Подводниот вулкан Катла се разбуди по 93 години – Net Press

 

13. 11.2011 – 12:51:06

Островот Ел Хиеро на југозападот на Шпанија во последните 24 часа го погодија 43 земјотресо, додека активностите на подводниот вулкан Катла, кој се разбуди по 93 години, продолжуваат исфрлајќи отровни гасови по Атлантикот.

Локалните власти на Канарските острови соопштиле дека еден од земјотресите достигнал јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, а според пишувањата на медиумите, потресот го почувствувале најмалку два острови во архипелагот.

Околу 1.480 тони јаглен диоксид се исфрла дневно од подводниот вулкан, се наведува во соопштението на властите.

Островор Ел Хиеро има околу 11.000 жители, а е настанат како последица на вулкански активности.

Шпанскиот национален географски институт оценува дека досегашните активности на вулканот укажуваат дека тој би можел да почне со исфрлање лава, а со оглед на тоа дека неговиот врв се поместува од површината, можно е настанување на нов остров.

Автор на веста: Нетпрес

via Подводниот вулкан Катла се разбуди по 93 години – Net Press.

Оваа статија е прочитана 3484 пати!

You may also like...

2 Responses

  1. Darko says:

    надоврзување со овој пост http://www.igeografija.mk/Portal/?p=13

  2. Sadat Redzepi says:

    Да си сведок на ваков природен феномен – бесценето! :D

Leave a Reply

Your email address will not be published.