Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » По Светот » Орлиас – интересни водопади на планината Олимп

Орлиас – интересни водопади на планината Олимп

19.05.2020

Ова волшебна природна убавина се наоѓа во срцето на бујното зеленило и сенката на планината Олимп во Грција, близу Литохоро. Олимп (2917 m) е една од највисоките планини во Европа, а исто така е позната како планина на боговите. Водопадите Орлиас претставуваат извонредно место за еднодневна прошетка, релаксирање, кампување.. Доколку сакате да ги избегнете летните топли денови, оваа природна убавина ви нуди одлична прилика за тоа,  може да се освежите во ладната и чиста вода под водопадите и во нивните мали и ладни базени.

Според митовите Орлиа  значи  „вресок“, а реката Еликон го добила името по убиството на Орфеј од страна на Манадите. Манадите, по убиството, ја миеле крвта од своите раце во реката Еликон, за да им олесни.

Орлиа има 4 водопади, од кои 3 се попознати, додека пак четвртиот е тешко пристапен и непознат за туристите. Патот до трите водопади на реката Орлиа е асфалтен и достапен за секаков вид на автомобил, а за четвртиот, односно непознатиот водопад, патот е попроблематичен. Водопадите се на 50 километри оддалечени од градот Литохоро, до кој може да стигнете преку автопатот Е-75. Од овие четири водопади, најинтересни и највпечатливи се водопадот Кокинос Врахос и водопадот Орфеус.

Водопадот Кокинос Врахос  е еден од најубавите водопади на планината Олимп, со импресивна височина од 20 m. Водата е кристално чиста, може да се пие, а извира од изворите на Олимп.Водопадот Орфеус е околу 6 m висок, а неговиот природен базен е мал. Водопадот името го добил по Орфеј, кој бил музичар и поет во грчката митологија.

Денес оваа природна убавина ви е достапна и преку туристичките веб страни, каде може да си резервирате патување по цена од 50 евра за еднодневна тура преку Tripadvizor.com и сл. Исто така, турисичките агенции ви нудат пешачки рути низ природните убавини на планината Олимп, вклучувајќи и водопадите.

Подготвила: Ана Молкоска

Оваа статија е прочитана 1281 пати!

Објавено од:

Од категорија: По Светот · Tags: , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger