Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести, На тема, По Светот » Покарактеристични села во северниот дел на Италија – скриено богатство во Европа!

Покарактеристични села во северниот дел на Италија – скриено богатство во Европа!

14.06.2021

Северниот дел на Италија е еден од најразвиените делови во Европа. Од автомобилската индустрија, па се до туризмот, овој дел може да се пофали со многу атракции. Во овој дел се наоѓаат и некои од најголемите градови како што се Рим, Милано и Торино. Но, покрај големиот број на познати атракции во овој регион, селата во овој дел се сметаат за еден вид на скриено богатство. Kарактеристичната архитектура, специфичните тесни улички и преубавите пејсажи се само дел од работите кои ги прават овие села посебни. Некои од покарактеристичните се Вернаца во Лигурија, Бризигела во Емилија Ромања, Манарола во Лигурија, Санта Маргарита во Лигурија, Неив во Пиемонт и други.

Селото Цинк Тере (во превод значи „Пет земји“) се наоѓа на Лигурскиот брег на Италија. Познато е како рибарско село кое е дел од областа на италијанската ривиера. Таа е една од најживописните и најпознати медитерански крајбрежни области позната по својата убавина и многу популарна туристичка дестинација. Содржи пет населени места (села): Монтеросо ал Маре, Вернаца, Корнилја, Манарола и Риомаџоре. Секое живописно село е препознатливо по шарени рибарски куќички, тесни улички и се опкружени со стрмни полиња со маслиново, грозје и лимон. Поради одржуваното земјоделство, прекрасен пејзаж и единствена историја, Цинк Тере е на листата на светското наследство на UNESCO.

Бризигела можеби е непозната за многу меѓународни туристи, но важи за едно од најубавите села во Италија. Бризигела е сместено помеѓу Равена, Болоња и Фиренца и е совршена дестинација за еднодневно патување. Ова село е дефинирано од неколку структури: Замокот Ла Рока, кулата Ла Торе и Светилиштето на Пресвета Богородица од Монтичино. Замокот е изграден во 14 век кој е добро одржуван, кулата е од 19 век, а Монтичино е верско светилиште од 18 век.

Манарола, друго село во Чинк Тере, кое е познато како едно од најживописните места во Италија. Најблискиот поголем град е Ла Специја, од каде најлесно да се стигне до Манарола е патување со воз. Градот се наоѓа веднаш до морето. Исто така, Манарола е позната по своите разнобојни куќи, погледи и пешачки патеки до другите села на Цинк Тере. Покрај тоа, има многу ресторани во селото, меѓу кои особено уникатен е Несун Дорма.

Старо рибарско село, Санта Маргерита Лигуре сега е едно од најубавите села во италијанската ривиера. Селото е изградено на крајбрежјето, со разнобојни згради кои водат кон ридот и поголеми куќи сместени меѓу дрвјата на околните врвови. Ова село е совршена дестинација за посета во лето, кога може да се прошетате по должина на шеталиштето, застанувајќи на кафе или сладолед по патот. Исто така, постојат голем број на добри ресторани и барови. Еден од главните моменти на Санта Маргерита е неговата непосредна близина до Портофино. Може да се шета таму по должината на брегот, поминувајќи покрај замоци покрај вода, ексклузивни хотели и скриени заливи.

 

Неив е мало село на ридот во Пиемонт, близу до градот Алба каде се произведува чоколадо и е оддалечено околу 70 km од регионалниот главен град Торино. Лоцирано е во лозарскиот регион Ланге. Лозовите насади околу Неив произведуваат одлични вина, вклучувајќи ги Барбареско, Барбера, Долкето д’Алба и Москато д’Асти.

Може да сумираме дека во овој дел на Италија има могу живописни села, кои се атрактивни на свој начин. Секое село прикажува некоја своја карактеристична приказна, од минатото и историјата за настанувањето на селото па се до ден денес каде туризмот достигнува високо ниво. При посета на кое било село во овој дел на земјата се гарантира едно доживување кое ќе се памти цел живот.

Користена литература:

  1. travelwithmansoureh.com/blog/most-beautiful-towns-and-villages-in-northern-italy
  2. theculturetrip.com/europe/italy/articles/21-breathtaking-destinations-in-northern-italy/

Изработил: Никола Тодевски – студент на туризам на Институт за географија

Корекција: Бојана Алексова – Институт за географија

 

Оваа статија е прочитана 964 пати!

Објавено од:

Од категорија: Географски вести, На тема, По Светот · Tags: , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger