Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » На тема, По Светот » Точкасто Езеро – едно од „најмистериозните“ езера во светот

Точкасто Езеро – едно од „најмистериозните“ езера во светот

06.09.2021

Сместено во градот Осојоос, Британска Колумбија (Канада), езерото Хилок (познато како Точкасто езеро) во облик на грав, има површина од 573 m2, должина на брегот од 1.7 km и широчина од 250 m. Ова езеро е уникатно чудо на природата заради својата шарена, точкаста шема, предизвикана поради испарување на водата во текот на летото, оставајќи шарени минерални наслаги што се таложат околу езерото како дамки.

Иако на посетителите не им е дозволено да се капат во овие води, тие можат слободно да го набљудуваат ова невообичаено езеро, да уживаат во неверојатната глетка и секако да направат милион фотографии. Имено, Точкастото езеро долго време ја држеше репутацијата на мистично езеро со лековита моќ. Канада нема недостаток на неверојатни езера, но ова езеро е уникатно во земјата (и во светот) по својата шарена, точкаста шема и е едно од најуникатните места за посета во Осојоос (околу 4,5 часа оддалечено од Ванкувер).

Причина за изгледот на Точкастото езеро е неговата соленост. Содржи голем број на висококонцетрирани минерали, па кога водата од езерото испарува во летниот период, сите овие минерали остануваат и се кристализираат со што се добива тој „дамкаст“ изглед. Ова значи дека езерото не изгледа исто во текот на целата година. Уште еден интересен факт е дека се менуваат и боите на дамките во летниот период поради минералниот состав. Боите варираат помеѓу нијанси на жолта, кафеава, зелена и сина боја во зависност од точниот минерален состав на тоа место.

Ова место се смета за свето и носи длабоко значење за луѓето од првите нации во областа. Според нив, водите на езерото носат посебни лековити моќи, при што секое од 365-те базени може да се пофали со специфични и уникатни лековити својства. Да, ова езеро се состои од 365 базени, по еден за секој ден од годината. Земјиштето што ја опкружува водата било во приватна сопственост многу години, но подоцна било откупено во корист и употреба на регионот Оканаган во 2001 година. Во областа околу Точкастото езеро има порта, при што е забрането да се влегува без дозвола.

Изработила: Нина Лаковиќ

Корекција: Бојана Алексова – дипл. географ

Оваа статија е прочитана 1114 пати!

Објавено од:

Од категорија: На тема, По Светот · Tags: , ,

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger