Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » На тема, По Светот » Најголемиот активен вулкан во Европа – Етна повторно „се разбуди“

Најголемиот активен вулкан во Европа – Етна повторно „се разбуди“

30.01.2021

Вулканите се отвор или пукнатина во Земјината кора низ кои магмата избива на површината како лава. Вулканите можат да бидат класифицирани според јачината и честотата на нивните ерупции. Еден од најфасцинантните активни вулкани на Земјата е Етна. Етна е стромболски вулкан на источниот брег на Сицилија. Името Етна доаѓа од Грчки Aitne, од aithō  што во превод значи „Јас горам”. Грците создадоа легенди за вулканот, велејќи дека тоа е работилницата на Хефест и Киклопи или дека под него лежи џинот Тајфон, правејќи ја Земјата да трепери кога тој се свртел.

Имено, важи за најголемиот активен вулкан во Европа, а во исто време и вулкан на највисока надморска височина во Европа. Вулканот се издига на речиси 3.329 m надморска височина, помеѓу градовите Месина и Катанија. Активноста на вулканот на неговиот југоисточен кратер е регистриран на 13.12.2020 година во 21:20 часот, а подоцна за еден час и половина, интензитетот на експлозиите се засилил од среден до многу голем.

Советодавниот центар за вулкански пепел од Тулуз објави дека од кратерот излегуваат фонтани од лава високи и до 100 метри, а густата пепел се издигала високо до пет километри и паѓала врз селата и градовите јужно од вулканот. Беше објавено дека се слушаат звуци од вулканот дури до Калабрија. Црната пепел од вулканот е пронајдена дваесетина километри од Етна. Во прилог можат да се видат слики од активноста на овој вулкан.

Плодната вулканска почва му прикоси на земјоделството, поволна е за одгледување лозје и разни видови овошје кои се распространети во долните делови на планината. Големи фонтани лава кои вулканот ги изфрла високо во небото можат да се видат од градот Катанија и одморалиштето Таормина. Инаку, Таормина е туристичка дестинација уште од 19 век. Нејзините плажи на Јонското море, вклучувајќи ја и таа на Исола Бела, се достапни преку воздушен трамвај изграден во 1992 година и преку автопатите од Масина на север и Катанија на југ.

Најсилната историска ерупција на Етна беше забележана во 1669 година (11март – 15 јули), кога при експлозивните фази на ерупцијата беа исфрлени околу 0,066 km3 пирокластика. Во тој период притисокот на лава уништи десетина села на долната падина и го потопи западниот дел на градот Катанија. Напорите за пренасочување на потокот лава од Катанија беа направени од работници кои ископаа ров над селото. Историски гледано, ова беше првиот обид за пренасочување на потокот лава.

Она што може да го сумираме е дека вулканите „будат од сон“ со извесно предупредување-тресење на Земјата, поместување на гасовите што излегуваат од нивните кратери и отвори. За населението што живеат во  близина на многу вулкани, научниците внимателно го следат секој нивни потег, што им овозможува подобро да разберат кога може да заживеат вулканите. Исто така една од најважните ставки за населението што живеат близу вулкани, потребно е составување на комплет за итни случаи кој вклучува залихи како храна, вода, респиратор за заштита, заштита на очите и радио на батерија. Исто така може да го заклучиме е дека вулканските ерупции можат да започнат со малку или без никакво предупредување.

Користена литература:

  1. mwikipedia.org
  2. 021.rs/story/Info/Region-i-svet/264019/VIDEO-Aktivirao-se-vulkan-Etna-lava-letela-100-metara-u-visinu.
  3. n1info.com/svet/a683451-proradio-vulkan-etna
  4. britannica.com/place/Mount-Etna
  5. nationalgeographic.com/environment/natural-disasters/volcano-safety

Изработила: Симона Митевска, студент на ГИС – Институт за Географија

Корекција: Бојана Алексова – Институт за географија

Објавено од:

Од категорија: На тема, По Светот · Tags: , , , , , , ,

Leave a Reply

*