општество). Конференцијата беше посветена на 20-годишнината од иницијативата за прогласување на геопаркови, промовирана на состанокот на Прогео во Белоградчик, во 1998 година. Главана тема на конференцијата беше постапката за воспоставување, функционирање и одржливост на геопарковите, придобивките од нив, искуствата од разни делови на светот и сл. Во … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Кое време е посоодветно за територијата на Република Македонија – „зимското“ или „летното“?

Кое време е посоодветно за територијата на Република Македонија – „зимското“ или „летното“?

19.10.2018 Примената на „летно време“ низ светот и во Европа трае повеќе од половина век, а во Македонија истото започна од 1983 година, во рамките на тогашна Југославија. Во меѓувреме, голем број држави се откажаа или се на пат да се откажат од указни промени на времето, а таква одлука донесе и Европската Унија (со примена од наредната година). Сосема сигурно е дека и Република Македонија ќе престане административната промена на времето, но прашање е кое … Read entire article »

Filed under: На тема

Во недела, можеби за последен пат преминуваме на зимското сметање на времето!

Во недела, можеби за последен пат преминуваме на зимското сметање на времето!

19.10.2018 Во недела (28 октомври) во 3 часот наутро, завршува летното и започнува зимското (вистинско, реално) сметање на времето. Тогаш стрелките на часовниците ќе треба да се вратат за еден час наназад, односно да покажуваат 2 часот, додека модерните електронски уреди тоа ќе го направат автоматски. Зимското време ќе трае се до 31 март 2019 година, кога повторно ќе се премине на летно сметање на времето. Овие датуми на поместување се „унифицирани“ од 2002 година, кога … Read entire article »

Filed under: Географски вести, На тема

Слатински Водопад – интересна појава во областа Порече

Слатински Водопад – интересна појава во областа Порече

07.10.2018 Селото Слатина се наоѓа во недопреното и таинственото Порече. Слатина е наделеку позната по нејзините прекрасни пештери, особено по пештерата Слатински Извор – најдолгата пештера во Република Македонија. Исто така, селото Слатина е познато и по солениот извор, еден извонреден раритет кој ретко се среќава во нашата држава. Покрај овие природни реткости, не толку познат за Слатина е Слатинскиот Водопад. Водопадот се наоѓа јужно од маалото Марковци на Марковска Река, па оттаму може да се … Read entire article »

Filed under: Викенд предлог, Чудесна Македонија

Advertisment ad adsense adlogger