Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести, На тема, Наставни » Излезе новиот број (52) на списанието Географски разгледи

Излезе новиот број (52) на списанието Географски разгледи

21.07.2020

Во текот на месец јули 2020 година излезе новиот број (52) на списанието Географски разгледи (Geographical reviews). Ова реномирано списание кое го издава Македонското географско друштво, излегува непрекинато уште од 1962 година, поради што спаѓа меѓу научно-стручните списанија со најдолга традиција во Македонија. Како и претходните десет броја, изданието е електронско, а ќе биде публикувано во печатена верзија до крајот на оваа година. Овој пат во списанието се најдоа десетина трудови на вкупно 180 страници од различни географски области, во кои доминираа темите од социо-економска географија (демографија, туризам, социо-економски развој и др.).

Свое место во овој број на разгледи најде и посветата по повод 60 години од животот на проф. д-р Благоја Маркоски, како и посебен труд, односно приказ на 70 години од постоењето на Македонското Географско Друштво. Од десетте трудови во списанието, четири се од странски автори, и тоа од Босна и херцеговина, Италија, Шпанија и Полска. Сите трудови се на англиски јазик со заклучок на македонски јазик, со исклучок на двете посвети (за проф. Маркоски и за МГД), кои се на македонски и англиски јазик. Од останатите автори, 5 автори кои имаат свои трудови или посвети се од Институтот за географија (Благоја Маркоски, Свемир Горин, Христина Димеска Трајкова, Дејан Илиев и Марија Љакоска).

Со самото објавување на последниот број, започнуваат подготовките за собирање на трудови на следниот број на списанието, кој ќе содржи новитети. Токму затоа, доколку сте заинтересирани ве повикуваме да го подготвите или испратите вашиот труд до уредувачкиот одбор најдоцна до крајот на оваа година. Сите трудови кои третираат географска и сродна проблематика се добредојдени, со тоа што рецензентскиот тим ќе изврши преглед и селекција на трудовите за новото специјално издание.

Линк до новиот број на списанието.

Од уредникот на списанието, проф. д-р Ивица Милевски

Оваа статија е прочитана 976 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести, На тема, Наставни · Tags: , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger