Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » По Светот » 10-те најдлабоки пештери (пропасти) во светот

10-те најдлабоки пештери (пропасти) во светот

21.01.2020

Луѓето биле фасцинирани од пештерите од почетокот на своето постоење. Тие им се восхитувале поради убавините на пештерскиот накит, но и се плашеле поради мистичноста на нивната внатрешност и незнаењето што има во длабочината. Според експертските мислења, длабочината на некоја пештера, поради притисокот на карпите над неа (на таваницата), може да биде најмногу докај 3000 m. Засега, сеуште не е пронајдена толку длабока пештера, меѓутоа неодамна беа откриени две што се подлабоки од 2000 m. Пред да ги наведеме 10-те најдлабоки пештери, треба да напомене дека рекордната длабочина постојано се зголемува, како што луѓето се спуштаат се подлабоко со помош на најновите техники. Во таа смисла, редоследот на пештерите, во однос на нивната максимална длабочина, постојано се менува. Исто така, треба да се напомене има бројни пештери кои не се целосно истражени. Голем дел од нив се тешки за спуштање, опасни и достапни само од мошне вешти спелеолози.

  1. Veryovkina Cave (Верјовкина пештера), Абхазија, Грузија (2212 m)

Верјовкина е една од само двете до сега познати пештери на Земјата, кои се подалбоки од 2000 m. Нејзиниот влез се наоѓа на масивот Арабика, на западен Кавказ во Грузија. Иако е откриена во 1968 год. по децениски истражувања дури и во 2018 год. спелеолозите успеале да стигнат до длабочина до 2212 m. Сепак и тоа не е крајот, така што се смета дека пештерата се уште подлабока.

  1. Krubera Cave (Пештера Крубера), Абхазија, Грузија (2198 m)

Позната е и како пештера Воронја и претставува втора најдлабока пештера, до сега позната, во светски рамки, со најголема измерена длабочина од 2198 m. Крубера беше првата пештера во светот со истражена длабочина поголема од 2000 m.

  1. Пештера Сарма, Абхазија, Грузија (1830 m)

Оваа пештера се наоѓа во планинскиот масив Гагра во Апхазија, Грузија. До сега спелеолозите ја имаат истражени до длабочина од 1830 m, а познати се некои канали кои што одат значително подлабоко. Спелеолозите продолжуваат со истражувања на оваа пештера, па можно е истата да биде најдлабока во светот.

  1. Илузија – Снежнаја Межоного, Абхазија, Грузија (1760 m)

Оваа пештера се наоѓа исто така во претходно споменатиот планински масив Гагра во Апхазија, Грузија, со најголема длабочина од 1760 m. Само најискусните спелеолози можат да се спуштат низ бројните канали низ пештерата. Целиот систем се состои од два дела, и тоа Илузија и Снежнаја.

  1. Gouffre Mirolda (Гуфр Миролда), Франција (1733 m)

Гуфр Миролда е најдлабоката пештера во Франција, а освен тоа во периодот од Јануари 2003 и Јули 2004 год. беше најдлабока пештера во светски рамки. Во тој период, во светот ова беше прва истражена пештера со длабочина над 1000 m.

  1. Lamprechtsofen-Vogelschacht (Лампречцофен-Вогелшац), Австрија (1632 m)

Оваа пештера е поврзан систем кој се наоѓа во Австрија. Има најголема измерена длабочина од 1632 m, но според одредени проценки може да се значително подлабока. Спелеолози од разнични делови на светот сеуште ја истражуваат. Се сметаше за најдлабока пештера во светски рамки до откривањето на Крубера во Грузија.

  1. Reseau Jean Bernard (Ресо Жан Бернард), Франција (1602 m)

Се наоѓа на Француските Алпи и е откриена во 19963 год. од група на Француски спелеолози-авантуристи. До 1980 год. се сметаше за најдлабока пештера на планетата. Интересно е што има дури 13 познати влеза и вкупна должина од 20 km.

  1. Torca del Cerro del Cuevón (Торса дел Керо дел Куевон), Шпанија (1589 m)

Споменатата пештера, не само што е мешу најдлабоките во светот, туку е и најдлабока во Шпанија. Се наоѓа во областа Астурија во северозападна Шпанија. Експертите спелеолози ја сметаат за една од најопасните за симнување во светски рамки.

  1. Hirlatzhöhle (Хирлацхохле), Австрија (1560 m)

Оваа пештера е откриена 1949 год. близу до селото Халштад во Австрија. Се наоѓа во масивот Дачстаин во Австриските Алпи и претставува една од најдлабоките и најдолгите пештери. Потребни се повеќе од два дена за да се стигне до најдлабоката точка. Тоа е краен дел на голем пештерски систем, кој ако целосно доистражи би можел да биде длабок повеќе од 200 m и долг речиси 500 km.

  1. Sistema Huautla (Система Хуаутла), Мексико (1545 m)

Се наоѓа во планината Сиера Мазатека во Мексико и со длабочина од 1545 е најдлабока на Американскиот континент. Според National Geographic има 25 различни влеза и повеќе од 60 km пештерски канали, кои се досега истражени.

За споредба на претходното, најдлабоката пештера во Македонија е Словачка јама на Јакупица, чија до сега истражена длабочина изнесува околу 620 m. Сепак, според одредени проценки можно е оваа пештера да достигне длабочина од 1000 m.

Извор: www.valuewalk.com/2019/04/top-10-deepest-caves

Подготвиле: д-р Ивица Милевски и Бојана Алексова

Оваа статија е прочитана 938 пати!

Автор:

Од категорија: По Светот · Tags: , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger