Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Вселена, Географски вести » Откриена досега најстарата позната ѕвезда во Вселената

Откриена досега најстарата позната ѕвезда во Вселената

29/01/2020

Тим на астрономи, користејќи го Хабловиот телескоп на НАСА, направија голем исчекор во одредување на точното време на формирање на ѕвездата, која ја следат веќе подолг период. Според нивните анализи, веројатно таа е една од најстарите досега познати ѕвезди со релативно прцизна старост. Првичните пресметки покажуваат дека оваа ѕвезда наречена Мефусел или означена како HD140283 е стара околу 14,5 милијарди години (+/- 0,8 милијарди години), што на прв поглед би значело дека е постара дури од проценетата старост на вселената, која изнесува 13,8 милијарди години. Истата се наоѓа во соѕвездието Вага, на оддалеченост од 200 светлосни години. Наведеното, предизвика збунетост кај истражувачите, во однос на точноста на податоците за староста на ѕвездата и за староста на вселената.

Самата ѕвезда Мефусел е позната околу еден век, поради нејзиното брзо движење по небесниот свод. Таквото нејзино привидно движење едноставно покажува дека претставува посетител на нешто ѕвездено соседство. Нејзината орбита води преку рамнината на нашата галактика, започнувајќи од галактичкото хало со стари ѕвезди, кои го опкружуваат Млечниот пат. На крајот од своето движење, ѕвездата повторно ќе се најде во галактичкото хало.

Поради сето наведено, уште повеќе се зголеми интересот за истражување на оваа ѕвезда, за да се види или евентуално да се корегира староста на вселената, за која се мислеше дека е стара 13,8 милијарди години.

Автори: д-р Ивица Милевски и Бојана Алексова

Објавено од:

Од категорија: Вселена, Географски вести · Tags: , , ,

Leave a Reply

*