Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема, По Светот » Кои земјоделски култури потекнуваат од Американското копно?

Кои земјоделски култури потекнуваат од Американското копно?

22.04.2020

Какао

Земјоделството е стара стопанска гранка која опфаќа одгледување на животни и растенија  со цел  обезбедување основни производи корисни за населението.  Како примарна стопанска дејност земјоделството е систем  кој опфаќа повеќе земјоделски активности: полјоделство, во кое се издвојуваат: ораничарски култури (житни, индустриски, градинарски и фуражни култури), овоштарство, лозарство и сточарство.

Голем  дел од полјоделските култури, денес се секојдневие за населението во нивната исхрана, обезбедувајќи витамини, протени, белковини и сл., неопходни за функционирање на  човечкиот организам, давајќи енергија со цел да може човекот да ги извршува секојдневните активнсти, како и нивна искористеност  во фармацевската индустрија, текстилната индустрија, сточарството и сл..

Во минатото, големите освојувачи, владетели, филозофи и изумители од познатиот „Стар Свет“ (Европа, делови од  Азија и Африка), покрај нивната слава,  богатство, умешност, на својата трпеза немале прилика да вкусат една цела низа на земјоделски производи. Денес, голем дел од тие  земјоделските култури се нераскинлив дел од нашата исхрана, а истите потекнуваат од Американското копно и после „Големите географски откритија“ (15 и 16 век)  се раширени низ целиот свет. Во табелата се прикажани најголемиот дел од земјоделските производи кои потекнуваат од Американското копно.

Користена литература:
Мијалов Р.(2008) – Аграрна географија – ПМФ, Скопје
Стојмилов А.(2005) – Социоекономска географија на Република Македонија, Скопје
https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%88%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B0
http://ilike.mk/zivot/zdravje/subcategory/papaja/

Подготвил: Благојче Најдоски, наставник по географија

Оваа статија е прочитана 2734 пати!

Објавено од:

Од категорија: На тема, По Светот · Tags:

2 одговори на "Кои земјоделски култури потекнуваат од Американското копно?"

  1. Постот на колегата Blagojce Najdoski е одличен, само што има неколку пропусти напишано и фалат.
    Во табелата каде што е објавено потеклото на неколку земјоделски култури од Американското копно, немате напишано за потеклото на доматот, тиквата, дуњата, папајата и слично.
    Така што јас ќе надополнат подетално околу тоа:

    – Пченка – Мезоамерика (јужно Мексико или јужниот дел на Мексико.).
    – Компир – Јужна Америка (Анди), (јужен Перу и североисточна Боливија) а не Чиле и Перу… ;)
    – Домат – По потекло е од Централна, Јужна (западниот дел на Јужна Америка, Перу, Боливија, Чиле и Еквадор), и од јужните краеви на Северна Америка – од Мексико до Перу. За прв пат ја опишал лекарот и ботаничар Матиоли во 1554 година. Поимот „домат“ е изведен од ацтечкиот збор томатотл, навлезен преку неговиот хиспанизиран облик tomate.
    – Пиперка – Мезоамерика (Мексико).
    – Грав – Мезоамерика (Мексико).
    – Тиква (североисточен Мексико и Јужен САД).
    – Дуња – Западна Азија (Азербејџан, Турција, Грузија, северен Иран и до Авганистан. (дуњата по потекло е од Западна или Југозападна Азија, а не од Јужна Америка, тука ви е грешката во табелата што е на линкот).
    – Јагода – (дивата јагода или Вирџинија дива јагода (лат.Fragaria virginiana), што е по потекло од Северна Америка) и обичната јагода која потекнува од Чиле, Јужна Америка.
    – Сончоглед – Северна Америка (Мексико и Јужен САД).
    – Кикирики – Јужна Америка (северозападна Аргентина и југоисточна Боливија и Парагвај). ( а не Бразил, тука имате уште еден пропуст… ;) ).
    – Тутун – Мезоамерика и Јужна Америка (остров Тобаго, Кариби).
    – Какао – Мезоамерика (јужен Мексико) и Централна Америка (Гватемала).
    – Кока (растение) – Јужна Америка (западниот дел на Андите), северозападниот дел на Аргентина, Колумбија, Еквадор и Перу).
    – Ванила – Мезоамерика (јужен Мексико) и Цнетрална Америка (Гватемала).
    – Сисал (растение) – Мезоамерика (јужен Мексико, Полуостров Јукатан).
    Папаја – Мезоамерика (јужен Мексико и Централна Америка).
    – Кинининовец (растение) – Јужна Америка (западниот дел на Јужна Америка – Перу и Боливија).
    – Ананас – Јужна Америка (Парагвај и јужните делови на Бразил).

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger