Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » На тема, По Светот » Се откина голема санта мраз од Антарктикот!

Се откина голема санта мраз од Антарктикот!

18.03.2021

Истражувачката станица Хејли VI (Halley VI) е меѓународна платформа за  да ја проучува атмосферата на Земјата во климатско-чувствителните зони. Во 2013 година, станицата го постигнала статусот на Глобалната станица на Светската Метеоролошка Организација (СМО), 29-та во светот и 3-та на Антарктикот. Оваа истражувачка станица Хејли VI која припаѓа на Британското Антарктичко Истражување (BAS-British Antarctic Survey) се наоѓа на ледената плоча Брунт која има дебелина до 150 m. Оваа ледена плоча се движи со брзина до 2 km годишно, западно кон морето, каде што со неправилни интервали полека и значително се отцепуват санти мраз.
Овие расцепувања се дел на природниот процес и затоа се вели дека  тие немат никаква врска со настаните поврзани со глечерите, забележани на ледената плоча Ларсен Ц, односно нема докази дека климатските промени играт некоја значајна улога. Во текот на летото 2018/19 год, БАС инсталирале автономен систем за производство и управување со електрична енергија – проект за автоматизација Хејли – кој обезбедува пакет научни инструменти со напојување дури и кога немат персонал на станицата. Овој систем се покажал како доста ефикасен, во минување над повеќе од осум месеци во темнина, екстремен студ, силен ветер и снег , притоа достигнувајќи голем успеси и добивање на информции како и нивно доставување назад во Велика Британија.

Денес овде се следат неколку провалии односно пукнатини на Антарктичкото копно, во веќе споменатата област Брунт,  кои постојат и се следат  уште од 1956 година. Првата е Хазм 1 (Chasm 1).  Во 2012 година, сателитскиот мониторинг ги открил првите знаци на промена во пукнатината Хазм 1 која била во мирување најмалку 35 години. Во сезоната 2015/16 година на теренот, глациолозите користеле радарски технологии што овозможиле продирања во мразот за да ја „измерат вистината“ од сателитските слики и да ја пресметаат  брзината и движењето на Хазм 1. Оваа пукнатина имала пораст се до 2019 година, но во последните 18 месеци нема никакви промени. Сега има 2 км мраз што ја држи оваа санта мраз на место. Потоа следна е пукнатината наречена Ноќ на вештерките (Halloween Crack). Оваа пукнатина е откриена во октомври 2016 година, на околу 17 км северно од истражувачката станица Хејли. „Пукнатината Ноќта на вештерките“ продолжува да се шири и втората голема санта мраз се движи кон на север. Врвот на пукнатината  моментално е статичен.

 

Таканаречената пукнатина „Северен рифт“ е третиот голем јаз што активно се искинува низ ледената плоча Брунт во последната деценија. Глациолозите на БАС, велат дека истражувачката станица веројатно нема да биде погодена од новото расцепување на пукнатината Северен Рифт. Истражувачите велат дека првата индикација на расцепување се случила лани во ноември кога оваа пукнатина  станала активна, движејки се кон провалија позната како Јазик на глечерот Стенкомб-Вилс, оддалечена скоро 35 километри. Во текот на јануари, овој јаз се движел кон североисток до 1 km на ден, пресекувајќи ја ледената плоча на Брунт со дебелина од 150 m. Ледениот брег се формирал кога пукнатината се проширила неколку стотици метри за неколку часа пред неколку дена односно утрото на 26-ти февруари, 2021 година откинувајки гигантската санта мраз, 20 пати поголема од големината на Менхетн од ледена плоча на Северен Брунт. Глациолошката структура на оваа огромна лебдечка ледена плоча е доста сложена, а нејзиното проширување е непредвидливо, меѓутоа научниците на британското истражување на Антарктикот (БАС) апсолутно ја очекуваале оваа  поделбата.

 

Тие ја следеле оваа пукнатина секојдневно користејќи автоматизирана мрежа на високопрецизни GPS инструменти кои ја опкружуваале станицата. Исто така користеле сателитски слики од ЕСА, НАСА и германскиот сателит TerraSAR-X. Сите податоци биле испраќани назад во Кембриџ за анализа, па затоа знаеле што се случува дури и во зимскиот период на Антарктикот, кога на станицата нема персонал, а температурата паѓа под -50 степени C. Во 2016 година, Истражувачката станица на БАС презела претпазливост за преместување на Истражувачката станица на 32 km кон копно за да ги избегне пукнатините на „Хазм 1“ и „Пукнатина на Ноќта на вештерките“ и да се осигурат дека нема да биде понесена заедно со сантата мраз. Сметале дека оваа е динамична ситуација во која била донесена мудра одлука. Велат дека нивната работа сега е внимателно да ја следат ситуацијата и да проценат кое било потенцијално влијание на сегашното расцепување на ледена плоча. Тие постојано ги прегледуваат  нивните планови за непредвидени ситуации за да обезбедат сигурност на целиот персонал, да ја заштититат истражувачката станица и да ја одржуват оваа научна  операција која ја спроведуваат во Хејли. Од 2017 година, персоналот бил распореден на станицата само за време на летото на Антарктикот. Екипата од 12 лица, која работела на станицата, заминале во средината на февруари со авиони. Станицата сега е затворена.

Користена литература:

  1. www.indiatoday.in/world/story/massive-iceberg-breaks-in-antarctica-brunt-ice-shelf
  2. www.bas.ac.uk/media-post/brunt-ice-shelf-in-antarctica-calves/
  3. www.cbsnews.com/news/iceberg-larger-than-new-york-city-breaks-off-in-antarctica/
  4. www.livescience.com/brunt-ice-shelf-breaks-antarctica.html

Изработила: Марија Василева – студент на наставна географија

Објавено од:

Од категорија: На тема, По Светот · Tags: , ,

Leave a Reply

*