Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Вселена, На тема » Утре не очекува вистински астрономски феномен кој не смеете да го пропуштите!

Утре не очекува вистински астрономски феномен кој не смеете да го пропуштите!

20.12.2020

На 21 декември (утре) 2020 година, после точно 794 години, Јупитер и Сатурн погледнати од Земјата, ќе се приближат толку блиску што ќе изгледаат како „двојна планета“, или како една ѕвезда на небото. Овој феномен, астрономите тврдат дека ќе изгледа спектакуларно. Двете најголеми планети во нашиот Сончев Систем ќе бидат поблиску од било кога, за создавање на т.н. „Божиќната Ѕвезда“. Имено, последниот ваков феномен е забележан на 4 март, 1226 година. Според тоа, вакво приближување на Јупитер и Сатурн е доста ретка појава. Астрономите предвидуваат дека следна ваква конјукција нема да се повтори до 15 март 2080 година. Во таа смисла, оваа ретка појава, позната како „Божиќна Ѕвезда“ целиот свет ќе има можност да ја види и секако да фотографира.

Орбитите на Јупитер и Сатурн се на иста линија на секои 20-тина години и поради тоа многу се доближуваат една до друга. Ова е затоа што Јупитер кружи околу Сонцето на секои 12 години, додека револуцијата на Сатурн трае 30 години. Поминаа скоро 400 години откако планетите поминаа блиску една до друга на небото и скоро 800 години, откако се случи усогласувањето на Сатурн и Јупитер во текот на ноќта, како што ќе се случи за оваа година, односно утре, дозволувајќи им на сите ширум светот, да бидат сведоци на овој голем и значаен астрономски настан. Од гледна точка на Земјата, огромните гиганти (најголеми планети во Сончевиот Систем) ќе се појават многу близу една до друга, но тие ќе останат стотици милиони километри оддалечени во вселената.

Јупитер и Сатурн се многу светли планети на небото, така што можеме лесно да ги забележиме доколку небото е ведро. Во таа смисла, сите љубители на астрономијата и астрономски настани, овој спектакал можете да го забележите еден час по зајдисонце, на небото, на југозапад. Јупитер ќе изгледа како светла ѕвезда на небото и ќе биде лесно видлив. Сатурн ќе биде малку послаб и ќе се појави малку погоре и лево од позицијата на Јупитер, до моментот кога ке се „поклопат“ и ке блеснат како двојна планета. Планетите може да се видат со голо око, но ако имате телескоп, можеби ќе можете да ги видите и четирите големи месечини на Јупитер, кои кружат околу џиновската планета. Останува да се надеваме на ведро небо и да уживаме во овој редок и фантастичен астрономски настан, кога Јупитер и Сатурн ќе изгледаат највеличествено и ќе бидат поблиску од било кога. Како и да е, овој фантастичен астрономски настан ќе го одбележи крајот на оваа 2020 година!

Користена литература:

www.nasa.gov/feature/the-great-conjunction-of-jupiter-and-saturn

Автор: Бојана Алексова, постдипломец на географија

Оваа статија е прочитана 9081 пати!

Објавено од:

Од категорија: Вселена, На тема · Tags: , , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger