Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести » Новите седум светски чуда на природата

Новите седум светски чуда на природата

По четири години натпреварување, избрани се седумте светски чуда на природата. Новите седум светски чуда се избрани помеѓу 28 финалисти. Натпреварувањето започнало во 2007 година , а е во организација на швајцарската фондација „New7Wonders“.

Амазонските тропски дождовни шуми– овие тропски дождовни шуми зафаќаат околу една третина од Јужна Америка. Освен многубројниот растителен и животински свет се среќаваат и голем број на домородни племиња.

Заливот Ха Лонг– овој залив се состои од 1 960 острови. Освен бројните острови во заливот има и голем број на езера и пештери. Во него има 14 ендемични растителни и 60 ендемични животински видови.

Водопадите Игуасу– се наоѓаат помеѓу Бразил и Аргентина. Водопадите ја делат реката Игуасу на два дела, горен и долен тек, а имаат статус на светска градина. Се сметаат за најспектакуларни водопади на светот. Се состојат од вкупно 275 водопади со висина до 70 метри, долж 2,7 километри.

Островот Јеју – се наоѓа во Тихиот океан и е најголемиот остров во Јужна Кореја. На овој остров се наоѓа вулканот Халасан, а неговата последна активност е забележана пред 800 години. Тука се значајни и бројните тунели преку кои некогаш течела лава, а денеска се празни псевдо пештери.

Националниот парк Комодо – опфаќа три големи острови – Комодо, Ринц и Парад, како и уште 26 островчиња. Островите воглавно се од вулканско потекло, а висината им е до 735 метри.

Подземната река Пуерто Принцес – во која  живеат 800 видови на растенија. Во националниот парк живеат 95 видови на птици, од кои 15 ендемски.

Планината Тејбл – Необична планина во Јужна Африка. Специфична е по тоа што неместо планински врвови има рамни површини настанати во текот на милиони години.

Автор на веста: http://tocka.com.mk

Објавено од:

Од категорија: Географски вести · Tags: , , , , , , ,

3 одговори на "Новите седум светски чуда на природата"

  1. Darko says:

    Одлично колега! :)

  2. Sadat Redzepi says:

    И јас истотака го дадов мојот глас… Мислам дека овој избор не е вистинскиот. Не требаше луѓето од целата планета (internet-voting) да одлучат за новите 7-те Светки чуда на природата, туку гласањето требаше да оди во некоја друга форма (на пр. форматот на гласањето на Евровизија), гласот на природните научници низ целиот свет да има поголема тежина. А вака помеѓу првите 7 се најдоа некои што не заслужуваат (луѓето од Индонезија, Филипините и други земји гласале масовно за своите паркови, водопади, острови и др).

  3. Trajce says:

    Поради тоа што Националниот парк Great Barrier Reef беше еден од кандидатите за Светско чудо на природата и не успеа да стане тоа, во подготовка имам еден текст за него кој следува во скоро време. Инаку, веста ти е на место колега.

Leave a Reply to Sadat Redzepi

*