Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести, На тема, По Светот » Беспилотните летала (дроновите) почнуваат да се користат за непосредно истражување на вулканите

Беспилотните летала (дроновите) почнуваат да се користат за непосредно истражување на вулканите

11.11.2020

Со околу 300 активни вулкани на Земјата, предизвик е како да се набљудуваат сите за да се испратат рани предупредувања пред да еруптираат. Мерењето на емисии на вулкански гас сепак не е лесна задача. Истражувачите дизајнираа специјално прилагодени беспилотни летала (дронови) за да помогнат во собирањето податоци од активен вулкан во Папуа Нова Гвинеја. Беспилотните летала можат да им помогнат на локалните заедници да ги следат вулканите во близина и да предвидат идни ерупции. Нивните мерења би можеле да ни кажат повеќе за најнепристапните, високо активни вулкани на планетата и како вулканите придонесуваат за глобалниот јаглероден циклус.

Научниците имаат неколку начини на предвидување кога вулкан би можел да еруптира. Тие можат да ја следат активноста на земјотресите во областа, за да откријат потреси кои скоро секогаш им претходат на ерупциите и да ги набљудуаваат пукнатините во вулканите, бидејки магмата се издига низ нив. При ведро небо, сателитите исто така можат брзо да детектираат и измерат вулкански емисии на гасови, како што е сулфур диоксид (SO2). Промените во овие емисии на гас можат да сигнализираат поголема активност во вулканот.

Патувајќи до Папуа Нова Гвинеја, меѓународен тим на истражувачи има започнато со тестирање на два типа беспилотни летала со долг домет, опремени со сензори за гас, камери и други уреди за време на две теренски истражувања на островот Манам, во октомври 2018 и мај 2019 година. Така, првична проба е извршена на вулканот Манам Мото, еден од најактивните вулкани на Земјата. Вулканот се наоѓа на остров широк 10 километри, покрај североисточниот брег на Папуа Нова Гвинеја, на кој живеат 9000 луѓе. Во 2004 година, голема ерупција од Манам го принуди целиот остров да се евакуира на копнениот дел и ги уништи посевите и домовите на луѓето. Стрмните падини на Манам го прават неверојатно опасен, додека беспилотните летала можат безбедно да летаат директно околу вулканот, што му помогна на истражувачкиот тим попрецизно да ги измерат емисиите на вулканските гасови.

Подготвување на еден од беспилотните летала за пробен лет

Дроновите летале над 2.000 метри од површината на Земјата и на околу 6 километри оддалеченост од нивната појдовна точка. На секој лет, дроновите направиле слики од Манам и неговите два кратери и го измериле составот на гасовите. Дронските снимки од прелетувањето на беспилотните летала покажале дека активноста на едниот кратер на вулканот Манам е засилен во периодот помеѓу октомври 2018 година и мај 2019 година. Всушност, вулканот избувна само месец дена подоцна, во јуни. Сепак, зголемените емисии на вулканите не се единствен индикатор за тоа дали ерупцијата е неизбежна или веројатна, така што истражувачите исто така го имаат разгледано соодносот помеѓу различните гасови. Ова може да помогне во откривање на искачување на магмата на површината на Земјата и исфрлање на емисии богати со СО2, кои, се смета дека претходат на големи ерупции.

Поврзувајки ги мерењата од беспилотните летала со сателитските податоци, истражувачите успеале да докажат дека Манам е меѓу 10-те најсилни гасовити вулкани во светот, испуштајќи околу 3.700 тони СО2.

Аеро снимка кон отворот на активниот вулкан Манам, Папуа Нова Гвинеја

Истражувачкиот тим исто така заклучи дека најголемиот дел од емитираниот јаглерод од вулканот Манам најверојатно потекнува од горната обвивка, а не од седиментите од Земјината кора. Овој понов пристап, т.е. мерења со дронови со долг домет и голема надморска височина во самите вулкани, во моментов е единственото остварливо средство со кое може да се одреди составот на гасовите, на стрмни, опасни и високо активни вулкани како Манам.

Со доволно финансирање за опрема и обука за локални научници, оваа стратегија може да се искористи на други места за следење на опасни непристапни вулкани, како што се Мајон на Филипините и Синабунг во Индонезија.

Извор: www.sciencealert.com/drones-sent-into-degassing-volcanoes-for-science

Изработиле: Бојана Алексова, дипл. геoграф и д-р Ивица Милевски

 

Оваа статија е прочитана 251 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести, На тема, По Светот · Tags: , , , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger