Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема, По Светот » Кавах Ијен – синиот вулкан

Кавах Ијен – синиот вулкан

01.02.2020

Кога замислувате како еден вулкан еруптира, боите што ви паѓаат на ум се мешавина од стопена  портокалово-црвено-жолта боја, но, во никој случај не сино, нели? Островската држава Индонезија, во која доминираат активни вулкани, има морничаво интересен вулкан кој испушта син оган. Тој е еден од најневообичаените вулкани во светот, бидејќи наместо да произведува вообичаена црвена лава и црн чад, неговите подземни активности резултираат со светло сини пламени јазици што се издигнуваат во воздухот. Некои луѓе дури го нарекуваат електричниот син оган. На 13-тиот најголем остров во светот, Јава, се наоѓа и мистериозниот вулкан Кавах Ијен. Повеќето вулкани во ова подрачје, се наоѓаат на островот Јава, кој што и самиот е формиран како резултат на вулкански ерупции. Активниот вулкан Кавах Ијен е дел од комплексот вулкани во Бањванг Регенс, Јава.

Сината боја која е типично невообичаена за вулкан, се должи на присуството на активната солфатара која испушта силни гасови со високо ниво на сулфур. Гасовите се појавуваат од пукнатините во вулканот и кога ќе дојдат во контакт со атмосферскиот воздух богат со кислород, тие се запалуваат, предизвикувајќи син пламен. Некои гасови се кондензираат во течен сулфур, додека други продолжуваат да горат и течат по падината, давајќи изглед на сина лава. За разлика од обичните вулкани чија светло-црвена лава е видлива во текот на денот, синиот пламен на Кавах Ијен може да се види само ноќе.

Исто така, во рамките на вулканскиот кратер (калдера) е сместено езеро, со широчина од околу 1 km. Неговата синкасто-зелена боја доаѓа од високата концентрација на растворени метали. Веднаш штом ќе се оладат гасовите, тие оставаат наслаги на сулфур околу езерото како остаток. Иако тиркизната вода на ова кратерско езеро е прилично спектакуларна, таа може да го загрози животот на луѓето, доколку се движат во негова близина.

Доколку планирате да го посетите овој уникатен вулкан, не заборавајте да си земете маска за гас, како и опрема за заштита на очите, бидејќи гасовите можат да го загрозат вашиот вид и  вашето дишење. Иако ова беше споменато на National Geographic, бројот на туристи кои патуваат кон Источна Јава и Индонезија, сепак значително се зголемил. Ова е доказ дека е се поголем бројот на туристи кои сакаат интересни, фасцинантни дестинации за посета, а во исто време и по малку ризични. Посетителите велат дека во текот на денот ерупцијата на Кавах Ијен изгледа сосема нормално, меѓутоа навечер се чувствуват  како да живеат на друга планета (заради тешките гасови и интересната боја која ја испушта).

Комплексот на вулкани Ијен има друга, потемна тајна. Тоа е дом на една од најопасните светски операции за ископување сулфур во светот. Рударите го извлекуваат минералот сулфур, по гаснењето на сините пламени, оставајќи зад себе цврста карпа богата со сулфур. Условите за работа се многу опасни, бидејќи работниците исто така се изложени на токсични сулфурни гасови на подолг временски период. Без маски за гас или друга безбедносна опрема, многу од работниците во рудникот страдаат од долгорочни здравствени проблеми како резултат на изложеност на сулфур. Затоа овие вулкански материјали го прават едно од најопасните места на Земјата.

Користена литература:

  1. com/volcanoes/kawah-ijen/
  2. com/blue-lava-largest-sulfuric-acid-lake-ijen-volcano
  3. outlookindia.com/outlooktraveller/explore/story/70375/did-you-know-about- this-volcano-with-a-blue-flame-in-indonesia

Подготвила: Марија Василева – студент на наставна географија на ИГ

Корекција: Бојана Алексова – ИГ

Оваа статија е прочитана 618 пати!

Објавено од:

Од категорија: На тема, По Светот · Tags: , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger