Articles Comments

ИГЕОГРАФИЈА » Географски вести, На тема, По Светот » 71 годинa oд формирање на Светската метеоролошка организација и 61 година Светски метеоролошки ден

71 годинa oд формирање на Светската метеоролошка организација и 61 година Светски метеоролошки ден

24.03,2021

Секоја година на 23-ти март, Светската метеоролошка организација (СМО), заедно со метеоролошките и хидрометеоролошките организации го слават Светскиот метеоролошки ден и го одбележуваат стапувањето на сила на Конвенцијата на СМО која стапила на сила на 23-ти март 1950 година. Како основа за одбележување на овој ден претставници од 31 земја претходно, на 11-ти октомври 1947 година, едногласно го усвоиле текстот на Конвенцијата,  на конференцијата на директори на Национални метеоролошки служби одржана во Вашингтон (на која пристапи и бивша ФНР Југославија, а со тоа и Народна Република Македонија). Светски метеоролошки ден во  2021 година му е посветен на Океанот, нашата клима и времето.

Кога станува збор за времето и климата, најчесто  луѓето ги интересира што се случува во   атмосферата над копното. За комплетно истражување на атмосферата, времето и кимата потребно е да се познава голем дел од климатскиот систем, како што се  океаните, мразот и   снежниот покрив, без кои нема да има комлетни истрежувања за состојбите со времето и климата и  временските и климатските промени.

Океаните  на планетата Земја изнесуваат 70% од површината на Земјата, и се главен двигател на временските услови и климата во светот. Исто така, тие  играат  главна  улога во промените на времето и климата во глобални размери.

Денес, зголемените влијанија на климатските промени ги прават набљудувањата, истражувањата и условите на океаните кои се значително неопходни потребни  од кога и да било порано. Затоа оваа година Светскиот метеоролошки ден  23 март  му е посветен на Океаните, нашата клима и времето.

Од друга страна пак на  23 март се  започнува  Декадата на Обединетите нации за одбележување науката за океаните и одржливиот развој (2021-2030). Декадата ги стимулира напорите за активирање на  науката  за океаните,  преку иновативни идеи, како основа на информации за поддршка на одржливиот развој. СМО, како специјализирана агенција на Обединетите нации за клима, времето и водате, се обидува да го поддржи разбирањето на нераскинливата врска помеѓу океаните, климата и времето. Ова помага да се разбере светот во кој живееме, вклучително и влијанијата на времето, неговите промени, климата и  климатските промени и да им се помогне на државите членки да ја зајакнат нивната способност за  безбедно   намалување на  ризиците од катастрофи, како и да ги одржуваат државните  економии.

Во текот на овие шест децении (1961-2021) Светскиот метеоролошки ден (СМД) од кога е отпочнато со одбележувањето на овој ден, му е посветуван на различни поими, активности  или делови од метеорологијата, климатологијата, хидрологијата, природната животната средина и други сродни области од доменот на активностите кои се блиски со Светската метеоролошка организација. Минатата 2020 година  Светскиот метеоролошки ден 23 март му беше посветен на Климата и водите. Воедно Светскиот ден на водите 22 март и Светскиот метеоролошки ден  заедно се прославуваа.

До сега СМД во изминатите 61 година му е посветуван на времето, климата и водите во следните години со теми на нивното одбележивање како и со насловите на главните теми и активностите кои ги има дефинирано Извршниот комитет на Светската метеоролошка организација и тоа: во 2020 година, со тема:  Климата  и водата, во 2012 година, со тема: Поглед кон иднината низ призма на времето, климата и водите , во 2005 година, со тема: Времето, климата, водата  и одржлив развој, во 2001 година, со тема: Водите, времето  и климата, во 1998 година, со тема: Времето, океаните  и човековата активност,  во 1997 година, со тема: Времето и водата  во градовите, во 1977 година, со тема: Времето и водата, и  на крајот во  1967 година, со тема: Времето  и водата. Се забележува дека Секретарјатот и Извршниот комитет на Светската метеоролошка организација и во изминатиот период има активен однос кон проблемите со времето, климата, водите и океаните.

На тој начин продолжува соработката на Светската метеоролошка организација и Организацијата на Обединетите нации (ОН) кои имаат активен однос кон Океаните, времето, климата и водите, преку одбележување на светскиот метеоролошки ден (СМД) во 2021 година, како и декадата насловена како Океаните, времето, водите и климата.

Автор: д-р Пеце Ристевски,  дипл. метеоролог

 

Објавено од:

Од категорија: Географски вести, На тема, По Светот · Tags: , , , ,

Leave a Reply

*