Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема, Отворено..., По Светот » Рованиеми – Вистинскиот дом на Дедо Мраз

Рованиеми – Вистинскиот дом на Дедо Мраз

26.12.2020

Доколку сакате да го запознаете Дедо Мраз, треба да го посетите неговиот дом во Santa Claus Village, лоциран во градот Рованиеми, центарот на Лапонија. Рованиеми е најголемиот населен град во близина на Арктичкиот круг. Финците уште го нарекуваат и „Врата на Лапонија“. Се наоѓа на околу 6 km јужно од Арктичкиот круг, на самата поларна граница, на вливот на реката Кемијоки и нејзината притока Оунасјоки.

Северен Поларен Круг (или Арктички Круг) е еден од петте главни напоредници на картата на светот. Го бележи јужниот крај на поларниот ден (ден до 24-часовна дневна светлина) и поларната ноќ (ден со 24-часовен мрак). Имено Арктичкиот круг ја означува најјужната географска ширина каде Сонцето може да остане постојано или под хоризонтот 24 часа. Воедно, овие феномени се познати како Полноќно сонце во лето и Поларна ноќ („Каамос“) во зима. Во Рованиеми, Арктичкиот круг поминува низ домот Дедо Мраз, сместено на 8 km северно од центарот на градот, каде што е јасно обележано, па дури може да се добие и сертификат како доказ дека сте го поминале. Оваа село, во центарот на Рованиеми е доста интересно, бидејќи навистина постои канцеларија на Дедо Мраз, како и пошта во која стигнуваат илјадници писма од деца од целиот свет. Секоја година, Дедо Мраз го напушта селото со санка влечена од ирваси за да им доставува подароци на децата, а неговото испраќање се емитува на меѓународно ниво на 23 декември. Ако сакате да ја испратите вашата листа со желби за оваа година, можете да ја испратите до Дедо Мраз на: Santa Claus, Santa Claus’s Main Post Office, 96930 Napapiiri, Finland.

Исто така има и хотел, забавен парк на Дедо Мраз, леден замок и други туристички атракции. Изградени се во лапонски етностил со дрвени куќички. Местото е посебно декорирано со илјадници светкави лампиони, ѕвончиња и други украси, кои дополнително придонесуваат за празничното расположение.

 

Како што напоменавме, благодарение на позицијата, има многу необични климатски услови и атмосфера која е речиси нереална. Сонцето преку зимата не излегува еден цел ден, а преку лето не заоѓа еден цел ден. Поларната ноќ таму трае речиси еден месец, од средината на декември до почетокот на јануари, додека преку лето, сонцето не заоѓа од средината на јуни до почетокот на јули. Благодарение на тоа, таму минимум 200 дена во текот на годината се „украсени“ со мистична „игра на светлината“, што всушност е феномен на спектар на небесна светлина која трепери во зелени, сини, пурпурни и црвени нијанси. Возбудата од појавата на поларната светлина позната како „аурора бореалис е уникатно искуство за кое секој човек би сакал да го види барем еднаш во животот. Во таа смисла, Финска е едно од најдобрите места на Земјата каде што може да ја забележите поларната светлина. Освен „игрите на светлината“, „Белите ноќи“ и „полноќното сонце“, тие волшебни северни густи шуми и планини, Лапонија се карактеризира и со стада ирваси и голем број на  хаски.

Имено, може да кажеме дека сите ние како деца верувавме во овој митски, за некои нереален лик. Меѓутоа, колку и да не верувате во Дедо Мраз, ова интересно, мистично место, ќе ве натера за момент да поверувате и да се соживеете со оваа легендарна, митолошка личност, која предизвикува радост и насмевки на секое дете..

Користена литература:

  1. earth.esa.int/web/earth-watching/image-of-the-week/content/-/article/rovaniemi-finland
  2. santaclausvillage.info/arctic-circle-rovaniemi-finland/
  3. theculturetrip.com/europe/finland/articles/the-magic-of-lapland-the-home-of-santa-claus/
  4. www.lapland.fi/visit/only-in-lapland/lapland-home-santa-claus-village/
  5. www.visitlapland.com/destinations/finland/rovaniemi/

Автор: Марија Василева, студент на Институтот за географија

Корекција: Бојана Алексова, дипломиран географ на Институтот за географија

Оваа статија е прочитана 1485 пати!

Објавено од:

Од категорија: На тема, Отворено..., По Светот · Tags: , , , , , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger