Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема, По Светот » Мадеира – совршена дестинација за кратко зимско бегство

Мадеира – совршена дестинација за кратко зимско бегство

16.12.2019

Мадеира е територија на Португалија, но е значително поблизу до копното Африка (800 km) отколку до Лисабон (1.200 km), додека Канарските острови се помалку од 400 km на југ. Мадеира често се нарекува „остров на вечна пролет“ заради климата, која е пријатна во текот на целата година. Мадеира е прекрасен и фасцинантен остров што претставува прекрасна дестинација за годишен одмор. Островот се состои од прекрасни природни предели, со масивни планини, бујни шуми и прекрасни цветни градини.

Мадеира е привлечна дестинација на широк спектар на туристи. Островот е безбеден (криминалот е практично непостоечки), има европски стандарди, удобности и вредности, а истовремено, од финансиски аспект е достапен за секого.
Иако самата помисла дека е остров и асоцира на море, плажа, коктели и лето, Мадеира е место за славење и на Новогодишните празници. Традициите на овој остров, климата, локалната гастрономија и главните настани на оваа прослава сигурно ќе ве изненадат. Мадеира е многу популарна дестинација за Бадник и Новогодишната ноќ за европските туристи.
Божиќ во Мадеира може да биде интересно искуство, со тоа што ќе имате шанса да го видите спектакуларниот огномет кој е запишан во Гинисовата книга на рекорди за “Најголем огномет во светот”.
Илјадници светла светат за Божиќните празници на улиците, зградите и планините на овој прекрасен остров. Ќе бидете воодушевени од креативноста, хармонијата и живописните бои на овој привлечен остров.

При изборот на хотел, од особено значење е тоа што Мадеира е планински остров со различна клима, а температурите и времето на различни места на островот можат значително да варираат. Најдобра клима има во јужниот дел на островот, поради што повеќето хотели се наоѓаат таму.
Климата во Мадеира околу Божиќ и Новогодишната ноќ е прилично топла, во просек околу 20°С. Ова ја прави Мадеира совршена дестинација за кратко зимско бегство. Обично не е доволно топло за туристите да можат да пливаат во океанот и познатите базени со лава, но хотелските базени се одлична опција за да го заменат морето.
Главниот град на островот Мадеира е Фунчал. Tука за посета е интересна Божиќната магија со светла и украси, каде посетителите можат да откријат и вкусат некои од типичните пијалоци од оваа сезона, како понча (домашен алкохол направен од сок од шеќерна трска, мед, шеќер, сок од портокал/лимон), како и другите Божиќни деликатеси како што се тортата од мед, типичниот домашен леб “Боло до Како”, и многу вкусниот сендвич Sandes de Carne-vinho hoAlhos. Во ова прекрасно место ќе направете многу фотографии, со кои ќе се сеќавате на овие мигови.
Божиќните песни осветлувајќи ги нашите души, ни дозволуваат да се потсетиме на празничните спомени. Музичките концерти се одржуваат во Фунчал, во Авенида Ариага, каде ќе најдете многу забава со филхармониски бендови, фолк групи, кларинети, мандолини, хармоника, гитари и детски хор. Во театарот Балтазар Дијас можете да присуствувате на убави балетски претстави и незаборавни концерти на класичниот оркестар на Мадеира.
Доколку сеуште немате одбрано дестинација за прослава на претстојните Новогодишни и Божиќни празници, тогаш земете го вашето омилено друштво, резервирајте билети колку што е можно побрзо и заедно побегнете во Мадеира, уживајте во прекрасниот амбиент, незаменливиот огномет и вкусот на ликерот.

Извор:
sayyestomadeira.com/en/christmas-and-new-years-eve-in-madeira/
www.madeiraallyear.com/en/celebrate-christmas-madeira/
myportugalholiday.com/madeira-portugal.html
www.huffpost.com/entry/8-things-to-know-about-ma_b_7936394
edition.cnn.com/travel/article/madeira-portugal-atlantic-island/index.html

Изработиле: Сандра Минзилова, ученик во СОУ “Гоце Делчев” Валандово и Славица Тенекиџиева, дипломиран географ

Оваа статија е прочитана 1919 пати!

Автор:

Од категорија: На тема, По Светот · Tags: , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger