Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема » За името на Титов Врв на Шар Планина

За името на Титов Врв на Шар Планина

16.01.2012

Целта на овој мал прилог е барањето на вистинското име на најви­сокиот врв на Шар Планина, Титов Врв, кое е од понов датум. Така, истражувајќи по постарите географски и воени карти и објавувани тру­дови, добиени се следните сознанија: највисокиот врв на Шар Пла­нина со тек на времето има променето пет имиња.

Најстарото име на денешниот Титов Врв било Шар. Ова име го има забележано Ѓорче Петров во трудот „Материјали за изучувањето на Македонија” на стр.42[1], кое изворно му го кажале луѓето кои ги рас­пра­шувал, а кои живееле во најблиските населби до врвот или од жителите на градот Тетово. Потоа, го дава следниот парафразиран опис: Зад Тетово се издига игловидниот, скалест, тесен и пира­мидал­ниот врв Шар. Тој, искрено речено со својата височина му конкурира на врвот Љуботен, кој стои прв на танецот со својата височина. Не знам, но мене ми се гледа како врвот Шар да е повисок од врвовите Љуботен и Маздрача и да е највисок на целата планина“. Така, врвот Шар со својата височина го дал името на целата планина со сите забе­лежителни врвови.

Како највисок врв на Шар Планина, турската администрација му го променила името во Султан Тепе (Царев Врв)[2]. Потоа, повторно му го промениле името во Турчин. За време на Кралството Југославија, по­точно во октомври 1934 година, врвот добива ново име, Александров Врв, по името на кралот на Кралството Југославија, Александар. По Втората светска војна, врвот повторно се викал Турчин. На 21.04.1953 година со одлука на Собранието на НР Македонија, врвот се пре­име­нува по претседателот на државата Југославија, Јосип Броз-Тито, така што е наречен Титов Врв, а помалиот врв Бакардан, што е близу до него, со името Мал Титов Врв. Овие имиња и денес се во употреба.

Со оглед на тоа што овој врв своевремено го носел името Шар, ве­ро­јатноста е голема следствено на тоа и планината да го добила своето име. Ова не е единствен случај кај македонските планини, највисокиот врв да го има истото име со планината на која се наоѓа. Такви слу­чаи имаме кај следните планини: Врвот Кораб, кој се наоѓа на истоимена­та планина Кораб; врвот Ниџе на планината Ниџе; врвот Баба на пла­ни­ната Баба; врвот Мокро на Мокра Планина (кај оваа планина про­менети се двете имиња, врвот Мокро во Солунска Глава, а планината Мокра Планина, Петар Јовановиќ пред Втората светска војна пог­ре­шно ја именува со името Јакупица); Врвот Малеш на Малешевските Пла­нини; врвот Исток на планината Исток и врвот Буковиќ на пла­нината Буковиќ. Како што забележуваме од наведените примери, таков е случајот и со името на врвот Шар на Шар Планина, кое е забележливо дека по политичко-административен пат е пет пати променето. Можеби треба да се размислува, повторно да се врати старото име на највисокиот врв на Шар Планина – врвот Шар.



[1] Ѓ. Петров – Материјали по изучувањето на Македонија, Софија, 1896.

[2] A. Japie. Carte generale de la Turquie d’Europe en XV feuilles. Paris 1822.

Автор: Илија Петрушевски, дипл. географ (во пензија). Статијата е дел од истоимениот труд објавен во списанието Географски разгледи кн. 44-45 (2011).

Од категорија: На тема · Tags: , , , , , , ,

5 одговори на "За името на Титов Врв на Шар Планина"

  1. Игор says:

    Do Avtorot.

    Nemozeme da znaeme dali so ШАР Se misli na Titov Vrv zatoa sto:

    “Зад Тетово се издига игловидниот, скалест, тесен и пирамидалниот врв Шар.”

    Ovoj opis povekje mi lici na kobilica, zatoa sto Titov Vrv ne e zad Tetovo, a Kobilica e piramidalna i navistina e Shpic koj se naogja pozadi Tetovo.

    Ponatamu Gjorce Petrov go sporeduva so Mazdraca I ljuboten, zatoa sto samo tie tri vrva se vo opticka vidlivost pa da mozes od oko da kazes koj e povisok… se razbira gledano od Tetovo, sigurno ne se kacil on na vrvot ШАР.

    Pa vika „може“ da im konkurira na Ljuboten I Mazdraca…sto e tocno zatoa sto Kobilica ima priblizno ista visina ko niv, a Ttitov Vrv koga bi mozel da go vidi….kje kazel “сигурно” e povisok od Mazdraca i Ljuboten.

    Za vrakjanje na imeto..ne bi komentiral…ama nemoze da zagovarame za ime za koe sto nemoze da sme sigurni deka vazelo za toj vrv.

    1. Игор says:

      Da dopolnam,
      Gjorce Petrov navistina go videl vrvot ШАР, no problem e sto tukasniot avtor dodeka go citira e siguren deka stanuva zbor za denesniot Titov Vrv, bez pritoa da ostavi ni trunka somnez deka Gjorce Petrov imenuva druga lokacija.

    2. Goce says:

      Dolgo vreme se smetalo deka Ljuboten e najvisok vrv na Shar Planina. Vo 1877 godina Voeniot geografski institut od Viena ja opredelil visinata na vrvot Ljuboten na 3050 metri.

  2. Potocanec says:

    Titov vrv voopsto ne se gleda od Tetovo.Pozadi Tetovo se dva vrva koi se povisoki od Ljuboten,Kobilica i Crni vrv 2527 i 2584 m.,dodeka za Mazdraca se misli na Brustovec 2672 m koj e na krajniot zapad od Tetovo.Bagrdan(ne Bakrdan) 2704 m.ne e mal Titov vrv.Mal Turcin ili Aleksandrov vis 2702 m e krsten na 11.11.1934 god.po povod smrtta na kralot Aleksandar,a pak utredenta e ssvecano dadena vo upotreba odnosno prviot planinarski dom na Popova Sapka i go otvoril Orestie Krstic,osnivacot na prvoto turisticko drustvo JUG vo Skopje.Bagrdan e vrvot koj stoi pred Titov vrv i go pokriva da ne se gleda i mnogu planinari i naucnici go smetale deka e najvisok vrv na Sara.No,Boris Spora vo 1929 g. vo Glasnikot na Skopskoto naucno drustvo kniga 5 vo Skopje 1929 g str.315,potoa Rudolf Humar vo 1934 g vo vesnikot Vardar i Sloveneckiot geugraf Bogdan Jordan vo Planinski Vestnik vo 1939 kazale za visinata na denesniot Titov vrv deka e najvisok vrv na Sar Planina.Geografskiot institut na JNA vo 1053 g so nivelmansko merenje ja odredil segasnata visina od 2747m.Tocno na 21.04 1953 g so Odluka na Izvrsniot sovet na SRM e imenuvan za Titov vrv akako kum pokraj drugite figurira togasniot Pretsedatel na Planinarskiot sojuz na Makedonija DARE DZAMBAZ.Poimot odnosno imeto SAR se spomenuva na prevojot na patot od Tetovo za Prizren,nad seloto Vesala i vo blizina na Karanikolickite ezera.Imam uste edna legenda za imeto na Titov vrv,no taa ceja ostavam za nekoi drugi vreminja.

  3. Igor says:

    И не само за Титов Врв (за кој потполно се согласувам со забелешката во другите коментари дека под врвот Шар најверојатно Петров мислел на Кобилица), авторот ги погрешил и другите имиња. Баба не е јависок врв на Баба, тоа е Пелистер, Ниџе не е на Ниџе, тоа е Кајмакчалан, на Малешевски е Џами Тепе, а погрешни се имињата и за Исток и за Буковиќ. Исто така и Јакупица не е погрешно така наречена како што посочил авторот. Името Јакупица е старо колку и Даутица, проблемот е со преименувањето на врвот Мокра со Солунска Глава, но за тоа треба да се посвети еден цел текст.

Leave a Reply

*

* Copy This Password *

* Type Or Paste Password Here *