Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Наставни » Ноември – месец на наука, 2019

Ноември – месец на наука, 2019

16.12.2019

Во текот на месец ноември, по четврти пат Македонското географско друштво, Македонското биолошко друштво, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштвото на физичарите на Република Македонија, Сојузот на математичари на Македонија, Македонското астрономско друштво, Скопското астроном¬ско друштво, Македонското еколошко друштво, Истражувачко друштво на студенти географи „Природник“, Истражувачкото друштво на студенти биолози и Природно-математичкиот факултет ја организираа манифестацијата Ноември месец на наука, 2019.
Оваа година реализацијата на настанот ја спроведе Македонското географско друштво. Главна замисла на настанот е популаризација на природните науки и математиката, a е наменет за учениците од основните и средните училишта и наставниците по природни науки, географија, биологија, математика, хемија и физика.

Активностите се одвиваа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во текот на три дена (саботи) во месец ноември:
– 16.11.2019 за ученици од 1 до 6 одделение
– 23.11.2019 за ученици од 7 до 9 одделение и
– 30.11.2019 за ученици од средните училишта.

Манифестацијата вклучуваше поголем број на активности: Натпревар во изведување експерименти и демонстрации од сите категории, научно-стручни популарни предавања, презентации и работилници.

За време на првата сабота се одржа предавање на тема: Научни методи во наставата по математика, а најмалите имаа можност да бидат дел од повеќе работилници:
– Математиката е повеќе од бројки: Сома 3Д сложувалка – СММ
– Прошетка низ Сончевиот систем – САД
– Запознај ја Македонија преку играње плочка – ИЗСГ „Природник“
– Учиме природни науки со еscapе room активности – СХТМ и МБД
– По трагите на животните – ИДСБ

Интересни предавања наменти за учениците и професорите беа дел и од програмата за втората сабота. (Во светот на карпите, Броеви на Фибоначи и Мршојадци, како и споделено искуство од наставата по хемија – Метали, неметали и семиметали во Периодниот систем на елементите).
Третиот викенд имаше содржини наменети за учениците од средните училишта. Во програмата беа реалзирани повеќе предавања: Следење на кафеавата мечка во Преспанскиот регион, Дмитриј Иванович Менделеев и Периодниот систем на елементите, Геопаркови, современ начин на заштита на геонаследството, Највпечатливите соѕвездија на небото над нас и Escape room активности во наставата по природни науки.

Покрај тоа учениците имаа можност да посетат лаборатории на Природно-математичкиот факултет и да го почувствуваат вистински амбиент каде се изучуваат природните науки.
Во натпреварите со експерименти, кои беа присутни сите три саботи, најдобрите се здобија со дипломи и пригодни награди.
За реализација на настанот упатувам огромна благодарност за целокупната поддршка и максималното залагање во организацијата и реализацијата на моите драги колеги асс. м-р Анита Тодорова, доц. д-р Марија Љакоска, асс. м-р Горан Китевски и доц. д-р Христина Димеска – Трајкова.
Голема благодарност и до сите останати колеги од Институтот за географија, кои активно се вклучија во реализација на настанот: проф. д-р Благоја Маркоски, проф. д-р Олгица Димитровска, проф. д-р Ивица Милевски, проф. д-р Милена Талеска и проф. д-р Дејан Илиев.
Благодарност до студентите од Истражувачкото здружение на студенти географи „Природник“, кои максимално одговорно и посветено ја преземаа улогата во организација и реализација на активностите, предвидени на манифестацијата. Голема благодарност до студентите на Институтот за хемија и студентите од ИДСБ за континуираната помош во сите активности.

Искрена благодарност до сите професори, асистенти, демонстратори од друштвата организатори на настанот.
Голема благодарност до спонзорите на настанот: Просветно дело, Тримакс, Топер, Рептил маркети, Гилд, Нескафе, Витаминка, Битолска млекара, Макпрогрес и Горска вода.
Сите потребни информации за текот на настанот (програмите за работа, презентации од предавања и наградени ученици), можат да се најдат на официјалната страна на Македонското географско друштво www.mgd.mk

Проф. д-р Билјана Апостоловска Тошевска
Претседател на Македонско географско друштво

Објавено од:

Од категорија: Наставни · Tags: ,

Leave a Reply

*