Articles Comments

ИГЕО-ПОРТАЛ » Географски вести » Автомобилската индустрија во Светот денес

Автомобилската индустрија во Светот денес

Автомобилската индустрија пионерските чекори ги напра­вила во Герма­­нија, потоа во Франција, Велика Британија, САД итн. Оваа инду­стриска гранка од при­чина што овозможува ,,по­стоење на низа други инду­стри­ски гранки со кои неминовно кооперира главно е својствена на инду­стри­ски и техни­­чки развиени земји,, (Кироски, 1981). Истата покажува интересна дина­ми­ка на развој со одредени осци­ла­ции посебно од осумдесетите години на мина­тиот век па наваму. Од го­ди­ни­те на т. н. Златното време на авто­мо­билската индустрија со прои­зво­дство од 35,6 милиони автомобили во 1989 го­­дина и 35,7 милиони авто­мо­би­ли во 1990 година (Дамев, 1996), прои­зво­дството се зголемило за близу 70 % во 1999, до над 80 % во 2008 година со про­­­­и­­зводство на 61,7 милиони во­зила. Интензивниот пораст на прои­зво­дството е резултат на растот на авто­­мо­­билската индустрија како кај ста­ри­те производители, така и кај зе­мјите од Далечниот Исток, каде водат Ја­по­ни­ја, Јужна Кореа, за да во 2009 го­ди­на Кина, со над 13 милиони моторни во­зи­­ла годишно произво­дство, ста­­не во­­­де­чка земја во автомобилското прои­зво­дство.

Во структурата на производството на моторни возила над 70% се па­тнички автомобили (52,7 милиони во 2008 година), а останатите се ко­ме­рци­јални моторни возила (17,8 милиони – 2008 година). Растот на про­и­зво­дство­то на патнички автомобили е далеку понагласен посебно од де­ве­де­се­ти­те го­ди­ни на 20 век па наваму. За разлика од нив производството на ко­ме­рцијални во­зила бележи осцилации и впечатливи опаѓања посебно во по­сле­дните не­колку години. Истовремено во изминативе 15 години се на­пра­ве­ни нагласени регио­нални разлики меѓу производните региони на овие два типа на моторни вози­ла. Поточно ако во деведесетите години на мина­ти­от век Јапонија се издво­ју­ва­ла како земја која опфаќа 2/5 од светското про­изводство на комерцијални мо­торни возила, во следните години, а по­се­бно по 2000 година нејзиното учество е само нешто над 9% и заедно со Кина (15%) и Тајланд (5,6%) прои­зве­дуваат близу 25% од светското прои­зво­дство на комерцијални возила. Најго­лем производител на комерцијални во­зила е САД каде се одвива близу 1/3 од светското производство.

Според податоците од 2008 година  46 % од производството на па­тни­чки автомобили се произведени во Азија, 35% во Европа, 12% во Се­ве­рна и 6 % во Јужна Америка, близу 2% во Австралија со Океанија и скоро 1% во Африка. Најголеми производители на патнички возила се Јапонија (42% од Ази­­ско­то производство на патнички автомобили), Кина (28%) и Јужна Ко­ре­а (14%). Кај европските производители 85% од производството во авто­мо­би­лската индустрија се патнички автомобили. Најголем производител е Ге­рма­­нија, потоа Франција, Шпанија и Италија кои учествуваат со близу 2/3 во европскотo производство на патнички автомобили. Оттаму главно се издвојуваат неколку карактеристички региони на авто­­мо­би­лската индустрија: реонот на Далечниот Исток (Јапонија, Кина, Јужна Кореа), реонот на САД, реонот на Европа.

Јапонија посебен развој на автомобилската индустрија доживува по на­фтената криза во 1973 година со производство на висо­ко­ква­ли­тет­ни по­ма­ли возила со мала потрошувачка на гориво. Подоцна ги надминува САД и пре­­раснува во најголем производител на моторни возила во светот се до 2008 година кога водечката улога ја презема Кина. Овој вид индустрија ја пре­­дводат шест големи производители кои имаат свои погони ширум све­т­от: Тојота, Нисан, Мицубиши, Мазда, Хонда и Сузуки. Според проследените периоди на развој очигледно е дека настанала изме­на во структурата на производство со убедлива предност на па­тни­чки­те автомобили кои во последниот анализиран период учествуваат со 86% во вкупното производство. Најголем производител е Тојота со над 1/3 во вку­пниот број патнички автомобили. Моделот на развој на автомобилската индустрија во САД била при­мер за просторна организација и развој на овој вид индустрија во Јапонија. Иста­­та е лоцирана во Нагоја во чија околина е Тојота Сити т. н. Јапонски Де­триот, Хирошима, Токио, Јокохама, Осака, Икеда и др.

Рапиден пораст авто­мобилската индустрија во Кина доживува од де­ведесетите години на 20 век, па наваму за да во 2008 и 2009 година со над 13 милиони про­изведени возила се искачи на врвот меѓу земјите про­изво­дители на моторни возила. Од нив 10,4 милиони се патнички авто­мо­би­ли, а оста­на­ти­те се комерцијални возила како автобуси, камиони и тра­кто­ри. Од произве­де­ните автомобили 44,3% се локални брендови (BYD, Chery, Geely, Hafei, Jianghuai (JAC), Chang’an (Chana), Great Wall, Roewe и др.), додека останатите се произведени од странски инвеститори во Кина (Volkswagen, General Motors, Hyundai, Nissan, Honda, Toyota)  и др.

Автомобилската индустрија во Јужна Кореа интензивно се развива за да во 2009 година со производство на 3,5 милиони моторни возила е на пе­тто место во светот. Од вкупното производство 90% се патнички авто­мо­би­ли. Гла­вни производители се Hyundai, Daewoo и KIA.

Во текот на долгиот период на развој на автомобилската индустрија во САД, производството било организирано на повеќе места како во исто­чни­от дел на Масачусес, северниот дел на Њу Џерси, долината на Хадсон-Мо­хвек, долината на Контектикат, југоисточна Пенсилванија, Кливленд и Чи­како. Во 1909 година центарот на збиднувања се пренасочил на сре­дни­от за­пад, за да во 1914 година, централно место го зазема Детроит (Vajt et al, 1972). По­точно тоа е предуслов од 1900 до 1930 година Детроит популациски да ра­сне од 305 000 на 1 837 000 жители. До 1909 година бројот на про­изво­ди­те­ли на автомобили се искачил над 200. Но по 1909 година бројот на про­и­зво­дители нагло опаднал за да во период од 10 години во производството оста­наа да доминираат Џенерал Моторс, Форд и Крајслер. (Klepper, 2001). Детроит поседувал многу ло­ка­ци­о­ни поволности и предности за лока­ција на автомобилската индустрија како местоположбата во однос на фабри­ки­­те за монтажа низ целата земја до кои биле испраќани автомобилските де­ло­ви, во однос на производството и доставата на железо и челик. Покрај Детро­ит како це­нтри за прои­зводство на автомобили се истакнувале Флинт, Ле­нси­нг, Понтијак, Ке­нос, Јужен Бенд и Толедо. Пото­чно надвор од Детроит авто­мобилската индустрија се деце­нтра­ли­зи­ра­ла кон морскиот брег и пре­ку оке­анот до фа­бри­ки за монтирање во близина на пазарот, што секако не ја за­гро­зила водечката улога на Детроит, а со тоа и на Мичиген. (Vajt  et al, 1972). Се до  80 – те години на 20 век САД биле водечки во авто­мо­би­лска­та индустрија (со годишно производство од близу 5 милиони патнички и 6,57 милиони камиони и автобуси), за да подоцна биде надмината од Јапо­ни­ја. Во 2008 година произвеле 8 705 239 моторни возила од кои 43% биле па­тнички автомобили. Автомобилската индустрија е сконцентрирана во државите Мичи­ген, Оха­јо, Тенеси и Мисури. Најголем дел од производството на товарни во­­зила се одви­ва во Индијана и Охајо. Пре­о­владува т.н. големата тројка Форд, Крајслер и Џенерал Мо­то­рс со се­диште во Детроит, а 1/4 од сите автомобили се произведувале во по­дру­жни­­ците на јапонските и германските фирми како на пр. фабриката Мерцедес – Бенз во Алабама, BMW во Спартенбург во Јужна Каролина.Пред рецесијата во 2009 година, која и зададе удар на автомо­би­лската индустрија заради што беа потребни држа­вни инте­рвенции за по­мош, оваа индустриска гранка во САД врабо­ту­ва­­­ла око­лу 800000 рабо­тни­ци. Од нив скоро половина биле вра­бо­тени во производството на соста­вни делови.

На просторот на Европа најголем дел од автомобилската инду­стри­ја е сконцентрирана во Западна Европа (16% од вкупните мо­­торни во­зила и 19% од па­тни­­чките автомобили произведени во светот во 2009 годи­на).

Најголем производител е Германија со произведени над 5,2 милио­ни пат­ни­ч­ки возила, 308 000 камиони, автобуси и други во­зила во 2009 го­ди­­на. Оваа индустриска гра­­н­ка учествува со близу 1/5 од БДП на земјата. Главни центри на автомо­би­­­л­ска­та индустрија се Во­лсфсбург (Volkswagen), Ха­новер, Инго­лштат (Audi), Салцигитер, Касел, Емден, Риселсхајм и Бо­хум (Opel), Келн (Ford), Шту­­тгард, Зинделфинген, Га­­генау и Манхајм (Mercedes), Минхен и Динго­лфи­нг (BMW) итн.

Автомобилската индустрија во Франција глав­но е ско­нцентрирана во Париз и во околината (седиштата на прет­при­ја­ти­ја­та Рено во Бијанкур кај Па­риз; Ситроен во Неји-сир Сен и Пежо во Париз). По­ради политиката за форси­раната децентрализација поголем број нови фа­брики за авто­мо­би­ли и со­ста­вни делови се лоцирани низ цела Франција.

Италија е значаен производител на автомобили. Најголеми произ­во­­­­ди­­те­­ли се Фиат и Ланчиа во Торино, Алфа Ромео во Милано, Ферари во Ма­ранело и Масерати во Модена.

Русија е меѓу поголемите производители на автомобили. Познати фа­­брики за автомобили се наоѓаат во Москва, потоа Горки, Нижни Но­вго­род (патнички автомобили и камиони), Толјати (Лада), индустриските центри на До­лна Кама како Бережне Челни за производство на патнички автомобили и сл.

Автор: д-р Билјана Апостоловска-Тошевска, Институт за географија, Скопје

Оваа статија е прочитана 7407 пати!

Автор:

Од категорија: Географски вести · Tags:

Leave a Reply

*

Advertisment ad adsense adlogger