Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести, На тема » Краткометражен документарен филм „Брзинско искачување на врвот Аконкагва (6962 m)“ од Александар Кирковски

Краткометражен документарен филм „Брзинско искачување на врвот Аконкагва (6962 m)“ од Александар Кирковски

26.05.2020

Врвот Аконкагва (6962 мнв) се наоѓа на планинскиот масив Анди во Аргентина, а претставува највисок врв на континентот Јужна Америка но и воопшто надвор од Азија. Условите на планината се екстремно сурови, има низок воздушен притисок и концентрација на кислород од само околу 40% во споредба со нивото на Светското море, а карактеристика е студот и силните ветрови. Просечната летна температура на врвот Аконкагва се движи од -25°C до -35 °C. Врвот за првпат е искачен во 1897 година, а денес е предизвик и голема атракција за планинарите ширум светот. Досега на Аконкагва се имаат искачено околу 25 Македонци (од кои четири се девојки).

Документарниот филм во прилог раскажува за експедицијата на Аконкагва 6962 мнв во февруари 2019 година, во чии рамки македонските планинари Александар Кирковски и Димитар Тодоровски одат со специфична цел: брзинско искачување на највисокиот врв во Јужна Америка.

Целта на Александар, наставник по географија и пасиониран планинар, е поаѓајќи од базниот камп Плаза де Мулас 4300 мнв да се искачи до врвот и назад за под 12 часа што би било пионерски потфат во балкански рамки, но и резултат вреден многу пошироко. Вообичаеното потребно време за искачување на Аконкагва од базниот камп е три до четири дена. Димитар, студент и млад вљубеник во планините, е негова единствена поддршка на ова далечно патување.

Во овие дваесетина минути е прикажана авантурата на двајца пријатели на Андите, на патот до нивната цел преку уште едно спортско и животно искуство.

Оваа статија е прочитана 2078 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести, На тема · Tags: , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger