Венеција – градот на вода!

01.10.2021

За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и „Огледало на душата“, „Кралица на Јадранот“, „Градот на вода“, „Градот на мостовите и каналите“… Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Се наоѓа на брегот на Северна Италија, отворена кон Јадранското Море. Венеција е главен град на регионот Венето, а областа помеѓу делтите на реките По и Пијав се нарекува Венецијанска лагуна. Овој туристички рај опфаќа 118 острови. Превозот помеѓу овие острови со 170 канали е обезбеден преку 400 мостови. Венеција е позната по својата природна убавина, архитектура и уметнички дела.

Многу историчари заклучиле дека градот е основан од заедници кои морале да ги напуштат Падова, Аквилеја, Тревизо, Алтино и Конкордија. Венеција има влажна суптропскa клима, со студени зими и многу топли лета. За време на зимските месеци во Венеција, температурата е обично од 1 до 7 Целзиусови степени, во есен и пролет се движи од 8 до 18 степени, а просечната температура е 14 степени. Најжешките месеци се јули и август. Врнежите релативно ги има рамномерно во текот на годината, и во просек се движат до 800 милиметри. Поради местоположбата на полуостровот и главно планинската внатрешна конформација, климата на Италија е многу разновидна. Во повеќето од внатрешните северни и централни региони, климата се движи од влажна суптропска до влажна континентална и океанска клима.

Венеција изгледа како разгледница со вкрстени канали, прекрасни замоци, древни музеи, катедрали, уметнички галерии, цркви и плоштади. Атракциите ја прават една од посакуваните и подобрите места за посета. Овој извонреден град е омилена дестинација за вљубениците во птици, привлекувајќи милиони туристи во текот на годината. Олицетворен со Големиот канал што поминува низ градот и живописните споменици наоколу, Венеција е дестинација која што располага со повеќе туристички атракции. Во прилог се издвоени 6 попознати атракции во градот.

1. Плоштадот св. Марко (Piazza di San Marco)
Плоштадот Свети Марко е еден од најзначајните италијански плоштади, прочуен во целиот свет поради неговата убавина. Претставува единствен урбан простор во Венеција кој се смета за плоштад, со оглед на тоа дека сите други поголеми јавни простори се нарекуваат „полиња“. Познат е уште како „Европски салон“. Целиот е затворен на таков начин што потсетува на простран мермерен салон под отворено небо. Плоштадот е опкружен со елегантни зданија на кои сводовите им даваат еден простран и одмерен ритам. Плоштадот Свети Марко секогаш бил срце на градскиот живот во Венеција.

2. Мостот Риалто
Риалто е еден од четирите мостови на Големиот канал во Венеција. Тоа е најстариот и најубавиот мост што некогаш го делел градот на двете области – Сан Марко и Сан Поло. Големот канал во Венеција за прв пат бил преминат без пловно средство во 1181 година, кога Николо Баратиери го конструирал првиот понтонски мост – Понте дела Монета. Пазарот Риалто, којшто се наоѓал на источниот брег, толку многу се развил и станал важен за животот во „градот на вода“, што користењето на пловниот мост се зголемил неколкукратно. Одржувањето на дрвениот мост било вистински предизвик. Мостот делумно бил изгорен во 1310 година, во бунтот предводен од Бајамонте Тиеполо, а во 1444 година паднал, под тежината на толпата собрана за да ја гледа парадата на бродови. Дрвениот Риалто паднал уште еднаш во 1524 година. Предлогот за реконструкција на мостот во камена варијанта датира од 1503 година. Плановите полека почнувале да се претвараат во реалност кон средината на 16 век, кога градските власти побарале предлог дизајни од најпознатите архитекти. Помеѓу оние кои го поднеле својот дизајн бил и Микеланџело. Така, во 1591 година, дизајнот на Антонио да Понте, најпосле бил завршен, давајќи му го денешниот величествен изглед. Формата е многу слична на дрвениот претходник, со двата реда продавници од обете страни. Иако многумина од современиците на архитектот одговорен за Риалто предвиделе дека тој ќе падне поради структурна нестабилност, мостот и натаму му пркоси на времето и веќе одамна е прераснат во, можеби најзначајната знаменитост на Венеција, која едноставно мора да се посети.. барем еднаш во животот.

3. Базилика Санта Марија дела Салуте
Базиликата Санта Марија дела Салеут, која се наоѓа на страната на Доршодоро со поглед на Гранскиот канал, се верува дека го спасила градот од епидемија на чума. Изградена е во 1687 година во името на Марија, од страна на Балдасаре Лонгена.

4. Дуждева Палата (Palazzo Ducale)
Дуждовата палата (Palazzo Ducale) е готска градба во Венеција. Датира некаде од 1309 до 1424 година, но е изградена врз база на претходни нацрти од 9 век на Филипо Календарио. Џовани и Бартоломео Буон ја конструирале т.н. Porta della Carta, монументална доцноготска порта која се наоѓа на страната на Пјацетата. Палатата била тешко оштетена од пожар на 20 декември 1577 година, но по реновирањето било одлучено повторно да се зачува оригиналниот готски стил. Палатата била резиденција на Дуждот и во него се наоѓале канцелариите на разни политички инстутуции.

5. Големиот канал
„Голем канал“ е најголемиот канал во Венеција, Италија. Каналот го формира главниот вовдоводен систем во градот. По овој канал се одвива главниот превоз во градот преку превозни средства кои се викаат вапорети. Покрај овој канал поминуваат и голем број на такси глисери кои ги превезуваат туристите при прошетка во градот. Каналот започнува од плоштадот Санта Лусија, кај истоимената железничка станица и води кон плоштадот Свети Марко. Самиот канал има форма на бројот 5 и градот го дели на два дела. Има должина од 3800 метри, широчина од 30 до 90 метри и просечна длабочина од 5 метри.

6. Остворот Мурано
Островот Мурано, кој стана најголем производствен центар во Европа како резултат на транспортот на работилници за стакло во 1291 година, својата популарност ја должи на овој сектор. Вашата посета можете да ја започнете од Музео Ветрарио на островот лагуна, која Римјаните ја населиле во 6 век. По посетата на музејот, каде што можете да ги научите сите детали за стакларијата, можете да го свртите патот кон Базиликата де Санти Марија е Донато, која е изградена во VII век, а потоа и во црквата од 16 век од Сан Пиетро Мартире.

Користена литература:

  1. www.absolutviajes.com/mk/
  2. gezipgordum.com/venedik-gezilecek-yerler-listesi/
  3. blog.obilet.com/venedikte-gorulmesi-gereken-en-guzel-yerler/
  4. www.scoprivenezia.com/piazza-san-marco
  5. quifinanza.it/lifestyle/video/venezia-rialto-rosso-polemica/525894/

Изработила: Кадрија Илјас – студент на Институт за географија, ПМФ

Корекција: Бојана Алексова – дипломиран географ

Оваа статија е прочитана 318 пати!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisment ad adsense adlogger