Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија » Крани и автокамп „Крани“ – бисер на Преспанското Езеро

Крани и автокамп „Крани“ – бисер на Преспанското Езеро

02.07.2021

Во Преспанска Котлина се сместени двете прекрасни Преспански езера – Големо и Мало езеро, а во околината на Преспа се наоѓаат голем број на села кои изобилуваат со своја убавина и кои се посетени од голем број на туристи. Секако, едно од тие села е малото место наречено Крани, кое под свои закрила го држи автокампот „Крани“, што крие голем потенцијал, преубави капацитети и природни убавини. Крани е вистинско место за одмор, опуштање и релаксација.

Крани се наоѓа во југоисточниот дел на Општина Ресен, лоцирано во подножјето на планина Баба, или на југозападна страна на Пелистер, на надморска височина од 1000 m. Со својата совршена местоположба покрај планината Галичица и брегот на Преспанското езеро, со право е наречена „воздушна бања“ со погодна клима. На само 300 метри од песочната плажа се сместени камп приколки, вили, бунгалови, ресторан, хотел во сопственост на МВР, клуб за млади. Сите овие објекти во текот на летниот период се вистински рај за туристите. Уште во влезот од камп „Крани“ се забележува бујна вегетација од најразлични видови на дрвја, кои шират најразлични мириси, меѓу кои и мирисот на липа. Покрај прекрасните убавини, извонредната природа, плажата и водата, туристите го посетуваат и ресторанот Капри каде за прифатливи цени може да се добие прекрасен ручек и пријатна услуга.

За време на пријатните ноќи во малата дискотека на автокампот, гостите се забавуваат со бенд кој е задолжен за вистинска забава. Но, поради пандемијата Ковид 19, автокампот за време на летната сезона 2020 година беше празен. Но чистиот, свеж воздух, зеленилото, прекрасната плажа и персоналот се и оваа година подготвени за дочек на туристи.

Исто така, Крани нуди голем број на туристички места за посета. Околните села како Сливница, Љубојно, Штрбово, Брајчино се магнет за провлекување на љубителите на природа. Љубојно им нуди на туристите голем број на културно историски знаменитости како што се Љубојничкиот манастир, спомен плоча за настраданите од Илинденското востание, спомен плоча за загинатите во НОБ и многу други. Брајчино покрај големиот број на цркви и прекрасен манастир, за вистинска рекреација на туристите им ја нуди Брајчинска река, додека с. Арвати ја поседува Кранска река, која е погодна за туристите и за развој на туризмот. Во текот на летниот период, сезоната започнува од 1ви Мај, па се до 1 Октомври. Во таа смисла, топло ви го препорачуваме да го посетите селоѕо Крани, заедно со автокамп „Крани“ селата во негова близина, затоа што дефинитивно Преспа го заслужува епитетот – една од најубавите области во Македонија.

Изработил: Филип Атанасов – студент на Институт за географија

Корекција: Бојана Алексова – Институт за географија

Оваа статија е прочитана 758 пати!

Објавено од:

Од категорија: Викенд предлог, На тема, Чудесна Македонија · Tags: , , , , , , , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger