Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Чудесна Македонија » Најголемиот карстен извор во Република Македонија

Најголемиот карстен извор во Република Македонија

На териоторијата на Р. Македонија се регистрирани петнаесетина извори- карстни врутоци чија штедрост надминува 1 м3/с. Сите тие се застапени во западните делови на Р. Македонија. На Јадранскиот слив припаѓаат пет вакви извори, на потесното сливно подрачје на реката Вардар четири, колку што ги има и во сливот на реката Треска и по еден во сливот на Бабуна и Црна Река.

Најголем карсен извор е Острово кај манастирот Св. Наум, во јужното крајбрежје на Охридското Езеро. Овде на површина од 0,342 км2 се јавуваат повеќе од 15 извори со вкупен капацитет од 11,0 м3/с. Најголема длабочина од 3,5 м се јавува на местото каде тесниот коритест дел минува во северниот проширен дел. Дното на северниот, проширен дел, е налегнато кон југозапад. Овде на одделни делови е со длабочина од 3м, додека во делот североисточно од островчињата длабочината достигнува до 1,5 м. Во јужниот, тесен дел, како и кај округлиот дел на заезерената вода, долж западниот варовнички дел се јавуваат извори на ниво на врутокот. Источниот дел е низок и без извори. Него го сочинуваат барски органски седименти и песоци под нив. Воедно, по дното на водниот басен се јавуваат повеќе сублакустриски извори. Тие се поврзани со пукнатини во карбонатната маса која се наоѓа под песочното дно. Сублакустриските извори се во групи и се поблиску до западниот брег. се јавуваат на длабочина од 1,5 м. Околу нив нема водна (хидрофилна) веѓетација.

Тие заеднички создаваат едно мало езерце, од кое водата директно истекува во Охридското Езеро. Оваа мало езеро со своите хидробиолошки особини заедно со растителниот свет околу него претставува еден од најатрактивните пејсажи во Р. Македонија.

Колчаковски Д. (2004): Физичка географија на Република Македонија, Универзитетски учебник, Скопје

Објавено од:

Од категорија: Чудесна Македонија · Tags: , , , ,

Leave a Reply

*