Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема, По Светот » Кои се најголемите полуострови на континентите? Трет дел – Северна Америка

Кои се најголемите полуострови на континентите? Трет дел – Северна Америка

27.05.2020

Северна Америка е дел од големото Американско копно, кое се наоѓа на западната хемисфера. Северна Америка започнува од Панама и Панамскиот канал на југ и се протега до Северно Ледениот океан на север. На исток широко излегува на водите на Атлантскиот океан, а на запад е заграден со Тихи Океан. Северна Америка е третиот најголем континент на Земјата, има површина од околу 24 милиони km2 или околу 16 % од копнената површина. Континентот се одликува со контрастна брегова разграденост. Северниот брег е особено разгранет, истиот е претставен со голем број на острови, островски групи, заливи и два големи полуострови, како што се полуостровот Алјаска и полуостровот Лабрадор.  Западниот брег е еден од најслабо разгранетите, тука се истакнува само полуостровот Калифорнија. На јужниот брег се наоѓаат два поголеми полуострови, полуостровот Флорида, кој е обиколен од сите три страни со водите на Атланскиот океан и полуостровот Јукатан, кој е обиколен со водите на Атланскиот океан и Карипското море. Источниот брег, исто така е слабо разгранет, на овој брег забележителен е полуостровот Нова Шкотска. Од сите наведени полуострови, најголем е полуостров Алјаска. Овој полуостров се наоѓа во северо-западните делови на континетот и е обиколен со водите на Тихиот океан на југ, Беринговото море на запад и Северно Ледениот океан на север. Овој полуостров со својот југозападен дел ги одделува Тихиот океан и Беринговото Море. Полуостровот Алјаска е петтиот најголем полуостров во светот со вкупна површина од околу 1.700 000 km2. Тој претставува дел од „огнениот прстен“ на Пацификот, кој е познат по своите вулкани. Алеутскиот регион е изразито активен вулкански планински масив, кој се простира  по целата југозападна должина на полуостровот Алјаска. Релјефот на овој полуостров е претежно планински, претставен со високи планини на кои се наоѓа и највисокиот врв на Северна Америка, а тоа е врвот Мек Кинли, висок 6.194 метри. Низ овој полуостров течат повеќе реки, а најдолга и најзначајна е реката Јукон. Полуостровот Алјаска има голем број на широко распостранети диви и недопрени територии, од кои дел се заштитени. На полуостровот се наоѓаат националниот парк Катмаи, заштитеното подрачје Бечароф и заштитеното подрачје Изембек. Овој регион е дом на голем број на кафени мечки, кои во голем дел се хранат со рибата со лосос. Оваа риба е позната по нејзината миграција за време на мрестот, истата  во тој периот се движи од морските води кон бистрите плански реки.  Алјаскиот полуостров е богат со рудно богатство и тоа најмногу со: златото, среброто, бакарот, платината, оловото, ураниумот и др. Поради климатските услови и местоположбата која ја има овој полуостров е ретко населен и има околу 750 000 жители. Инаку втор најголем полуостров во Северна Америка е полуостровот Лабрадор, со површина од околу 1,400,000 km2.

Пејзаж од Алјаска

Литература:

  1. https://www.britannica.com/place/Alaska-Peninsula
  2. https://www.lpsd.com/
  3. http://www.aktrekking.com/AKpen.html
  4. https://library.alaska.gov/asp/edocs/2007/04/ocn132786211.pdf
  5. https://www.worldatlas.com/articles/15-largest-peninsulas-in-the-world.html

Подготвил: Тоше Столески, наставник по географија

Оваа статија е прочитана 1154 пати!

Објавено од:

Од категорија: На тема, По Светот · Tags:

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger